Во право си, но за жал добар дел од рајата нема вистински професионални вештини од некоја барана професија во државите членки на ЕУ.
Тие кои јас лично ги познавам, а кои извадија татарски пасоши, слободно можам да потврдам дека до последен се полуписмени - да не речам неписмени, а пред да фатат џаде со татарските пасоши немаа никакви професионални вештини од некоја барана професија во државите членки на ЕУ.
Од друга страна, тие кои ги познавам, а кои се писмени луѓе со професионални вештини за професии кои се барани во државите членки на ЕУ, се изнашетаа низ Европа со македонски пасоши и се вратија во Македонија бидејќи никогаш не ни планираа да се селат во странство, туку само да прошетаат и да заработат некој денар повеќе.
Во ред, ако мора да ти се нацрта, повели.
Да ти посочам дека иако линкот е од Вечер, сепак изворот на веста е МИА, државна информативна агенција, а статијата е од март 2006 додека плавите жолтици сеуште беа на власт.
Токму во овој период Французите и Холанѓаните го отфрлија Европскиот Устав на референдуми, поради што се појави скептицизам за било какво понатамошно проширување на ЕУ, и токму од тука се појави идејата за привилегирано партнерство со ЕУ наместо полноправно члеснтво.
https://vecer.mk/uncategorized/за-македонија-нема-место-во-еу/
За Македонија нема место во ЕУ?
14.03.2006
Во Холандија и Франција расте отпорот кон натамошно ширење на ЕУ, така што партиите на власт во тие земји отворено се против “балканизација” на Европа, пишува вчера виенскиот весник “Пресе”. “ЕУ може да има најмногу 27 земји-членки, па со тоа, по Романија и Бугарија мора да се стопира понатамошното проширување”, се наведува во соопштението на холандските демохристијани, што го пренесува весникот, и се додава дека за земјите како Хрватска, Турција или Македонија нема место во ЕУ, а за Србија и Босна воопшто и не треба да се разговара. Во соопштението се посочува дека на тие земји може да им се даде статус на привилегирано партнерство со ЕУ. Холандските демохристијани сметаат дека на балканските земји треба да им се одземе статусот-кандидат за ЕУ, додека земјите како Белорусија и Украина треба да се окарактеризираат само како “добри соседи”. Со таквите популистички настапи холандските демохристијани се надеваат дека ќе освојат голем број гласови на следните избори во 2007 година, наведува “Пресе”. Според весникот, и Франција е резервирана кон натамошното проширување на ЕУ, а фаворитот на наредните претседателски избори, десничарот Никола Саркози, не крие дека балканските земји би ги оставил уште долго пред вратите на обединета Европа. Шефот на француската дипломатија Филип Дуст-Блази користи подипломатски речник кога се работи за проширувањето на ЕУ, но во суштина се согласува со Саркози дека балканските земји не се добредојдени, оценува виенскиот весник.
(МИА)