Ѓаволот-старата змија

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Јов 1
6. Еден ден дојдоа синовите Божји за да застанат пред Господа; меѓу нив дојде и сатаната.

Исаија 14
12. Како падна ти од небото, Денице, сине на зората! Се разби од земјата ти, кој ги угнетуваше народите.

Откровение 12
9. И беше исфрлен големиот змев – старата змија, наречена ѓавол и сатана, која ја мами целата вселена, беше соборен на земјата, и заедно со него и ангелите негови беа исфрлени.

Спомнуван во неколку книги, сатаната, старата змија, змеј, ѓавол преставен како божји противник,бунтовник кој ја мами целата вселена.

Во секој случај интересен лик, преставен со многу метафори и симболики.

Дали е човек, дел од човекот или надвор од него.Има тело или е дух, или и двете?

Што е или кој е според вас или филозофијата/верувањето кое го следите , тој страшен ѓавол?
 
Член од
3 јануари 2023
Мислења
8.957
Поени од реакции
5.700
Што е или кој е според вас или филозофијата/верувањето кое го следите , тој страшен ѓавол?
Би сакал и јас поточно да разберам... Од гледна точка на христијанството.
Дали е тоа Самаел = Луцифер, (ѓаолот),
или пак Азраел (ангелот на смртта кој не се спомнува во христијанството),
или е тоа едно те исто???
Кој е тој, што го чека и зема починатиот, силата која седеше до мене со денови?
Дали е тоа паднатиот ангел или пак некој друг ангел кој делува по Божја наредба,
или пак самиот Севишен ги зема мртвите од твојата прегратка.
Негде прочитав дека тој ангел потепал 185000 асирци кои тргнале на Изреаел,
Дали смртта е ангелот или?
 
Член од
1 октомври 2022
Мислења
302
Поени од реакции
586
Постој не е метафора или фраза не е од материјалниот свет нема тело дух е полн со омраза злоба гордост отруен од злоба полн со омраза спрема луѓето и Господ.Јас сум христијанин иначе и верувам дека постој и плус иам видено некој работи со свој очи така да ама за тоа не ми се збори
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Еден цитат вика вака...
Исаија 14

16. Оние што ќе те видат, ќе се загледадат во тебе, ќе си речат за тебе: тоа ли е човекот, што земјата ја разнишуваше и царства потресуваше,

Исаија вика дека е човек.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.138
Поени од реакции
12.121
Еден цитат вика вака...
Исаија 14

16. Оние што ќе те видат, ќе се загледадат во тебе, ќе си речат за тебе: тоа ли е човекот, што земјата ја разнишуваше и царства потресуваше,

Исаија вика дека е човек.
Не ги вади вака цитатите... ќе си докажеме сешто :)

Тука што си цитирал зборува за тоа како Израел откако паднал, кога богот ќе им се смилува на Евреите и Јаков, ќе направи нивните угнетувачи (на Евреите) да бидат нивни слуги сега... и се зборува за царот на Вавилон каде што Евреите биле робови! Тоа е Човекот, царот тиранин врз Евреите!

Како Богот ќе ги уништи тираните...

1 Да, ќе му се смилува Господ на Јакова и пак ќе го избере Израел, ќе му даде да почине во својата земја.
Ќе му се придружи придојденикот и ќе му се приклучи на Јакововиот дом.
2 Самите народи ќе дојдат по нив и ќе ги одведат во нивниот крај, а Израелевиот Дом ќе ги наследи нив во Господовата земја како слуги и слугинки. И ќе ги заробат оние кои ги пленија нив, и ќе господарат над своите угнетувачи.
3
Во денот кога Господ ќе ти даде да починеш од своите страдања, немири и од тешкото робување со кои те притиснаа,
4 ќе му ја запееш оваа пословица на вавилонскиот цар: „Како го снема насилникот? Како исчезна угнетувањето?

5 Господ го скрши злосторничкиот стап и владетелското жезло
6што бесно ги биеше народите со удари без крај, што владееше гневно над народите, прогонувајќи ги без милост.
7 Во починка мирува сета земја воскликнувајќи од радост.
8 Чемпресите и ливанските кедри ќе се радуваат над тебе, велејќи: ‘Откако падна, дрвосечачите не доаѓаат веќе да нè сечат!’
9 Заради тебе се возбуди Подземјето за да те пречека кога ќе дојдеш. Во твоја чест, тоа ги разбудува сенките, сите земни насилници, тоа ги крева од престолите сите цареви на народите.
10 Сите тие ќе ти прозборуваат: ‘И ти си скршен како нас, стана сличен со нас.

Сличен како нас значи царот стана угнетен и роб, како што биле Евреите, така ќе му пеат Евреите откако богот им се смилува и ги избавува од Вавилон...

Ќе испадне Змијата бил царО :)

Всушност за Евреите се што не е еврејско и е против нив е симбол на злото и богот ќе го уништи тоа зло... на крајот.
 
  • Хаха
Reactions: alf

Море Хепта, твојте толкувања наликуваат како на дете кога му кажале дека штркот ги носи децата, па со главата во небо го следиш штркот да најдеш од каде ги зема децата.

Писателот користи термини од тогашно време да прикаже спротивности на царства, небото и земјата.
А всушност зборува за сосема трето.
Не за џабе се вика дека уште им стои завеса пред очите кога се чита стариот завет.

Еве прочитај и тргни тоа завесата(штркот)од пред очи.

12. Како падна ти од небото, Денице, сине на зората! Се разби од земјата ти, кој ги угнетуваше народите.
13. А во срцето свое си велеше: „Ќе се искачам на небото, ќе го издигнам престолот свој погоре од Божјите ѕвезди и ќе седнам на гората во соборот на боговите, на крајот од северот;

14. ќе се искачам до висините на облаците, ќе бидам сличен на Севишниот.
15. Но ти си соборен во пеколот, во дното на адот.
16. Оние што ќе те видат, ќе се загледадат во тебе, ќе си речат за тебе: тое ли е човекот, што земјата ја разнишуваше и царства потресуваше,
17. вселенеата во пустиња ја претвори и ги разрушуваше градовите нејзини, робовите не ги пушташе по домовите нивни?
18. Сите цареви на народите, сите почиваат со чест, секој во својата гробница;
19. а ти си фрлен надвор од гробот како отпадок, како облека на убиени, на погубени со меч, што ги спуштаат во камени гробници, – како изгазен труп,

Сигурно тој вавилонски цар не ја направил вселената во пустиња!!!Па кој и да е цар.
Има длабока мисла,а термините се само перде!

Црвениот болт, напишан е како неочекуван исход,зачудувачки,,нешто како..
Ова ли е тој што ја разнишува земјата!!!!!:eek::eek::eek:
Не очекувале дека тој/некој би бил токму тој кој ја разнишал вселената!
Како да бил постојано присутен во нивниот живот! Пред нивните очи,а сепак сокриен!
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.877
Поени од реакции
5.005
Јов 1
6. Еден ден дојдоа синовите Божји за да застанат пред Господа; меѓу нив дојде и сатаната.

Исаија 14
12. Како падна ти од небото, Денице, сине на зората! Се разби од земјата ти, кој ги угнетуваше народите.

Откровение 12
9. И беше исфрлен големиот змев – старата змија, наречена ѓавол и сатана, која ја мами целата вселена, беше соборен на земјата, и заедно со него и ангелите негови беа исфрлени.

Спомнуван во неколку книги, сатаната, старата змија, змеј, ѓавол преставен како божји противник,бунтовник кој ја мами целата вселена.

Во секој случај интересен лик, преставен со многу метафори и симболики.

Дали е човек, дел од човекот или надвор од него.Има тело или е дух, или и двете?

Што е или кој е според вас или филозофијата/верувањето кое го следите , тој страшен ѓавол?
Под поимот „ѓавол„ во потесна смисла, се подразбира херувимот Сатанаил/светлоносец, ангел од редовите кои се најблиску до Божјиот престол, кој наумил да го завземе престолот Божји.

Во поширока смисла, „ѓавол„ е секој еден од оние ангели, 1/3 на број, кои тргнаа по паметот од Сатанаила и кои отпаднаа од близината Божја.

Ѓаволите се бестелесни битија со супериорни мислечки особини во однос на човекот. По нивното отпаѓање од Небесата на Земјава, ѓаволите се уврдени во злото, не можат да се покајат, а нивната основна улога е ловењето луѓе, што повеќе-тоа подобро, и нивно насочување кон пеколот. Ѓаволите сакаат да Му се одмаздат на Бога за нивното отпаѓање така што „удираат„ по омилената Божја творба, а тоа е човекот, како род.

И сега, откако ти е одговорено, пак ќе поставуваш прашања на кои веќе си добил одговор...:icon_lol:
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.138
Поени од реакции
12.121
Море Хепта, твојте толкувања наликуваат како на дете кога му кажале дека штркот ги носи децата, па со главата во небо го следиш штркот да најдеш од каде ги зема децата.

Писателот користи термини од тогашно време да прикаже спротивности на царства, небото и земјата.
А всушност зборува за сосема трето.
Писателот? :)

Јас само ти кажувам што е тоа поглавје, бидејќи ти извади стих бидејќи пишува Човекот, а се мисли на вавилонскиот цар, и за Евреите тој период (ако знаеш историја, а не знаеш ништо за Евреите), универзумот Е Вавилон и тиранија!

Ама ок, у реду е, нека за тебе сатаната змијата ѓавол е човек, антихрист. Нека биде човек. Оди барај го :)
Можеби ќе се соберете да го распнете?
Ај луди муабети...
 
  • Хаха
Reactions: alf
Член од
3 јануари 2023
Мислења
8.957
Поени од реакции
5.700
Место да ми стане појасно, сѐ повеќе ме буните.
Секој кажуе своја прикаска...
На почеток мислев дека е Самаел (Самаил),
па се спомна име Сатанаил (Сатана),
некој рече, бил човек, друг вели, бил паднат ангел.
Дали е тој поротник во судот Божји???
Нели бил протеран на земјата??
Кој беше тоа до мене, невидлив,
а го осеќаш дека е до тебе, те искушува,
што повеќе се опираш, толку посилно влече?
 
Ѓавол е термин за противник, бунтовник или клеветник.

Но, бог никој не го видел уште помалку ги разбира неговите патишта.
Како тогаш луѓето знаат дали го следат ѓаволот или богот?

Затоа ја отворив темава, да пробаме да му дадеме облик на ѓаволот.
Можеби несвесно луѓето го следат ѓаволот.
 
Последно уредено:
Член од
3 јануари 2023
Мислења
8.957
Поени од реакции
5.700
Затоа ја отворив темава, да пробаме да му дадеме облик на ѓаволот.
Можеби несвесно луѓето го следат ѓаволот.
А како да му дадат луѓето облик, та тој невидлив ќе да е.
Еве, јас сум човек, па да пробам...
Темно... како црна мисла.
Ти создава русвајт во глаата,
со убави мисли те наведува на лошо.
Мое мислење е, дека „тој“ ти го одзема најмилото.
И во тој момент те искушува, па можеби ќе ти ја добие ДУШАТА за ефтино.
Дали е ангел?
Ако се ангели тие насликаните крилати суштества, тогаш не е ангел...
Или пак не изгледаат ангелите како тие суштества на црковните ѕидови.
Седи до тебе, а можеби е и во тебе самиот.
Во негово присуство, не се осеќаш спокојно.
МИСЛИТЕ... во нив е тој.
Те наведува на ГРЕВ со најдобри НАМЕРИ.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: alf

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.877
Поени од реакции
5.005
Користиш множина за ѓавол.
Колку ѓаволи го искушаваа Исус?

Црквата така ве учи дека има многу ѓаволи, а не еден?
Аман...:facepalm:

Христос муабетеше со „шеф сале„, односно со главниот ѓавол, со небесното му име „Сатанаил„, херувим по хиерархија, оној кој е/бил меѓу најблиските ангели до престолот Божји, кој ја покривал светлината која излегува од Бога.

Оттаму, од Небесата, Христос и Сатанаил се „стари добри познаници„.

Сатанаил излажа 1/3 од белите ангели, а колку точно изнесува таа бројка, никој во Црквата не ја знае, ама знае(ме) дека се „многу„.

Евангелскиот настан со демоноопседнатиот, во кој се вселил „легион„ од демони, ни сведочи дека ѓаволите, односно отпаднатите ангели, ги има во голем број.

„Легија„ е армиска единица во антички Рим, со бројност од 3-5000 војници Чисто за споредба...
Автоматски споено мислење:

Но, бог никој не го видел уште помалку ги разбира неговите патишта.
Богот Син Исус Христос, беше видлив 33 години од својот овоземен живот. Како можеш да поставуваш вакви „недоквакани„ прашања?...

Богот Отецот Е виден само од Синот и од Духот Свет.

Богот Светиот Дух Е виден во различни облици (облак, оган, гулаб...).
Автоматски споено мислење:

Како тогаш луѓето знаат дали го следат ѓаволот или богот?
Совеста ќе им каже...
Автоматски споено мислење:

Затоа ја отворив темава, да пробаме да му дадеме облик на ѓаволот.
Можеби несвесно луѓето го следат ѓаволот.
А од кај знаеш дека токму ти (не)свесно (не) одиш по умот од Сатанаила?...
 
Последно уредено:

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
А како да му дадат луѓето облик, та тој невидлив ќе да е.
Еве, јас сум човек, па да пробам...
Темно... како црна мисла.
Ти создава русвајт во глаата,
со убави мисли те наведува на лошо.
Мое мислење е, дека „тој“ ти го одзема најмилото.
И во тој момент те искушува, па можеби ќе ти ја добие ДУШАТА за ефтино.
Дали е ангел?
Ако се ангели тие насликаните крилати суштества, тогаш не е ангел...
Или пак не изгледаат ангелите како тие суштества на црковните ѕидови.
Седи до тебе, а можеби е и во тебе самиот.
Во негово присуство, не се осеќаш спокојно.
МИСЛИТЕ... во нив е тој.
Те наведува на ГРЕВ со најдобри НАМЕРИ.
Добро почна , бараш во себе.
Тоа е борба помеѓу доброто и лошото кое се случува во самиот човек при некоја одредена ситуација и одбираме едно, или ниедно.

Но, тоа што го сметаме за блаженство на телото, е зло за духовното ,а тоа што е блаженство на духот, е зло за телото.

Нели за првото, многу секс е блуд, а за второто ако добиеш шамар, треба да го завртиш другиот образ.(страдање)

Но, кој сака да страда или да биде осуден од некој бог?

Така е бидејќи луѓето не владеат со небото(мислите-емоциите) и со земјата(телото-сетилата)

А кога со тие две работи не владее , тој станува слуга на истите.
Но, на двајца не може да им слугува, кон било ако биде наклонет другиот ќе го намрази , па ќе страда или духовно(емотивно) или телесно(предаден на сетилата, пороци)

Го бараме ѓаволот кој ги мами луѓето.
 
Член од
3 јануари 2023
Мислења
8.957
Поени од реакции
5.700
Добро почна и ти...
Но ја сврти, на секс. Гревови има многу.
Блаженство доживува и ДУШАТА... без секс.
Ете, како лош пример, јас сакав да бидам осуден од Бога,
и бев спремен да страдам наместо СТРАДАЛНИКОТ.
И тоа ли било грев на кој ѓаволот ме наведуваше?
Не видов никого, само голем НЕСПОКОЈ до мене...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom