... ако добро ги одреди дека се во вид на брадавица (најчесто тоа дава тип 6 и 11) од вирус „хуман папилома вирус HPV- Human papillomavirus “ со различна форма како „карфиол“ или буквално брадавици, вирусот HPV се пренесува со сексуален контакт (вагинален или анален), па сега некој ќе рече „имав кондом“... може имал кондом ама тоа не штити од околината на гениталиите зашто вирусот е застапен и таму, па со триење при сексуалниот однос (вагинален, анален) истиот може да се пренесе,
... овие генитални брадавици се појавуваат после неколку недели или месеци од сексуален контакт со заразена особа, но можат и воопшто да не се појават, а може да биде заразен со ХПВ а да нема брадавици (во смисол на коментар „јас немам генитални брадавици сигурно немам ХПВ и не е преносено од мене“),
...кај жените постојат тестови за детектирање на ХПВ вирусот (ПАП тест), ама кај мажите нема, тоа само визуелно се дијагностицира,
... инаку гениталните брадавици можат да изчезнат сами од себе, да останат непроменети или да се зголемат и прошират, па затоа ако нешто не пречи се остава извесен период сами да исчезнат, значи можеш да почекаш, а ако не сакаш тогаш преглед кај дерматовенеролог да ги отстрани (тоа не значи дека нема пак нема да се појават нови) лекување може со криотерапија, ласерски, хирушки, мачкање на маст-подофилин или Condylox и Aldara кои се вбројува во имуномодулирачките материи,