Лажни пророци

  • Креатор на темата Креатор на темата alf
  • Време на започнување Време на започнување
Проверувај потекло на зборови во иднина.
Многу може да се научи а и да се најде подлабока смисла за нештата.
...тој што бара и ќе најде @Хептаграм XI ,не се сомневам во тоа :)
...но според мене,ниедно живо битие не е предодредено да биде верник и да верува во нешто во спротивност на своите лични очекувања и стравови
...ставовите,делувањата и мислењата,во смисол на нашиот духовен правец,доаѓаат од тој извор
 
Стравовите се менуваат со искуство, така да ќе испадне дека секој има свој пат кој што не држи догма да има на него, само промена - кон подобро нормално.

Од тука пак ако најдеме дека има пророци, тие пророци зборуваат за нови искушенија и стравови, и не треба да има лажни пророци, за да не се коси со горниот став: дека се е постојана промена.
 
...знам дека не е пристојно да одговорам со прашање,но не гледам друг начин
...зошто веруваш во Исус Христос и Бог?
...верување = очекување

- Верувањето е вродена и насушна човекова потреба, а можам да верувам „на збор„ и да му верувам на некој лик кој го изнел зборот.
- Верувам во Едниот Господ Исус Христос, оти под капава небесена нема друго име, кое за човекот (како род) го сторило тоа кое го сторило.
- Верувањето не е очекување, оти Христос не го донесе она кое од Него го очекуваа Неговите сонародници (по тело).
- Христос го ветува и го носи само она кое се човекот е реално потребно, а за повеќето од луѓето е небитно и неприфатливо.

Како што можеш да (у)видиш, верувањето најчесто е различно од очекуваното...
 
Ај уште миљон пути повтори го прашањево, па можеби некој од форумџиите ќе ти понуди одговор по твоето очекување....
Немам очекувања, само зборови кој забележувам како делуваат на човека.Тие имаа голема сила, умеат да продрат длабоко и да "разделат" месо од коска.
Еден збор различни чуства побудува, зависи каква поставеност од одредена мисла, идеа или став има изградено поединец.Иако зборуваме за може некој банални теми, мудрите ќе извечат поуки, а неразуните ќе се гневат и бунтуваат како би го задржале комфорот кој навидум некој им го разнишал.

Пророци постоеле за да шират одредено мисла.Дали е опомена, казна , награда или благодет тие преку зборови се внесува,а со помош на некој настан стануваат јаве, уверливо и вистинито со што ќе биде прифатена таа мисла која после добива тек на ширење.

После следи одреден начин на живот, ритуали и пракси , свети книги и ете ти живот на некој бог или божество кој ќе биде бранет до смрт од верниците.

Истото ова може да го испишам и за политиката и политичарите.Зборови, ветувања, многу следбеници, вградена идеа, со прст вперено кон противник, луѓето со животот ќе ги штитат и бранат.

Да знаеш во иднина , вистински пророк не употребува зборови (фонично или во пишана форма) за да всади закон, мисла или идеа, тоа го прави поинаку.
А лажен пророк користи зборови.

Прочитај во откровение..од УСТАТА на лажниот пророк, змевот и зверот што излегува.
 
- Верувањето е вродена и насушна човекова потреба, а можам да верувам „на збор„ и да му верувам на некој лик кој го изнел зборот.
- Верувам во Едниот Господ Исус Христос, оти под капава небесена нема друго име, кое за човекот (како род) го сторило тоа кое го сторило.
- Верувањето не е очекување, оти Христос не го донесе она кое од Него го очекуваа Неговите сонародници (по тело).
- Христос го ветува и го носи само она кое се човекот е реално потребно, а за повеќето од луѓето е небитно и неприфатливо.

Како што можеш да (у)видиш, верувањето најчесто е различно од очекуваното...
...убаво ти мене ми наброја како тоа функционира
...но,јас те прашав зошто е тоа така? :)
...никој не верува во нешто од кое не очекува нешто подобро за себе(во овој случај,читај спасение од лошото,Рај итн.)
 
Што не е јасно во мојот допис (одговор) кон твоите прашања?...
Автоматски споено мислење:

...но,јас те прашав зошто е тоа така? :)

Да бидам појасен; подобјасни го прашањево па ќе се обидам да ти доодговорам...
 
Пророци постоеле за да шират одредено мисла.
Пророк според етимологијата е човек кој што зборува во името на божество, има контакт со божественото и не шири одредена мисла туку според она што означува пророк ( "person who speaks for God; one who foretells, inspired preacher," from Old French prophete, profete "prophet, soothsayer" (11c., Modern French prophète) and directly from Latin propheta, from Greek prophētēs (Doric prophatēs) "an interpreter, spokesman, proclaimer; a harbinger" (as cicadas of summer), but especially "one who speaks for a god, inspired preacher or teacher," from pro "before" (from PIE root *per- (1) "forward," hence "in front of, before") + root of phanai "to speak" (from PIE root *bha- (2) "to speak, tell, say"), пророкот директно комуницира со бог или битие кое што нема материјална природа како човекот и ја споделува идејата на богот (кој што за чудо не може да комуницира со секој човек на Земјата)... затоа и не може да има лажни пророци ако за некој велиме или утврдиме дека е пророк!

А како утврдува некој дали човекот е пророк? Дали секој може да утврди или потребно е да е човек на одредена патека за да може да пресуди правилно, без предрасуди и ограничувања од неговите верувања и ритуали на обожување и философија на живеење?

Можеме да велиме за даден човек дека „лаже дека е пророк“, а не дека е лажен пророк. Лажен пророк не наведува да мислиме, да човекот има контакт со божественото односно Е пророк, но зборува лажно или е пророк на лажно божество!

Ако утврдиме дека е пророк на лажно божество, значи сепак не е еден бог или лошо разбрале наследниците во однос на ова „еден бог“... не може еден ист бог да е лажно божество ако пророкот не е христијанин од дадена црква, а ако е тогаш да е вистинско божество. Тоа се човечки мудрувања и политички мотивирани ставови кои водат кон пропаст.

Така да, мислам дека треба да се држиме до она што вели „Книгата на Законот“:
„Сите зборови се свети и сите пророци вистинити; освен што тие разбираат малку..“
- Liber AL, I:56

И за да биде јасно што сакам да ви кажам насите:
Сето она зборување за лажни пророци и богови доаѓа од старите религии како исламот и христијанството, една од алатките да се осудува туѓата надеж и искушенија на Земјата, заради една причина: опијанетоста од моќта врз човекот.
Еден од начините да се исполни пророчката мисија на Исус, да подели брат со брат, татко од син, мајка од ќерка...
Тоа не го сакате нели? Или пак не сте дојдени до толку во однос на религиите, доволни ви се адетите и пијанчењето на празници и имендени?
Ако е така, спасени сте... мирна глава.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom