Книга на животот

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Во стариот и новиот завет се спомнува термин "книга на животот" во која се впишуваат имињата на праведниците, односно се бришат имињата на неправедните.
И секој од нив со различна придобивка/губиток од тоа.

2 Книга Мојсе 32
31. И се врати Мојсеј при Господа, и рече: “Ти се молам, Господи, овој народ направи голем грев, оти си направи бог од злато.
32. И сега прости им го гревот нивни; ако ли, пак, не, тогаш избриши ме и мене од книгата Твоја, во која си ме запишал.”

Праведен и неправеден се одредува по друга книга, односно книга на законот.
Кој ги следи упатствата од нигата на законот , неговото име ќе биде запишано во книгата на живите или ако го не го следи законот ќе биде избришан од книгата на живите/животот.

Откровение 20
12. Потоа ги видов мртвите, мали и големи, како стојат пред Бога; се отворија книги, и друга книга се отвори – книгата на животот; и судени беа мртвите според запишаното во книгите, според делата нивни.

Данаил 12
1. И во тоа време ќе се крене Михаил, големиот кнез, кој ќе ги брани синовите на твојот народ, и ќе настане време тешко, какво што немало откако постојат луѓето, па сè до денес; но ќе се спасат во тоа време од твојот народ сите, кои ќе се најдат дека се запишани во книгата.
2. И многумина од оние што спијат во земниот прав ќе се разбудат – едни за живот вечен, а други за укор и срам.

Ѕверот кој излегува од морето со 7 гвлави и 10 рога, ќе ги победи светтите или оние кој нема да му се поклонат.

7. И му се даде да војува против светиите и да ги победи; му се даде власт над секое колено, јазик и народ.
8. И му се поклонија сите жители земни, чии имиња не се запишани во книгата на животот при Агнецот, заклан од созданието на светот.

Како изгледа книгата на животот.

Откровение 5
1. И видов во десницата на Оној, Кој седеше на престолот, книга напишана одвнатре и однадвор, запечатена со седум печати.
2. И видов силен ангел, што викаше со висок глас: „Кој е достоен да ја отвори книгата и да ги скрши печатите нејзини?”
3. И никој не можеше, ниту на небото, ниту на земјата, ниту под земјата, да ја отвори книгата, ниту, пак, да ја гледа.
4. И јас многу плачев, дека никој не се најде достоен да ја отвори и да ја прочита таа книга, ниту да ја гледа.
5. А еден од Старците ми рече: „Не плачи! Ете, победи Лавот, Кој е од Јудиното колено, Коренот Давидов, победи да ја отвори книгата и да ги скрши нејзините седум печати!”
6. Погледав, и ете, среде престолот и четирите животни и среде Старците стоеше Агнецот, како заклан, со седумте рога и седумте очи, кои што се седумте духови Божји, пратени по целиот свет.
7. Он дојде и ја зеде книгата од Оној, Кој седеше на престолот.

Што според вас се крие позади терминот "Книга на животот"?
 
Член од
3 јануари 2023
Мислења
8.974
Поени од реакции
5.700
Книгата на животот е за нас невидлива, запишана е во времето.
Мало дете се раѓа со грев... И времето почнува да тече.
НИКОЈ се нема прочистено до крајот на својот живот,
за да биде заведен во книгата како „праведен“.
Господ ја има утнато работата, графата со праведници е празна од век и веков.
Да имаше барем еден праведен, ќе имавме доказ дека Бог постои.
Вака ни останува само ВЕРБАТА во Него...
И НАДЕЖ дека МОЖЕБИ ќе ни ги прости гревовите.
 
Член од
3 јануари 2023
Мислења
8.974
Поени од реакции
5.700
Еве, ја отварам книгата на животот...
Пребарувам во „содржината“ во графата „праведни“,
барам под буквата „Т“, како Тураел.
НИШТО, њенте, ненада, нихтц, нотинг...
Пребарав во графа „неправедни“, и оп, СИТЕ сме тука.
Тураел веднаш до мене, иако моето име не почнува на „Т“
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Што друго е напишано за запечатена книга(книга на животот)

Исаија 29
11. И секое пророштво за вас е она исто, што се зборовите во запечатената книга, што му ја даваат на оној, кој знае да чита книга, и велат: „Прочитај ја”, а тој одговара: „не можам, зашто е запечатена.”
12. И му ја даваат книгата на оној, кој не знае да чита, и велат: „Прочитај ја”; и тој одговара: „Не знам да читам.”
13. И рече Господ: „Бидејќи овој народ се приближува кон Мене со устата своја, и со јазикот свој Ме почитува, а срцето негово му останува далеку од Мене, и почитувањето нивно пред Мене е само научено човечко правило;
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.901
Поени од реакции
5.030
Што според вас се крие позади терминот "Книга на животот"?

Под „книга на животот„ се подразбира „запишана листа„ (и симболично и практично!) со имињата од ликовите (луѓето, како поединци) кои ќе влезат во Рајот односно во Царството Небесно Христово.

Просто е...

Ама верувам дека ти мислиш поинаку и го имаш „точниот„ одговор...:icon_lol:
 
Член од
3 јануари 2023
Мислења
8.974
Поени од реакции
5.700
Небесата не се толку големи за да се запишат сите „неправедни“
и нивните гревови, камо ли пак една книга,
па била макар и „книгата на животот“.
Нашите „гревови“ се впишуваат во даденото ни време на земјава,
и на заминување, во времето ќе бидат втиснати нашето име и дела.
Пустиот Самаел, од работа глава не може да крене. И вториот пат кога ќе Ни судат, сите ќе бидеме фрлени во огненото море.
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Под „книга на животот„ се подразбира „запишана листа„ (и симболично и практично!) со имињата од ликовите (луѓето, како поединци) кои ќе влезат во Рајот односно во Царството Небесно Христово.

Просто е...

Ама верувам дека ти мислиш поинаку и го имаш „точниот„ одговор...:icon_lol:
Не, не го знам одговорот, затоа прашав.

Прашувам зошто во откровение се вели дека оние кој нема да му се поклонат на ѕверот ќе бидат убиени, а оние кој ќе му се поклонат на ѕверот не се меѓу запишаните во книгата на животот.

(зборуваат мртвите ) До кога, Владико, свети и вистинити, нема да судиш и да им се одмаздуваш за нашата крв на оние, што живеат на земјата?
11. И на секого од нив им се дадоа бели облеки, и им се рече да починат уште малку време, додека не се дополни бројот на нивните сотрудници и браќа, што ќе бидат убиени, како и тие.

И му се даде да војува против светиите и да ги победи; му се даде власт над секое колено, јазик и народ.
8. И му се поклонија сите жители земни, чии имиња не се запишани во книгата на животот при Агнецот, заклан од созданието на светот

Напишаното наликува како зборови искажани преку огледало,во книга на живите се запишуваат мртвите, а оние кој не се во книгата на живите, живеат потчинето на ѕверот и нему му слугуваат.
И само закланиот од создадението на светот (мртов) може да ги скрши 7 печати на книгата.
Праведни се само мртвите!
Вие сте во служба на словото кое убива или му се поклонивте на ѕверот?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.143
Ми се допаѓа идејата за Tzaddikim Nistarim која доаѓа од идејата за Праведни кај евреите :love:

Во еврејскиот закон, Книга на Животот или поточно Книга на Живите се споменува само еднаш, Sefer haChaim! Иако потоа еврејските толкувачи - рабини наголемо и насекаде каде што пишува книга и запишување, ја поврзуваат оваа „книга“ со самата Тора и даваат свои коментари...
Подоцна и христијанските коментатори и толкувачи го поврзуваат ова со многу од „Новиот завет“.

Инаку во таа „книга“ (Сефер хаХаим) ќе одат само овие, цадиким или праведните можеби и затоа не има толку малку забележано во Откровение само 12*12000 (од секое племе по 12000) :)

"The Gemara goes back to discuss the Day of Judgment.

Rabbi Kruspedai said that Rabbi Yoḥanan said:
Three books are opened on Rosh HaShana
before the Holy One, Blessed be He:
  1. One of wholly wicked people,
  2. and one of wholly righteous people,
  3. and one of middling people whose good and bad deeds are equally balanced.

  1. Wholly righteous people are immediately written and sealed for life;
  2. wholly wicked people are immediately written and sealed for death;
  3. and middling people are left with their judgment suspended from Rosh HaShana until Yom Kippur, their fate remaining undecided.
    If they merit, through the good deeds and mitzvot that they perform during this period, they are written for life; if they do not so merit, they are written for death.

Rabbi Avin said: What is the verse that alludes to this?

“Let them be blotted out of the book of the living, but not be written with the righteous” (Psalms 69:29).

“Let them be blotted out of the book”; this is the book of wholly wicked people, who are blotted out from the world.
“Of the living”; this is the book of wholly righteous people.
“But not be written with the righteous”; this is the book of middling people, who are written in a separate book, not with the righteous.

Rav Naḥman bar Yitzḥak said:
This matter is derived from here:
“And if not, blot me, I pray You, out of Your book which you have written”
(Exodus 32:32).

- Talmud, Tractate Rosh Hashanah
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.402
Поени од реакции
4.775

...признавам,имам голем проблем со човечките хиерархиски творенија и толкувања кога станува збор за нашата духовност
...сите мои двојби и сомнежи почнуваат и завршуваат со мерката за добро и зло.Знам дека многумина одма би рекле дека двојбите и сомнежите се дело на Лукавкото,но каде е реалната граница и мерка на истите?
...во нас самите?
...или измислуваме цели и состојби кои не се реални,за да би научиле како да живееме во сегашноста?
 
Не постои мерка за добро и зло ако ја погледнеш Земјата под твоите нозе, а наоколу гледаш вечна ноќ бидејќи не постои светлина во универзумот, освен трепкања на далечни ѕвезди во бесконечниот универзум :)
Едно е да си дел од таблата шах, друго е да ја гледаш одозгора... тоа може да даде и одговор на тоа „зошто има војни ако богот е праведен“.
Зошто овој страда а јас не...

Затоа насекаде бројот на овие праведни е премногу мал во однос на мноштвото... некако, како да не е битно мноштвото, иако од тоа мноштво доаѓаат овие праведните! :)
Исто и иницијантите, гениите и Мајсторите кои го менуваат човештвото. Кој да му најде крајот....
Книгата ќе се пишува долго и нашироко, боговите не можат без човекот!
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.901
Поени од реакции
5.030
...признавам,имам голем проблем со човечките хиерархиски творенија и толкувања кога станува збор за нашата духовност
...сите мои двојби и сомнежи почнуваат и завршуваат со мерката за добро и зло.Знам дека многумина одма би рекле дека двојбите и сомнежите се дело на Лукавкото,но каде е реалната граница и мерка на истите?
...во нас самите?
...или измислуваме цели и состојби кои не се реални,за да би научиле како да живееме во сегашноста?
Од кај ти „доаѓаат„ поимите за „добро„ и „зло„?...
Како настанале тие две квалификации за човечките дејанија?...
Сами од себе?...
Онака?...
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.402
Поени од реакции
4.775
Од кај ти „доаѓаат„ поимите за „добро„ и „зло„?...
Како настанале тие две квалификации за човечките дејанија?...
Сами од себе?...
Онака?...
...понекогаш доаѓам до заклучок дека се социјална и друштвена воспитна мерка,а понекогаш имам впечаток дека ги носиме како убав украс на нас за да си ја "нахраниме" душата со спокој(или неспокој)...па ко како воли нек изволи :)
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.901
Поени од реакции
5.030
...понекогаш доаѓам до заклучок дека се социјална и друштвена воспитна мерка,а понекогаш имам впечаток дека ги носиме како убав украс на нас за да си ја "нахраниме" душата со спокој(или неспокој)...па ко како воли нек изволи :)
Очекуван одговор од лик кој смета дека научните вистини се оние вистинските и од кои нема поуба‘и....:icon_lol:

Ако квалификациите „добро„ и „зло„ постојат само како последица од социолошките дејанија и влијанија, тогаш како тие поими станале основа за етиката?...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom