Груби пречека албански репрезентативец: Му честитав на Асани за победите на нашиот национален тим
„Му честитав на Јасир за двата одлични настапи во победите на нашиот национален тим, за спектакуларниот гол постигнат против Молдавија и го охрабрив да продолжи со одличната работа во однос на напредувањето во професионалната кариера“, напиша Груби.
Тој додаде дека „Ќе продолжиме да го поддржуваме во секој чекор од неговата кариера, посакувајќи заедно со репрезентативците да стигнат до квалификациите за Европското фудбалско првенство“.
За тие што не знаат, Јасир Асани е репрезентативец на Албанија.