...е добро,ќе се направам дека не гледам како иронично се смешкаш па ќе го напишам токму тоа што го доживувам со себеси
..."помирувањето со себе си" е:
-патот по кој сум одлучил да одам до сега имаше многу крстосници.Понекогаш сум знаел да го одберам вистинскиот пат за себе,но многупати сум талкал со километри за да сфатам дека не е вистинскиот пат за мене.Па ајде назад на раскрсницата и одбери нов
...луѓето што ги сретнував по мојот пат беа пречекани секогаш со отворено срце.Многу штета,малку ќар од нив што би рекол народот.Но од секоја злоба,од секоја пакост и завидност,од сите убави и неубави моменти знаев да го извлечам најдоброто за мене.Макар и по цена на многу болка,солзи и пот...
...книгите што биле прочитани,и што сеуште се читаат ги доживувам и живеам...не ги читам
...научив да бидам искрен спрема самиот себе и да го слушам гласот на разумот и на моето срце...го пронајдов мирот во "чистите сметки",пријателе
...сеуште иронично се смешкаш?