Комунизам, злото на 20-от век?

Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.621
Поени од реакции
42.151
Изненадуваш можеш и подобро, кој тоа даночно помалку е оптоварен, се надевам не мислиш дека целата заедница е на грбот на бизнисмените, и патем кој има поголем бенефит од системот еден работник или бизнисменот(тајкун, олигарх клептоман итн итн), вака само оставаш простор некој да помисли дека работникот ужива повеќе од колку што заслужува...

Шо праиме со глупите и хендикепираните? Ќе отвараме печки или логори?
Како тоа социјализмот го кочи развојот?
па го кочи зошто секој човек е мотивиран од пари. Ако не го плаќаш колку што вреди, нема да биде доволно продуктивен. Тоа е една од најголемите причини зошто комунизмот пропадна. Превработеност и неработење. Плус поради што све е државно, крадењето капак.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.435
Поени од реакции
5.150

Не би рекол.
Ова што си го напишал е една од најголемите манипулации.
Инаку социјализмот “пропадна“ затоа што некој упорно работеше на тоа а се повикуваше на најдолните човечки...
..имено дојде до тоа да секој слуга наместо да сонува слобода почна да сонува како и тој да стане господар и да има свои слуги ... па така овие пориви се искористија и на, во случајов ЕхЈУ, на масите им се продаваше дека сите тие ќе бидат бизнисмени-газди-капиталисти и сите сонуваа таков сон, но заборавија дека некој мора и да работи, да биде експлоатиран за некој да биде бизнисмен.
 
сеа ти можеш тоа да го толкуваш како сакаш, но кога има за капиталистите, има и за работниците. Кога нема за капиталистите, нема за никого. Модерниот капитализам ни од прилика не е суров како што бил пред стотина години кога работеле луѓето по 60+ часови неделно. Кина е комунистичка земја па луѓето работат таму по 72 часа неделно.

The 996 working hour system (Chinese: 996工作制) is a work schedule practiced by some companies in the People's Republic of China. It derives its name from its requirement that employees work from 9:00 am to 9:00 pm, 6 days per week; i.e. 72 hours per week.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
Изненадуваш можеш и подобро, кој тоа даночно помалку е оптоварен, се надевам не мислиш дека целата заедница е на грбот на бизнисмените, и патем кој има поголем бенефит од системот еден работник или бизнисменот(тајкун, олигарх клептоман итн итн), вака само оставаш простор некој да помисли дека работникот ужива повеќе од колку што заслужува...

Шо праиме со глупите и хендикепираните? Ќе отвараме печки или логори?
Како тоа социјализмот го кочи развојот?
Не спомнав никаде глупите и хендикепираните, т.е да бидам попрецизен, небитно на системот сметам дека помош од државата треба да добијат само луѓе кои се навистина неспособни за работа.
За здравите би оставил простор за помош само во случај на губење на работно место (за да не се злоупотреби би го ограничил на некои 3-5 месеци во рок од 5 години).

Социјализмот е добар за земји во развој, со сите ресурси во заедницата да се направи инфраструктура и да се постават основите.
Ако сакаш прогрес и експертиза до совршенство, потребна е мотивација (генерално парите го мотивираат секого).
Комунистите успевале оваа мотивација да ја доловат со хард кор методи каде ако не дадеш се од себе или ќе завршиш без глава, или ќе дробиш камења додека не умреш.

Капитализмот од друга страна ти дава отворена опција, ако сакаш да си го ладиш, ќе живееш поскромно, или ќе останеш на улица. Ако решиш да работиш турбо, и ако ти фаќа главата, ќе ги уживаш бенефитите на материјалниот свет. Генерално ти е добар за земји кои веќе имаат поставено добра основа, и останува „простор за натпревар“.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.435
Поени од реакции
5.150
сеа ти можеш тоа да го толкуваш како сакаш, но кога има за капиталистите, има и за работниците. Кога нема за капиталистите, нема за никого. Модерниот капитализам ни од прилика не е суров како што бил пред стотина години кога работеле луѓето по 60+ часови неделно. Кина е комунистичка земја па луѓето работат таму по 72 часа неделно.

The 996 working hour system (Chinese: 996工作制) is a work schedule practiced by some companies in the People's Republic of China. It derives its name from its requirement that employees work from 9:00 am to 9:00 pm, 6 days per week; i.e. 72 hours per week.
Ајде вака, во СССР е за прв пат воспоставен системот 8+8+8 според тебе за да им се наштети на капиталистите...
Инаку модерниот капитализам е уште посуров и од ропството. Во робовладетелството робовладетелот морал да се грижи за своите робови за нивното здравје, едукација за да може да му работат, за нивно сместување и затоплување во текот на зимата, во модерниот капитализам работникот е оставен на самиот себе, да се бори со ветерници, да се грижи за дом, лекување, да ги едуцира децата за да можат уште подобро да му служат на газдата.. и се друго, ако случајно некое од неговите деца добие тешка болест, газдата го упатува на државата или само што не му рече па ти си неспособен зошто не си оставал пари за сега да имаш да платиш лекување (или сега што е модерно ќе продаде еден бубрег па ќе плати операција, што да ти речам сосема капиталистички) и тој на крајот е принуден да бара донации преку разни мрежи, зошто само за да си го спаси своето дете, ама модерен капитализам ееееј, светско чудо.
Што е уште пострашно преку разни форми на програмирање сите останати во општеството ги убедил дека некој е бездомник затоа што не е способен, дека нема работа затоа што е мрзелив (за да оправда вакво нечовечко однесување ќе најде поединци кои се такви и ќе ГЕНЕРАЛИЗИРА) и кога нема некој пари за да плати струја па ќе му ја исклучат сите во еден глас велат нека му е зошто јас плаќам а тој не, се ни е пред очи само кој да види.

Социјализмот е добар за земји во развој, со сите ресурси во заедницата да се направи инфраструктура и да се постават основите.
Ако сакаш прогрес и експертиза до совршенство, потребна е мотивација (генерално парите го мотивираат секого).
Комунистите успевале оваа мотивација да ја доловат со хард кор методи каде ако не дадеш се од себе или ќе завршиш без глава, или ќе дробиш камења додека не умреш.

Капитализмот од друга страна ти дава отворена опција, ако сакаш да си го ладиш, ќе живееш поскромно, или ќе останеш на улица. Ако решиш да работиш турбо, и ако ти фаќа главата, ќе ги уживаш бенефитите на материјалниот свет. Генерално ти е добар за земји кои веќе имаат поставено добра основа, и останува „простор за натпревар“.
Не би се сложил ниту со ниту една твоја теза.
Токму спротивното за воведување на социјалистички систем потребно е техносферата да биде на високо развојно ниво.
Монетарниот систем е темелот врз кој подоцна се се гради (нпр. во Библијата на избраниот народ му се вели да дава на заем ама само со камата особено на оние кои не се избран народ, во Куранот се вели да се дава заем без камата и е забрането да се зема камата - некој е против капитализмот некој е за- од секогаш е така). Всушност се е манипулација. Се почива на принципот подели па владеј (манипулирај).
За твоја инфо во минатиот век во Шведска применија систем поделба на акции за да ги мотивираат работниците, зошто не го примениле принципот дај му поголема плата и тој ќе ти работи 24/7/365 туку се одело на оваа решение. Значи твојот принцип давај повеќе пари може да опстане само кога имаш една голема маса на работна сила која е во резерва и секогаш можеш овој да го р'мбаш до 101 и назад.

За комунистите велиш дека ги присилувале работниците да работат 8 часа а овие сакале 16 и тогаш уште морале со хард-кор методи, за ова не сум знаел може некој пример, колку ми е мене познато комунистите најмногу се пресметувале со идеолошки противници (буржоазија тнр.) а не со широки маси.

Капитализмот е систем кој опстојува се додека има профит, штом профитот се намалува се оди на војна и грабеж. Би рекол дека принципот е ист со милениуми, ништо не се сменило, богатите ќе потплатат 1/2 сиромашни да ја убие 1/2 сиромашни и повторно победуваат богатите.
Систем кој функционира нели!
 
Последно уредено:
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.527
Поени од реакции
2.623
Не спомнав никаде глупите и хендикепираните, т.е да бидам попрецизен, небитно на системот сметам дека помош од државата треба да добијат само луѓе кои се навистина неспособни за работа.
За здравите би оставил простор за помош само во случај на губење на работно место (за да не се злоупотреби би го ограничил на некои 3-5 месеци во рок од 5 години).

Социјализмот е добар за земји во развој, со сите ресурси во заедницата да се направи инфраструктура и да се постават основите.
Ако сакаш прогрес и експертиза до совршенство, потребна е мотивација (генерално парите го мотивираат секого).
Комунистите успевале оваа мотивација да ја доловат со хард кор методи каде ако не дадеш се од себе или ќе завршиш без глава, или ќе дробиш камења додека не умреш.

Капитализмот од друга страна ти дава отворена опција, ако сакаш да си го ладиш, ќе живееш поскромно, или ќе останеш на улица. Ако решиш да работиш турбо, и ако ти фаќа главата, ќе ги уживаш бенефитите на материјалниот свет. Генерално ти е добар за земји кои веќе имаат поставено добра основа, и останува „простор за натпревар“.
Напротив социјализмот е ужасен за држави што никогаш не биле капиталистички (во вистинска смисла на зборот). Како ќе поделиш богатство кога сите се сиромаси :) . И историски гледано, закрепастени држави што ги имплементирале добрите работи од капиталзмот (меритократија, слободен пазар, компетативност, ниски даноци и сл) во рок од генерација се воздигнале да го добијат стандардот од држави каде што настанал капитализмот (Сингапур, Хонг Конг, Ј.Кореа, Кина, Тајван, Јапонија, Ирска како пример).

Социјализам може да имаш во држави каде што веќе капитализмот го има достигнато врвот, претежно соц-демократски држави како Скандинавските, не можеш да имаш социјализам во Македонија каде што никогаш не ни имало капитализам.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.435
Поени од реакции
5.150
Социјализам може да имаш во држави каде што веќе капитализмот го има достигнато врвот, претежно соц-демократски држави како Скандинавските, не можеш да имаш социјализам во Македонија каде што никогаш не ни имало капитализам.
Може да има социјализам и во Македонија, кој рекол дека не може и според кои параметри дојде до тој заклучок!?
Социјалистички систем е истоветен со капиталистичкиот, има ист систем на стоково производство, има пазар и се друго единствената разлика е како што реков во тоа што е многу похуман систем од капиталистичкиот.
Всушност разликата е во ВРЕДНОСНИОТ СИСТЕМ, што подразбира поправдена распределба на општественото “благо“.
Сосема спротивно од сега доминатниот светски систем каде 15% од популацијата поседува и троши над 60% од ресурсите а 80% од светската популација троши некои 30-40% од ресурсите што произведува нееднаквост и на крајот таа резултира со нови движења кои можат а не морат да донесат поквалитени решенија.

Порано спомнав дека техносферата е толку напредната (автоматизирано производство) што нема потреба од мануелна работа барем не во тој обем што го има денес, проблемот е што ниту има услови (неподготвена популација) ниту се сака (слој на ... кои управуваат со глобални процеси) да се искористи тој технолошки прогрес.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
Не би се сложил ниту со ниту една твоја теза.
Токму спротивното за воведување на социјалистички систем потребно е техносферата да биде на високо развојно ниво.
Монетарниот систем е темелот врз кој подоцна се се гради (нпр. во Библијата на избраниот народ му се вели да дава на заем ама само со камата особено на оние кои не се избран народ, во Куранот се вели да се дава заем без камата и е забрането да се зема камата - некој е против капитализмот некој е за- од секогаш е така). Всушност се е манипулација. Се почива на принципот подели па владеј (манипулирај).
За твоја инфо во минатиот век во Шведска применија систем поделба на акции за да ги мотивираат работниците, зошто не го примениле принципот дај му поголема плата и тој ќе ти работи 24/7/365 туку се одело на оваа решение. Значи твојот принцип давај повеќе пари може да опстане само кога имаш една голема маса на работна сила која е во резерва и секогаш можеш овој да го р'мбаш до 101 и назад.

За комунистите велиш дека ги присилувале работниците да работат 8 часа а овие сакале 16 и тогаш уште морале со хард-кор методи, за ова не сум знаел може некој пример, колку ми е мене познато комунистите најмногу се пресметувале со идеолошки противници (буржоазија тнр.) а не со широки маси.

Капитализмот е систем кој опстојува се додека има профит, штом профитот се намалува се оди на војна и грабеж. Би рекол дека принципот е ист со милениуми, ништо не се сменило, богатите ќе потплатат 1/2 сиромашни да ја убие 1/2 сиромашни и повторно победуваат богатите.
Систем кој функционира нели!
Не барам да се сложиш, тоа е моето мислење.
Ако гледаш така и постоењето на држава е превара, заеднички интереси и заедничка визија на толку големи групи е само влажен сон.

Абе џабе ти се акции ако не смееш да го продадеш тоа што го имаш. Не им ги знам 100% работите во Шведска, ама од тоа што сум слушал од роднини кои живеат таму, не би сакал да живеам ни еден ден во таква земја, измислена за џаболебари и пијавици.

Па не бегале да спасат жива глава од капиталистичките земји туку од комунистичките. Колку инженери, доктори, научници и сл. имаш што ја киднале како знаат и умеат од бивш СССР?

Мојот принцип е мотивирај го секој да даде максимум, повеќе пари и подобар живот од материјалистички аспект ги мотивар најголемиот број на луѓе.
Автоматски споено мислење:

Напротив социјализмот е ужасен за држави што никогаш не биле капиталистички (во вистинска смисла на зборот). Како ќе поделиш богатство кога сите се сиромаси :) . И историски гледано, закрепастени држави што ги имплементирале добрите работи од капиталзмот (меритократија, слободен пазар, компетативност, ниски даноци и сл) во рок од генерација се воздигнале да го добијат стандардот од држави каде што настанал капитализмот (Сингапур, Хонг Конг, Ј.Кореа, Кина, Тајван, Јапонија, Ирска како пример).

Социјализам може да имаш во држави каде што веќе капитализмот го има достигнато врвот, претежно соц-демократски држави како Скандинавските, не можеш да имаш социјализам во Македонија каде што никогаш не ни имало капитализам.
Ова е мое мислење и како би ги организирал државите.

Социјализмот е добар за да се изгради една држава со тоа што парите се делат низ целиот систем, профитите се помали со тоа што немаш слоеви кои заработуваат 10 пати повеќе од другите, и многу полесно може да изградиш инфраструктура, т.е да поставиш темели.
Од друга страна е депресивен во поглед на мотивација, апсолутни никогаш не би работел подолго од 7 саати ако знам дека имам горен лимит на тоа што може да го заработам, и дури и во тие 7 саати би работел со 60% од мојата реална продуктивност.

Македонија имаш "грабализам“, една од полошите држави во поглед на водење бизнис.
 
Последно уредено:
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.435
Поени од реакции
5.150
Не барам да се сложиш, тоа е моето мислење.
Ако гледаш така и постоењето на држава е превара, заеднички интереси и заедничка визија на толку големи групи е само влажен сон.

Абе џабе ти се акции ако не смееш да го продадеш тоа што го имаш. Не им ги знам 100% работите во Шведска, ама од тоа што сум слушал од роднини кои живеат таму, не би сакал да живеам ни еден ден во таква земја, измислена за џаболебари и пијавици.

Па не бегале да спасат жива глава од капиталистичките земји туку од комунистичките. Колку инженери, доктори, научници и сл. имаш што ја киднале како знаат и умеат од бивш СССР?

Мојот принцип е мотивирај го секој да даде максимум, повеќе пари и подобар живот од материјалистички аспект ги мотивар најголемиот број на луѓе.
Значи се слагаме дека по прашањата од темава не се сложуваме.
Околу постоењето на државата и другото, денес не постои нешто што не може да се доведе во прашање, со релативизација се е можно. Државата како институција може да се гледа од повеќе агли и временски димензии па така може да се дојде до мислење кое денес не е во тренд,
Никаде не барав да одиш да живееш во скандинавските земји, само изнесов пример како ја решиле мотивацијата кај работниците.
Замисли, само на момент замисли овие на исток да го имале Холивуд, што мислиш од каде на каде би бегале доктуриве да спасат глава?
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
Значи се слагаме дека по прашањата од темава не се сложуваме.
Околу постоењето на државата и другото, денес не постои нешто што не може да се доведе во прашање, со релативизација се е можно. Државата како институција може да се гледа од повеќе агли и временски димензии па така може да се дојде до мислење кое денес не е во тренд,
Никаде не барав да одиш да живееш во скандинавските земји, само изнесов пример како ја решиле мотивацијата кај работниците.
Замисли, само на момент замисли овие на исток да го имале Холивуд, што мислиш од каде на каде би бегале доктуриве да спасат глава?
Нема потреба да се согласуваме де :)

Баш дека ги даде како пример ти одговорив дека во таква не би живеел, можеби се идеални за луѓе кои сакаат работа од 9 до 5, или пак некој друг да им ја мисли, али се тотално демотивирачки ако се трудиш и сакаш да направиш нешто повеќе.
Ако сакам акции, ќе си купам самиот во фирми кои јас сметам дека се добри, ако сакам стан јас ќе отидам да се бркам со некој и да го купам тоа што ми прави мерак мене, а не што ми паднало на список и тн.

И да го имале Холивуд немаше да бегаат на исток затоа што доктор на запад ти е една од најплатените професии, тука кај мене хирурзи земаат од 300-600к долари годишна плата, просечна куќа истите може да ја отплатат во помалку од 2 години.
 
Убаво си дал пример за тоа колку се платени хирурзите таму куде тебе.
Но забораваш да речеш дека тие хирурзи се земени (од да речеме Македонија или некоја трета земја) без да се плати (за нивната едукација на системот кој ги направил хирурзи), односно во моментов скоро сите ехЈу па и Македонија се претворени во резервоар од кој се исцрпуваат ресурси... претворањето во резервоар е смислено направено, проблемот е што тие хирурзи и други по извесно време стануваат јаничари и фрлаат дрвја и камења врз своите, не им паѓа на памет да врат нешто од влогот кој општеството им го дал, тие се полни со себе и сметаат дека самите се стекнале и заради нивната умислена супериорност тие се над другите... деформација која неминовно доаѓа по неколку години перење на мозок.
Тоа што ти имаш можност да си купиш акции каде сакаш не е само твој успех туку и на твоите... при што забораваш дека скоро сите други да не речам над 90% не се во можност да си купат акции а уште помалку таму каде што сакаат...

Ова за Холивуд мислиш така само заради тоа што размислуваш на начин на кој Холивуд сака (културниот империјализам е многу пострашен), проблемот е што мислиш дека тоа е твој избор!
 
Затоа и пишав погоре дека пред капитализам ти е потребен социјализам во кој се поставуваат основите на институциите и инфраструктурата.
Во капитализам никој нема да се заебава со поставување на добар образовен систем, или пак со обука на кадар од нула, или го имаш или го немаш.
Од друга страна социјализмот си има граница во која може да ги мотивира членовите на тој систем, особено најкомпетитивните, што од друга страна во капитализмот е лесно, истите ако се добри ќе прават пари колку стотици други заедно.

Не е муабетот за јаничари или не, фактичката состојба вика дека платите се тие, и дека тие луѓе во овие земји можат да си приуштат далеку подобар живот отколку некој во социјалистичките земји.

А тоа дали го стекнале сами или не е дискутабилно, со исклучок на „поефтин образовен систем“ (прашање е квалитетот на истиот), не гледам како државата им помогнала на било кој начин. Фамилиите ДА, државата малку послабо.

Во поглед на акции, секој може да си купи секаде, само се потребни пари, инаку истата платформа може да се користи и од тука, и од Шведска. Е во социјализам пак троа послабо за пари, ќе работиш за платичка и ќе крпиш месец за месец, во капитализам ако си троа опулен може да направиш далеку повеќе.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.435
Поени од реакции
5.150
А тоа дали го стекнале сами или не е дискутабилно, со исклучок на „поефтин образовен систем“ (прашање е квалитетот на истиот), не гледам како државата им помогнала на било кој начин. Фамилиите ДА, државата малку послабо.
Меѓу другото државата ја прават и семејствата, не се работи за фикција туку поединци прават семејство па семејствата живеат во некавва локална заедница која е дел од поголем систем наречен држава. За семејствата да станат онаа што се, повторно некои семејства кои се дел од државата дале се што имаат за да овие си приуштат подобар живот во некои несоцијалистички земји.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
Меѓу другото државата ја прават и семејствата, не се работи за фикција туку поединци прават семејство па семејствата живеат во некавва локална заедница која е дел од поголем систем наречен држава. За семејствата да станат онаа што се, повторно некои семејства кои се дел од државата дале се што имаат за да овие си приуштат подобар живот во некои несоцијалистички земји.
Семејствата помагаат небитно на системот, и тоа е нивен избор, и ретко кое дете не го враќа тој долг во понатамошниот живот, особено тие што заминале надвор и успеале да се средат таму.

А државата (барем во времето кога сум бил јас ученик/студент) помагаше со мизерна плата, илјадници луѓе технолошки вишок/стечајци, и со мотивација никој да не сака да остане во неа.
Првата работна позиција како инженер ми беше 250 евра (и тоа во метрополата каде не ми стигаа за кирија и сметки), и не беше практикантство, туку имав одено 6 месеци на пракса за време на студиите (0 денари, чат пат знаеше газдата да фрли по некоја стотка или да чести ручек).

Образовниот систем во социјалистичките системи функционира поради што „државните институции“ се најдобриот работодавец, и да си дел од образование е некаков си престиж (плус добра плата).
Во капитализмот овие работи не функционираат затоа што: најдобрите кадри не остануваат да предаваат во образование туку се ангажирани од големите корпорации/имаат свои бизниси каде прават неколку пати повеќе од платата во образование, дел од луѓето не можат да си дозволат факултет затоа што е скап и последната и тие што може да си дозволат (а не се исклучително добри на академско поле) решаваат да почнат да работат после завршување на средно образование, па до 25 години веќе имаат по 7 години искуство и прилично солидни плати/веќе развиени бизниси и без факултет.

Систем кој би бил некаква комбинација од овие 2 би бил можеби најидеален, но се е тоа само на хартија, имаш уште илјадници други променливи кои треба да се поклопат за да ја биде една држава.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.975
Поени од реакции
6.458
Интересно но на Голи Оток и Св.Гргур вкупно 1948-56 биле заточени 16101 лица од кои 413 биле убиени. Далеку од тоа да оправдувам таква абоминација пошто имав пример на заточеник во ближа фамилија, но цифрата е многу помала од оние наводни 35К мртви со кои баратаа некои четничко настроени медиуми.
Па само во цурењето на отровен гас од ултракапиталистичката корпорација Јунион Карбајд во Бопал, Индија имало околу 9600 мртви и десетици илјади со трајни последици.
Комунизмот како злочиначки систем е прилично добро покриен, но што е со капитализмот? Колку жртви се паднати во најбаналната трка по екстрапрофити?
Дали е можен капитализам кој нема да коси животи, кој нема да држи полуробови, кој нема да корупмира политичари за свои цели? Дали капитализмот ќе биде злото на 21.век?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom