Споменици Скопје 2014

  • Креатор на темата Креатор на темата alf
  • Време на започнување Време на започнување
Прометеј го пренесува огнот на човекот на Земјата бидејќи го љуби човекот и го согледал човештвото како апсолутна променливост низ времињата (Прометеј значи Предвидувач, согледувач на нештата пред време) , за разлика од боговите на Олимп.

Дали сатаната од еврејските учења го љуби човештвото? Или е љубоморно на човекот?
Има разлика, освен кога сака некој да сатанизира сешто, тогаш нема разлика...
 
Најнапред, објасни што значи „...сакај го непријателите свои...„ па ќе ти одговорам...
Тоа се зборови на Исус.

44. А Јас, пак, ви велам: љубете ги непријателите свои, благословувајте ги оние што ве колнат, правете им добро на оние што ве мразат и молете се за оние што ве навредуваат и гонат

Сакаш да ти ги протолкувам?
 
На Олимп никој и никад не видел „гнездо„ во кое „претстојуваат„ Елинските богови, но ајде и тоа да го земеме само како религиско-митолошко толкување на Светот и животот од страна на Елините.

Тоа што Прометеј е „загрижен„ за „образованието„ од плебсот па им го дал (на луѓето/плебсот) украдениот оган, е „ствар„ на толкување.

Сатанаил е љубоморен на Бога, меѓу другото, и затоа што Бог го створи човекот за да ја пополни Небесната празнина створена по истерувањето на 1/3 од Ангелите (кои тргнаа по умот од Сатанаил) и затоа што Бог го смета токму човекот за свое врвно дело (а не само Ангелите), ради кое Синот Божји слезе на Земјава и доброволно прифати смрт, ради откуп и спасение на целиот човечки род.

Да, разлика има во толкувањата, гледани низ различни религиозно-философски “филтри“, но мене ме занина точното толкување на феноменот “Прометеј„ и неговото пројавување и провлекување низ целата човечка историја.
Автоматски споено мислење:

Тоа се зборови на Исус.

44. А Јас, пак, ви велам: љубете ги непријателите свои, благословувајте ги оние што ве колнат, правете им добро на оние што ве мразат и молете се за оние што ве навредуваат и гонат

Сакаш да ти ги протолкувам?

Па секако дека сакам (и чекам) да ги протолкуваш, ама правилно, не по твојот памет...

Ајде, навали на толкување. :)
 
  • Љубов
Reactions: alf
На Олимп никој и никад не видел „гнездо„ во кое „претстојуваат„ Елинските богови, но ајде и тоа да го земеме само како религиско-митолошко толкување на Светот и животот од страна на Елините.

Тоа што Прометеј е „загрижен„ за „образованието„ од плебсот па им го дал (на луѓето/плебсот) украдениот оган, е „ствар„ на толкување.

Сатанаил е љубоморен на Бога, меѓу другото, и затоа што Бог го створи човекот за да ја пополни Небесната празнина створена по истерувањето на 1/3 од Ангелите (кои тргнаа по умот од Сатанаил) и затоа што Бог го смета токму човекот за свое врвно дело (а не само Ангелите), ради кое Синот Божји слезе на Земјава и доброволно прифати смрт, ради откуп и спасение на целиот човечки род.

Да, разлика има во толкувањата, гледани низ различни религиозно-философски “филтри“, но мене ме занина точното толкување на феноменот “Прометеј„ и неговото пројавување и провлекување низ целата човечка историја.
Секогаш има „разлики“ и „превези“ во однос на овие универзални симболи. Тоа го кажав од почетокот.

Тоа се почесто ќе го докажуваме тука... и на крајот сигурно ќе дојдеме до тоа дека не постои зло во однос на симболот, дека човештвото е едно, освен кога намерно користиме религиозно-философска матрица која ги исклучува сите други значења за еден симбол за да докажеме дека само она што произлегува од ограничувачка матрица е вистинското нешто за симболот.
 
Симболот (SUMM BALO) сам по себе не мора да е зло, туку битно е што „стои„ зад самиот симбол, и што тој симбол треба да поврзе („симпатетичко спојување на две одвоени/раздвоени нешта„) и што порака треба да пренесе симболот до плебсот...
 
Пораката е едноставна до плебсот (плебсот бре :) ):

Малубројните сериозни практичари и иницијанти, чувари на знаења кои се пренесуваат со еони низ човековата историја, ја видоа големата празнина и невистина која се шири како болест во однос на магиката и Телемата(волјата) и решија да излезат од својата таинственост и да почнат да ги „издаваат“ своите тајни за да бидат достапни секому.
Тие увидоа дека моќта која ја нудат тајните знаења не лежи само во аристократијата, ами открија дека и оној селанец со раце испукани од земјата, ако ги изведува праксите може да ги искористува моќите кои ќе ги здобие. Тие увидоа дека „Секој маж и секоја жена е Ѕвезда“!“
- 666ти пат за Телема или по нашки, Волја :)

Со други зборови: симболите насочуваат кон иницијација на човештвото. ОД секогаш било така... :coffee:
 
Најнапред, објасни што значи „...сакај го непријателите свои...„ па ќе ти одговорам...
Кај го погоди најтешкото прашање.
Прво, секој човек својата љубов му е насочена само кон блиските, оние домашните и најпотесното семејство.

Да сакаш, но во онаа духовна смисла значи да даваш дел од својата душа во емотивна смисла.Твојте емоции да им бидат како леб за нивната душа.Научени сте кој што ви дава како храна за емоциите, идентично да возвратите, кој дава љубов и ти му даваш љубов, кој дава омраза и ти возвраќаш со исто.
Исус вели друго.
Сакајте ги непријателите.
Ако имаш карши тебе некој што ти е непријател нарани го со што твојата душа ќе му биде леб-мек, а не камено срце да имаш.

Исто важи во обратен правец, ако твојте емоции, гнев, лутина се на површина тие бараат храна, но со камен не се ранат туку со леб, тоа значи да ги исполниш гневот и омразата со што ќе ги видиш омразените како страдаат(омекнале), дали физички си ги победил или друг ги поразил, ти си го наранил гневот и омразата.

Да посакуваш страдање на друг човек кој по било која причина го сметаш за непријател(верски убедувања) само за да покажеш дека твоето верување е исправно ,а нивното грешно е ништо друго освен ранење на омразата, злобата и гневот.

Послушај ги зборовите на Исус ако веќе си одбрал да го следиш и храни ги гладните.Сакај ги непријателите.
 
Ај обиди се пак...мож да ти успеи.

Во меѓувреме, врати се на темата, оти на неа чат-пат пишуваш по нешто, кое, види случајно, може да биде и точно.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: alf

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom