Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Предпоставувам колата е бензинец со мал мотор...дизел и поголем мотор воопшто не треба да додаваш гас за тргнеш освен на екстремни угорници.

Инаку нема што да се блокираш...и да се случи запали ја кола повторно и гледај на ретровизори за да се вклучиш...се работи за осет пред се и си треба искуство кое доаѓа со возење. Најди некој угорен пат кај што нема толку коли и вежбај.
Автоматски споено мислење:

Ако била стварно голема удолница пошол антифризот на една страна во резерварчето па ништо чудно да светнало...провери го нивото кога колата е на рамно паркирана и кога моторот е ладен, пред прво палење. Ако фали ќе дотууриш.
Го проверив на првата бензиска кога излегов на рамно, антифриз имаше доволно, помеѓу минимум и максимум. Од бензинската до дома на пат со нормални угорници-удолници извозав 20тина км и не почна да свети повторно. Исто така ни на удолницата ни после тоа температурата на моторот не надмина 90 степени.
 
Последно уредено:
Ама најчесто инструкторите цртаа линии у кола кои беа од огромна корист при паркирање.
Ако ти кажам на што се се ориентирав кога полагав на стариот полигон во Прилеп, со нашата Дијана 6 во 1994 година, ќе се скиниш од смеење.
 
Ти одговорија веќе дека положив пред 6 и пол години. И од тогаш до сега нормално е човек да изгуби осет.
Абе не се паничи, машко си или шо :D Еднаш, два пати ќе го наштелуеш осетот и после рутина ќе ти стане.
Убоо ти рекоја, ако можеш или на некој полигон, ако не у некое село и пробуај.
 
Ако ти кажам на што се се ориентирав кога полагав на стариот полигон во Прилеп, со нашата Дијана 6 во 1994 година, ќе се скиниш од смеење.
Posto i jas na toj poligin polagav sega sum radoznal :D
 
Posto i jas na toj poligin polagav sega sum radoznal :D
Дијаната имаше нула прегледност затоа што стаклата на вратите не се спуштаат надолу туку одат на напред плус има помал ајншлак од Југо и 101 а димензионо беше во таа категорија. За да ја внесам во просторот требаше да се ориентирам не према линии туку према едни дупки што ги имаше на асфалтот. За влакно не ја соборив пречката пред мене.
 
и јас полагав со едно Саксо без серво, рацете да ти паднат мотајќи воланот на полигон. Имав линии на стаклата за да се водам, иако ми ги избриша таа инструкторката пред да полагам да не видат, па морав да меморирам каде биле линиите. Положив без никакви замерки, но градска 3 пати ме паѓаа.
 
Биди среќен со Фиќо што не си полагал. Нај јако беше кога полагавме рачна на угорницата на Варош кај манастирот Архангел Михаил, ако не успееш да тргнеш има по удолницата да те бараат :ROFLMAO:
 
Вчера при спуштање на прилично голема удолница ми светна low coolant level индикаторот, застанав на бензинска да видам дали снемало антифриз случајно, гледам дека е во границите на нормала, палење колата повторно индикаторот не свети повеќе, совет некој дали е можно да светнал порати удолницата или си има некоја друга мака?
Opel или Peugeot?
Автоматски споено мислење:

Биди среќен со Фиќо што не си полагал. Нај јако беше кога полагавме рачна на угорницата на Варош кај манастирот Архангел Михаил, ако не успееш да тргнеш има по удолницата да те бараат :ROFLMAO:
 
Кај можам да најдам шофершајбна за Форд Фиеста 98ма година?
 
Кај можам да најдам шофершајбна за Форд Фиеста 98ма година?
Јас земав од кај Албанците/отпадите накај Тетово . Има и еден Благоја накај Јурумлени има делови . Да прашаш наоколу ?
 
Јас земав од кај Албанците/отпадите накај Тетово . Има и еден Благоја накај Јурумлени има делови . Да прашаш наоколу ?
Дај ако имаш телефон испрати ми во порака
 
Јас земав од кај Албанците/отпадите накај Тетово . Има и еден Благоја накај Јурумлени има делови . Да прашаш наоколу ?
како се движат цените за оригинални половни
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom