Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?

  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.177
Поени од реакции
4.321
Северџани, зошто не се пофалите дека годинава сте влегле во речников?

Прегледај го приврзокот 381945

Прегледај го приврзокот 381946

Идентитет-бетон!
Што би рекол Зоќе из Муртино...
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Точно е за тој устав (1974-та), кој го сметаат за почеток на распадот на СФРЈ, но и пред него има уште 2 устави.
После втората светска војна таа Југословенска држава, таа федерација, не се ни викала СФР Југославија туку ФНР Југославија и републиките немале префикс Социјалистичка Република туку Народна Република, тек во 50те или 60те години се преименува името на федерацијата од ФНРЈ во СФРЈ, а републиките од НР... во СР... Има луѓе кои и ден денес прават грешки, ја мешаат ФНРЈ со онаа првата кралска Југославија (1918-1941), а и таа Југославија прво се викала Кралство СХС (Кралство на Србите, Хрватите и Словенците), а тек во 1929 год. се преименува во Кралство Југославија. Постои и трета Југославија 1992-2006 која прво се вика СРЈ (Сојузна Република Југославија), а во периодот од 2003-2006 го менува името во Државна Заедница Србија и Црна Гора или скратено СЦГ !
 
Да, сето ова е точно, ако на поимот „Југославија„ гледаш во континуитет, од 1918/19-тата до 2006-тата, каде “југославиите“ се прилично различни. Муабетот ми беше за Југославија во времето од Ј.Б. Тито до распадот од Федерацијата, не за кралската или за онаа малата (Србија+Црна Гора).

Патем кажано, има муабети дека „Кралството СХС„ се чита како „Кралство на Словенци, Хрвати и Срби„, а не како што ни беше училишно манетнато, како „Кралство на Срби, Хрвати и Словенци„.
 
Последно уредено:
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.771
Поени од реакции
8.389
Да не зборуваме дека во советскиот сојуз си требал да бараш дозвола од милиција ако си требало да одиш надвор од матичниот град а за надвор од државата ти требала излезна виза за државите од источниот лагер а за на запад немој ни да си помислил. Затоа бадијала раскажуваш бајки за убавините на државите за железната завеса кога таму било 3 пати полошо отколку во Југославија. Не дека во Југославија било рај на земјата, ама дека си можел да патуваш каде сакаш и да работиш каде сакаш тоа е вистина.

Имаш планирана економија, завршуваш со 20% стапка на невработеност ( единствена социјалистичка држава со невработеност си), дека си неспособен ги отвараш границите да не дојде до немири или револуција, стотици илјади луѓе ја напуштаат државата и после уште толку живеат од парите кои овие ги праќаат назад. Практично главниот извоз ти е работна сила за западна еврпа. Шефе види колку сме слободни, овие другиве неќат да ги пуштат своите да одат да црнчат по западна европа и да ги градат нивните држави наместо своите.

20 percent of the country's labor force, or 1.1 million workers, were employed abroad.[33] The emigration was mainly caused by forced deagrarianization, deruralization, and overpopulating of larger towns.[34] The emigration contributed to keeping the unemployment in check and also acted as a source of capital and foreign currency. The system was institutionalized into the economy.[35] From 1961 to 1971, the number of guest workers from Yugoslavia in West Germany increased from 16,000 to 410,000.[36]

Но да се вратам назад назад на првиот коментар мој од дискусијава:

Кој социјализам и еднаквост кога главната идеолошка догма на Југославија е еден најпримитивен материјализам во формата на "Додека ние купувавме фармерки во Италија, Бугарите и Романците имаа празни фрижидери а Грците не ни имаа фрижидери". Да градиш држава на база на таков беден материјализам е во најмала рака смешно и секако како што може да се види неодржливо.
Да они живееле тешко, да они немале право да излезат од своите градови без дозвола, да они не живееле убаво дека они ГРАДЕЛЕ ДРЖАВА/И. Али затоа ние сме можеле да патуваме каде што сакаме, и после се чудиме зошто немаме држава. Кога ќе сме подготвени да јадеме земја за да имаме држава тогаш и ќе ја имаме, се додека главниот дискурс на јавната дебата е како да се стигнело до поголеми плати наместо како да стигнеме до посилна Македонија нема да имаме држава и тоа е тоа.

А и за крај сепак и на целата таа немаштија они можат да кажат дека биле дел од држава која прва стигнала во вселената меѓу една серија од други достигнувања, на Југословените се што им остана е да се фалат како иделе по фармерки во Италија. Тоа е клучната разлика во начинот на размислување, кога некој размислува за повисоки и долгорочни цели а некој размислува за како да му помине се од уста низ гз.
 
Последно уредено:
Член од
12 ноември 2008
Мислења
1.975
Поени од реакции
2.781
Имаш планирана економија, завршуваш со 20% стапка на невработеност ( единствена социјалистичка држава со невработеност си), дека си неспособен ги отвараш границите да не дојде до немири или револуција, стотици илјади луѓе ја напуштаат државата и после уште толку живеат од парите кои овие ги праќаат назад. Практично главниот извоз ти е работна сила за западна еврпа. Шефе види колку сме слободни, овие другиве неќат да ги пуштат своите да одат да црнчат по западна европа и да ги градат нивните држави наместо своите.

Но да се вратам назад назад на првиот коментар мој од дискусијава:

Да они живееле тешко, да они немале право да излезат од своите градови без дозвола, да они не живееле убаво дека они ГРАДЕЛЕ ДРЖАВА/И. Али затоа ние сме можеле да патуваме каде што сакаме, и после се чудиме зошто немаме држава. Кога ќе сме подготвени да јадеме земја за да имаме држава тогаш и ќе ја имаме, се додека главниот дискурс на јавната дебата е како да се стигнело до поголеми плати наместо како да стигнеме до посилна Македонија нема да имаме држава и тоа е тоа.

А и за крај сепак и на целата таа немаштија они можат да кажат дека биле дел од држава која прва стигнала во вселената меѓу една серија од други достигнувања, на Југословените се што им остана е да се фалат како иделе по фармерки во Италија. Тоа е клучната разлика во начинот на размислување, кога некој размислува за повисоки и долгорочни цели а некој размислува за како да му помине се од уста низ гз.
Имаш советски воени бази. Со сила го држиш народот да не ти избега затоа што иако е вработен може тикви да си купи од платата а и тиквите треба да ги чека со месеци оти годинава ЦК планирал само две тикви да посади. Дај те молам не биди смешен. Планираната економија секаде беше тешко промашување.
Автоматски споено мислење:

За некој што покажува надменост, се прави паметен и ги прави другите глупи покажуваш тотално незнаење.
Ваква е и дефиницијата за просечниот комуњар ама тоа е друга тема/
Во Грузија имаш граѓанска војна, Нагорно Карабах војната каде има над 40 000 загинати, во Транснистриа имаш војна, Таџикистан имаш граѓанска војна плус неколку те конфликти по федералните републики во Русија, во Русија се спречува да избие војна кога имаат уставна криза.
Да прилично мирно, скоро никави тензии само некаде накај 300 000 мртви од војните.
Остај го. Според ЕУ стандардите се што не се води на територијата на Европа не е војна. Тоа што со години Саудиска Арабија го толчи Јемен за цивилизирана Европа е тотално небитно. Има и многу други такви војни на кои истиот тој запад заради свои интереси се прави слеп и глув. Палестина е уште еден таков пример.
 
Последно уредено:
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.102
Поени од реакции
4.883
не бе шо ти е, само бугарите треба у устав да ги вметнеме и оп - ЕУ сме утре.

не дека кога ќе заврши ова вето ќе следат уште 5 други од страна на Бугарија, па на крај од Холандија, Франција и останати ЕУ членки кои што ќе тражат било каков изговор да не издржуваат land locked земја на балканот од која што немаат никаков бенефит.
Ако се врати филмот 6-8 години ќе видиме дека Црпе ветуваше влез на ОТАН во Македонија и потоа некаков си влез во Еуропска.
ОТАН навистина влезе во македонија, а таа престана да постои!
Тоагш на мајтап напишав дека мајчинот има некаква замисла како Македонија да ја внесе во ЕУропска, според него требаше прво Македонците и Македонија да ги избрише, веќе сторено, потоа да ги направи Бугари (се работи на “проблемот“ -проблемот е постоењето на Македонци) и да направи некаков сојуз со Бугаристан со што сите топ-тан ќе го влегуеме во ЕУропска.
Тоагаш уште и реков дека сите овие кои зеле бугарситански пасоше ќе им биде криво затоа што фрлиле многу пари а сите останати ќе добијат бугарски пасоше по цена како за Бугари само треба повторно да го гласуат Црпе...
Во тоа време ни на крај памет не ми паѓаше дека мајчините навистина работат според тоа сценарио, денес 7 години подоцна некои прашања се затворени остана уште да се подели Северџганистан на арнаутѕски и бугарски дел и оп ете сме/сте во ЕУропска!

Подоцна кога ми стана јасно дека мајчиниве изроди работат по ова сценарио си ветив дека веќе никогаш нема да се мајтапам со така сериозни работи, затоа што секогаш има некој што следи и запишува!
 
Последно уредено:
Член од
9 февруари 2023
Мислења
476
Поени од реакции
502
Во Грузија имаш граѓанска војна, Нагорно Карабах војната каде има над 40 000 загинати, во Транснистриа имаш војна, Таџикистан имаш граѓанска војна плус неколку те конфликти по федералните републики во Русија, во Русија се спречува да избие војна кога имаат уставна криза.
Аман бе буквалиста.
Конфликти и етнички/територијални тензии секако дека имало, имало и претходно, а и потоа. Од толку масовна политичка целина да колабрира изненадувачки е што главните процеси се релативно мирни, поготово споредбено со Југославенските војни и масакри.

За тоа цела секција има и Иан Шапиро на Yale. Еве ти точно време се соџвакано само ти да научиш нешто.
Не да ми се брукаш со навреди овде.

From Soviet Communism to Russian Gangster Capitalism
 
Член од
12 ноември 2008
Мислења
1.975
Поени од реакции
2.781
Да, сето ова е точно, ако на поимот „Југославија„ гледаш во континуитет, од 1918/19-тата до 2006-тата, каде “југославиите“ се прилично различни. Муабетот ми беше за Југославија во времето од Ј.Б. Тито до распадот од Федерацијата, не за кралската или за онаа малата (Србија+Црна Гора).

Патем кажано, има муабети дека „Кралството СХС„ се чита како „Кралство на Словенци, Хрвати и Срби„, а не како што ни беше училишно манетнато, како „Кралство на Срби, Хрвати и Словенци„.
Кралството СХС нема врска со тоа што ти го кажуваш. Државата на Словенците, Хрватите и Србите е привремена држава која постоела на крајот од првата светска војна.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.102
Поени од реакции
4.883
Според твојата логика и Црногорците се малодушни и со комплекс на инфериорност дека ете немаат грандиозни планови.

Кажи ми каква промена има во владеачките структури помеѓу 1948 и 2023? Дали Тито го има испоапсено и убиено раководството на Словенците или нашето после војната? Истите структури кои владеат денеска се внуци и правнуци на колонијалните администратори кои он ги донесе на власт тука после уништувањето на домашното раководство.

На рака се бројат политичарите денеска кои ако им се отворат досиејата не влечат фамилијарни политички корени од 1950 наваму.

И на крајот на денот сето тоа се случило како последица на поголеми настани, нашето комунистичко раководство било длабоко поврзано со СССР и тоа директно а не преку КПЈ, словенското раководство било поврзано со западните социјал-демократски партии. Тоа е тоа. Они после војната завршиле со репарациите и од Прва и од Втора Светска Војна ние сме завршиле со суровинска економија.

И Конго е огромно на карта па како му оди? Да не ни почнувам колкав дел од таа територија е пустелија. Туркменистан во 1991 почнал со 3.8 милиони популација, нула економија, сите соседи да се во распад или фундаменталистички исламисти, внатрешни исламистички движења и буквално национална структура која бил создадена од никаде во 1930. И денеска пак има х10 пати по независна политика од нас.

Плачете цело време за простодушноста и чувството на инфериорност а не разбирате дека ВИЕ самите имате чувство на инфериорност, и секогаш изговорите ви почнуваат со "мала".
Автоматски споено мислење:

Реков најутепаните Советски Републики не реков дека се утепани држави, Советските Републики Белорусија, Украина, Естонија, Латвија, Грузија, Азербеџан биле во споредба со нив на неколку скалила погоре од аспект на развиеност и тука нема никаква дискусија. Али баш тоа што го пишуваш ми беше и поентата за разликата од Советскиот Сојуз и Југославија.

Советскиот Сојуз барем колку толку се трудел да глуми дека има некаква еднаквост при развивањето на републиките. Југославија буквално функционирала на база на касти каде што едните се суровински економии додека другите се економии за додадена вредност. За 45 години во Македонија не е изградена една нова пруга, не само тоа туку и должината на пругите се намалила. еден автопат, еден беден аеродром, еден град во Македонија нема трамвај, не метро трамвај нема, И тоа што го имало во Скопје и тоа го искорнале после земјотресот. Од енергетски аспект комплетно изолирани.
Може ли да прашам -колку години имаше во 1980-та?
Повеќето да не речам се што си напишал е неточно или полувистина, како да си бил курсист на Аденауер.
И за крај -од каде толкава опседнатост со поранешната држава и нејзиниот претседател кои веќе цели 33-43 години се минато, значи повеќето генерации од тоа време се веќе длабоко под земја.?.
(она што најмногу иритира е што новопечени демо(Н)крати кои се родени по растурањерто на ех-државата најмногу пишуваат и знаат за таа држава, па целава приказна личи на она познатата -дошол синот да го учи таткото како се прават деца!)
 
Член од
12 ноември 2008
Мислења
1.975
Поени од реакции
2.781
Аман бе буквалиста.
Конфликти и етнички/територијални тензии секако дека имало, имало и претходно, а и потоа. Од толку масовна политичка целина да колабрира изненадувачки е што главните процеси се релативно мирни, поготово споредбено со Југославенските војни и масакри.

За тоа цела секција има и Иан Шапиро на Yale. Еве ти точно време се соџвакано само ти да научиш нешто.
Не да ми се брукаш со навреди овде.

From Soviet Communism to Russian Gangster Capitalism
Релативно мирни се затоа што, како што и претходно рековме досега се водеа надвор од Европа или како што твојот идол милува да каже далеку од градината. Ниеден од тие конфликти сеуште не е завршен. А за тоа колку биле брутални знаеме исто колку за конфликтот во Јемен за кој реално нема никаков медиумски интерес. Така и овие, според тебе релативно мирни конфликти се такви затоа шти таму ја немало Кристијана Аманпур или некоја друга новинарска ороспија од цивилизираниот запад.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.177
Поени од реакции
4.321
Кралството СХС нема врска со тоа што ти го кажуваш. Државата на Словенците, Хрватите и Србите е привремена држава која постоела на крајот од првата светска војна.
А што е тоа кое јас го кажувам а што ти го негираш? Или пишуваш онака, колку да напишеш некое твое мислење, поинакво од нечие друго мислење?...
 
Член од
12 ноември 2008
Мислења
1.975
Поени од реакции
2.781
Патем кажано, има муабети дека „Кралството СХС„ се чита како „Кралство на Словенци, Хрвати и Срби„, а не како што ни беше училишно манетнато, како „Кралство на Срби, Хрвати и Словенци„.
Прочитај си погоре. Со задебелени букви.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom