- Член од
- 28 јануари 2010
- Мислења
- 1.595
- Поени од реакции
- 1.138
Во стариот и новиот завет се спомнува термин "книга на животот" во која се впишуваат имињата на праведниците, односно се бришат имињата на неправедните.
И секој од нив со различна придобивка/губиток од тоа.
2 Книга Мојсе 32
31. И се врати Мојсеј при Господа, и рече: “Ти се молам, Господи, овој народ направи голем грев, оти си направи бог од злато.
32. И сега прости им го гревот нивни; ако ли, пак, не, тогаш избриши ме и мене од книгата Твоја, во која си ме запишал.”
Праведен и неправеден се одредува по друга книга, односно книга на законот.
Кој ги следи упатствата од нигата на законот , неговото име ќе биде запишано во книгата на живите или ако го не го следи законот ќе биде избришан од книгата на живите/животот.
Откровение 20
12. Потоа ги видов мртвите, мали и големи, како стојат пред Бога; се отворија книги, и друга книга се отвори – книгата на животот; и судени беа мртвите според запишаното во книгите, според делата нивни.
Данаил 12
1. И во тоа време ќе се крене Михаил, големиот кнез, кој ќе ги брани синовите на твојот народ, и ќе настане време тешко, какво што немало откако постојат луѓето, па сè до денес; но ќе се спасат во тоа време од твојот народ сите, кои ќе се најдат дека се запишани во книгата.
2. И многумина од оние што спијат во земниот прав ќе се разбудат – едни за живот вечен, а други за укор и срам.
Ѕверот кој излегува од морето со 7 гвлави и 10 рога, ќе ги победи светтите или оние кој нема да му се поклонат.
7. И му се даде да војува против светиите и да ги победи; му се даде власт над секое колено, јазик и народ.
8. И му се поклонија сите жители земни, чии имиња не се запишани во книгата на животот при Агнецот, заклан од созданието на светот.
Како изгледа книгата на животот.
Откровение 5
1. И видов во десницата на Оној, Кој седеше на престолот, книга напишана одвнатре и однадвор, запечатена со седум печати.
2. И видов силен ангел, што викаше со висок глас: „Кој е достоен да ја отвори книгата и да ги скрши печатите нејзини?”
3. И никој не можеше, ниту на небото, ниту на земјата, ниту под земјата, да ја отвори книгата, ниту, пак, да ја гледа.
4. И јас многу плачев, дека никој не се најде достоен да ја отвори и да ја прочита таа книга, ниту да ја гледа.
5. А еден од Старците ми рече: „Не плачи! Ете, победи Лавот, Кој е од Јудиното колено, Коренот Давидов, победи да ја отвори книгата и да ги скрши нејзините седум печати!”
6. Погледав, и ете, среде престолот и четирите животни и среде Старците стоеше Агнецот, како заклан, со седумте рога и седумте очи, кои што се седумте духови Божји, пратени по целиот свет.
7. Он дојде и ја зеде книгата од Оној, Кој седеше на престолот.
Што според вас се крие позади терминот "Книга на животот"?