Ѓаволот-старата змија

Член од
3 мај 2019
Мислења
19.141
Поени од реакции
10.151
Ако тебе така ти се чини дека ѓаволи пишуваат свети книги, нека ти биде...
Јас уште се чудам на насловот споен „ѓавол“ и „стара“ па и „змија“ и си прелистувам ствари што сум ги испозаборавил од пред 20 години читани :)

Седни ти прочитај библијата, седни прочитај ако си православна христијанка некој коментар од познати отци и старци што рекле, па наместо да прашуваш сешто и се да ти е рекла казала муабети тука, научи еднаш нешто за својата вера и зацврсти тие темели, не само пишување колку да се напише нешто...

Бидејќи не е секоја тема „играчница“... за религии умираат луѓето, не е ова „од збор реченица“... мислам, хелоу!

И да, заборавив „душо“ да напишам на почетокот :)
Ниту си вицкаст, ниту љубезен...крајно безобразно од тебе...Душо!!!
Библијата ја прочитав, запамтив што запамтив, моја работа....а дека за религија умирале луѓе...мислам, хелоуу....изгледа заостанат си со векови наназад...ај излези мслку надвор и почни да живееш....батали ритуали, религии, верници....смртта сите не чека.Бог ни дал живот да го живееме а не да тупиме мозок, да се навредуваме, да се докажуваме.
Поздрав Душо.
 
Член од
3 јануари 2023
Мислења
8.977
Поени од реакции
5.700
... а дека за религија умирале луѓе...мислам, хелоуу....изгледа заостанат си со векови наназад...
Мислам дека грешиш за ова.
Сврти се само према исток...
А, се сеќаваш на Салман Ружди?
А, на новинарите во Париз, со нивниот сатиричен магацин?
Не беше тоа многу одамна...
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.141
Поени од реакции
10.151
Мислам дека грешиш за ова.
Сврти се само према исток...
А, се сеќаваш на Салман Ружди?
А, на новинарите во Париз, со нивниот сатиричен магацин?
Не беше тоа многу одамна...
Ај да не навлегуваме во друга тема, за друга религија, за животот на жената во Иран и С.Арабија.
Насилство поради една книга која Иранците ја забраниле доволно кажува...но како што реков, друга тема е тоа.
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
најискрено,по мое,на човека колку му е потребен Бог толку и Ѓаволот
Сигурно имаш негде прочитано..
Ќе се одели човек од својот татко и својата мајка и ќе се соедини со својата жена.
Човекот не сака, да се одели од својот бог и неговата спротивност -ѓаволот.

Затоа прашувам, до кога?
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.402
Поени од реакции
4.775
...се додека не се стопат двете "спротивности"(претпоставуваш зошто се апострофите) во едно
...се додека одговорите ги бараме надвор од нас самите
...и кога веќе нема да имаат импакт,ниту значение,човештвото ќе ја доживее последната ренесанса :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: alf

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.903
Поени од реакции
5.033
...се додека не се стопат двете "спротивности"(претпоставуваш зошто се апострофите) во едно
Како ќе се „стопат„?
Е ми нели Христос ни порача дека Он и кнезот на овој Свет немаат ништо заедничко?...
Автоматски споено мислење:

...се додека одговорите ги бараме надвор од нас самите
...одговорие веќе ни се дадени „...надвор од нас...„, преку објавата Божја до човекот.
Да можеше човекот да дава точни одговори, Синот Божји немаше да дојде и да не‘ поучи.
Автоматски споено мислење:

...и кога веќе нема да имаат импакт,ниту значение,човештвото ќе ја доживее последната ренесанса :)
...сакаш да кажеш „светлата будуќност„, за која веќе видовме како се распадна...
Автоматски споено мислење:

...кој е смисолот на Бог ако го нема Ѓаволот?
Бог Е нестоврен а ѓаволот е створен. Хиерархијата е очигледна и јасно е кој е „шеф сале„.
Автоматски споено мислење:

...од каде знаеме што е добро ако не знаеме што е лошо?
Објавени ни е „што е што„, само треба да прочепкаш, да бараш и-да најдеш. „Само„ тоа...
Автоматски споено мислење:

...како да препознаеме што е Ѓаволска лукавост,а што Божја мудрост?
Па во тоа е „кваката„-во препознавањето и дистанцирањето меѓу две можности.
Автоматски споено мислење:

...одговорот на овие прашања ќе ви донеси вистински патоказ за вашиот живот?
Ами како...
Автоматски споено мислење:

...дефинитивно и сигурно НЕ!
Оти „не„?...
Автоматски споено мислење:

...ниедна Света Книга,ниту една Вероисповед,а уште помалку философско видување не е прирачник за мирен и среќен живот.Но е добра алатка,за секој индивидуално и различно,да ни даде малку светлина на нашиот пат(живот) :)
Те лажат комунистите. Такав книга веќе постои...едно 3,5 илјади години.
Автоматски споено мислење:

...најискрено,по мое,на човека колку му е потребен Бог толку и Ѓаволот
До Бога се доаѓа преку Богобарање, а ѓаволот не го барај, оти тој веќе те нашол...
Автоматски споено мислење:

...се разбира,зборувано со речникот на Религиите кои се помалку имаат временска тежина и вистинитост
Шубоо така-нема религии, нема кој да ти става „сопки„...:icon_lol:
Автоматски споено мислење:

...едноставно не се up to date (точка)
Погрешен заклучок.
Не зборуваме за софтвер, на кој секогаш му требиТ „уп то дате„, оти не е „совршен„. Зборуваме за религозност и за нивната неменливост во областа од духовноста.
 
Последно уредено:

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Погрешен заклучок.
Не зборуваме за софтвер, на кој секогаш му требиТ „уп то дате„, оти не е „совршен„. Зборуваме за религозност и за нивната неменливост во областа од духовноста.
:facepalm:

21. Сте слушале дека им било речено на старите: »Не убивај! А кој убие, виновен
е пред судот«.
22. Јас, пак, ви велам дека секој, што се гневи на брата си без причина, ќе биде виновен пред судот; а оној што ќе го нарече брата си »празноглав«, ќе биде виновен пред врховниот суд; оној, пак, што ќе рече »будала«, ќе биде виновен за во пеколот.

27. Сте слушале дека на старите им било речено: »Не прељубодејствувај!«
28. Јас, пак, ви велам дека секој што ќе погледне на жена со желба, тој веќе извршил прељуба со неа во срцето свое.

31. Речено било исто така: »Ако некој ја остави својата жена, нека ѝ даде развод«.
32. А Јас пак ви велам: секој што ќе ја остави својата жена, освен за прељуба, тој ја тера да прељубодејствува; и кој се ожени со така напуштена, тој прељубодејствува.

33. Сте го слушале уште и тоа дека им било речено на старите – »Не колни се криво, а заклетвите пред Господа исполнувај ги«.
34. Јас, пак, ви велам: не колнете се воопшто – ниту во небото, оти тоа е престол Божји;
35. ниту во земјата, зашто таа е подножје на нозете Негови; ниту во Ерусалим, оти е град на великиот Цар.

38. Сте слушале дека е речено: »Око за око, заб за заб«.
39. Јас, пак, ви велам: да не се противите на злото. Ако некој те удри по десниот образ, заврти му го и другиот.

43. Сте слушале дека е кажано -»Љуби го својот ближен и мрази го непријателот«.
44. А Јас, пак, ви велам: љубете го непријателите свои, благословувајте ги оние што ве колнат, правете им добро на оние што ве мразат и молете се за оние што ве навредуваат и гонат,
45. за да бидете синови на вашиот Отец небесен; зашто Он го остава Своето сонце да грее над лошите и над добрите, и праќа дожд на праведните и на грешните.
46. Оти, ако ги љубите оние што ве милуваат вас, каква ќе ви биде наградата? Зар не го прават тоа и митниците?

Неменливоста доби update со Исус, и тој е веќе стар, ќе добие нов update!
Што ќе биде нов update за "да не се противите на злото":gjavol:?
 
Ауууууу...:facepalm:

Младиќу, по кој знае кој пат си во криво...:facepalm:

Да ти помогнам...

Она кое Синот Божји првично го наведува, тоа се учења/ставови од Стариот Завет, а веднаш после тоа следува учењето од Сам Христос, каде Он ги надградува старозаветните духовни начела со новозаветни и со тоа, практично престануваат да важат правилата од Стариот, а почнуваат да важат правилата од Новиот Завет.

Така?...:)
 
  • Хаха
Reactions: alf

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.147
Малку да фрлиме зачин на темава :)

1687871096103.png
„Ова е Змијата која го иницираше Човештвото, наречена од неиницираните зло и погрешно знаење, ова е „Змијата како последното просветлување“ возможно во стариот еон, а од големите иницијанти наречена и зло, бидејќи многумина нема да ја разберат Змијата и нејзиното движење низ еоните. Змијата на Мудроста ги следи патеките од Тав(תו) па до Алеф (אלף) каде што завршува нејзината глава.

Во стариот еон, врвот на постигнување беше во Тифарет – или Убавина, средиштето на Дрвото на Животот. Таму беше „гробот“ на мистичниот Розенкројцер кој ги пренесе големите тајни да бидат предавани до денешно време, скриени во христијанскиот мистицизам. Тифарет беше Синот, најголемото постигнуавње кое што можеше да се добие од највисоките три сефироти кои христијанските мистици ги препознаа како Татко, Син и Светиот дух.
Нема ништо погрешно во ова. Иницијацијата се менува во однос на човештвото. Сега е ново време, нови искушенија, нова иницијација – која еден ден ќе мора исто така да помине, друг бог да седне на тронот на Истокот!
...
Името на таа патека која стои пред Бездната во хебрејскиот мистицизам е Тет (ט) и значи Змија. Тоа е последната и единствена патека која се гледа пред Бездната , местото на лажната Еманација – Да’ат која профаните ја гледаат преку таа патека и ја нарекуваат „Знаење“. Оваа патека е поврзана со знакот Лав, а во Тот таротот со картата Страст, Ату XI. На оваа карта се дадени Скерлетната Жена која го јава Големиот Ѕвер – Бабалон и Терион во eдно.“
- За Змијата

„ … и верувам во Змијата и Лавот, Тајна над Тајните, во Неговото име Бафомет.
Гностичко Кредо, Liber XV
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Она кое Синот Божји првично го наведува, тоа се учења/ставови од Стариот Завет, а веднаш после тоа следува учењето од Сам Христос, каде Он ги надградува старозаветните духовни начела со новозаветни и со тоа, практично престануваат да важат правилата од Стариот, а почнуваат да важат правилата од Новиот Завет.
Погрешен заклучок.
Не зборуваме за софтвер, на кој секогаш му требиТ „уп то дате„, оти не е „совршен„. Зборуваме за религозност и за нивната неменливост во областа од духовноста
:pos:
Новиот е веќе стар!
ОН ДОАЃА И ГИ НАДГРАДУВА!
 
Член од
1 октомври 2022
Мислења
302
Поени од реакции
586
Јас мислам оваа тема да се заклучи оти овие конкретно Хептаграм и алф ја испосраа темата со нивните досетки и нивниот религиозен светоглед кој нема врска со ниедна света книга како куранот и библијата туку е под силно влијание на учењето од нивната секта.Друга работа зошто треба да се заклучи темата е тоа што алф и хепта се една иста личност тоа може да се види по ракописот буквално исто пишуваат и двајцата и цело време таа една личност си контрира сама со себе.Така да го најдовме ѓаволот.
 
Сега на ова треба прво вака да ти одговорам:
1687876267579.png
А сега посериозно!

Ако погледнеш(е) наназад ќе видиш дека темата што @alf (не е ист лик како и @Хептаграм XI , така да џабе претпоставки) ја отвори е токму од Библијата, Постанок или Битие или Берашит на еврејски.

Членот после сам си цитира разни делови од Библијата за да си создаде мислење/став/прашање....

Змијата во целиов муабет е собирање цитати без контекст и спојување на истите во едно за да си докажеме било што...
Тоа е погрешно до немајкаде и таму е „ѓаволот“. Не може така, бесцелно е и апсурдно.

Бидејќи целиот тој стар завет не е запишан во еден здив, си содржи историски контекст исто така... и философија и симболи.
Исто содржи од тајната доктрина на евреите - кабала!

Така да, пред да креваш врева како православен христијанин како некој било што упропастил - собери си мислите и среди се и напиши нешто „од твојот светоглед“ за овие нешта, ако ги имаш - ако не, глеј си дворот....
 
  • Вау
Reactions: alf
Член од
1 октомври 2022
Мислења
302
Поени од реакции
586
Еве доказ дека ти си ѓаволот јас напишав дека сум христијанин никаде не напишав дека сум православен Христијанин а има католоци и православни.Демонот или ѓаолот знае се детално за сите адреса на живеење со точна ѓеографска положба и координати за локација од гугал мапс,име презиме,email,телефонски број домашен мобилен,религиска вероисповед,националност,кој те чепкал во трето со кој колега не се трпиш на работа,прва симпатија,омилена порно ѕвезда.Плус си админ на кајгана,ѓаолот е газда на се земно и се е под негова контрола што сакаш уште за да ти докажам уште ли да ти набројувам само од мене не прајш/прајте будала.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom