Ќе објасни некој од Чкембари, зошто трибината на претходниот натпревар против МЗТ, во С.Ц. Јане Сандански беше празна?
Ниту имавте забрана, ниту па РКП и ФКП кои ви се приоритетни клубови имаа натпревар.
КК Пелистер се бори за титула, натпреварот е буквално одлучувачки, а вие ладно си седите дома. На два ебани натпревари годишно треба да се појавите, и тоа не го правите.
Важно, во Струга сте редовни, на турнирот кој има помала важност од играњето сервис кај мене во маало. Ама таму е Вардар, нели?

А сега, кога и онака дремете по Широк Сокак и немате активности, не одите на одлучувачкиот натпревар за титула. Зошто? Силата ви се виде уште на минатиот натпревар, кога дојдовте со бројка за пола комбе, и знаме кое го држевте 30 души. Повеќе гледавте лево и десно, отколку на паркетот. Можеби тука се крие, главната причина за вашето недоаѓање.
И сево ова ќе поминеше неприметно, како и целата ваша измината сезона, за која од пола натпревари, од срам не ни вадете фото извештај...ама, сами си се наместивте.
800 страници текст на форумов испишавте со коментари "Оти Комити не одат на ракомет", иако на сите многу добро ви е познат ставот на групата, дека приоритет е ФКВ, а на РКВ се оди исклучиво на одлучувачки домашни натпревари, како и на натпревари од СЕХА/ЛШ кои патем не смеат да се поклопуваат со терминот на одигрување на ФКВ.
И сега, откако се изрезиливте, што праиме?
Бидејќи сте буквално без компас, најубаво е да направите едно ударно знаме "БОЈКОТ" и да го фурате, дур не ја оправите групата како што треба. Еве, до тогаш не вадете извештаи, чуда. Ние, ќе се праиме дека не постоите, како што и не постоите, и тоа е тоа.
А па кој ве брани...Лозари

)
Никогаш мислам дека Комити немаат гостувани против факинг РК Тиквеш. Зошто очекувавте дека сега тоа би го направиле? Поради тоа што вие навивате на РКТ? Озбилни сте? Бруки едни, мислите дека и другите како вас функционираат, според вашето правило "Ќе навиваме на гости, само ако има домашна навивачка група"...со кој сме ривали ние...
И за крај, да пишеш дека ни е страв да одиме во Кавадарци, после гостувањето од 2500+ луѓе, е онака...у најмала рака глупо. Ама вие си знаете