Ако знаеш повеќе еве објасни, просветли ме, затоа е форумот, не мора одма гомна да се јаде. Корпорациите имаат билионски профити, не зависат од инвеститори. Дури им одговара да немаат воук акционери и да им се мешаат во бизнисот.
Не мора одма “гомна јадење”! Тропна невидена глупост, deal with it! Или баш оти е форум можеш вака да се однесуваш?!
Да ти одговорам учтиво сега…
Секоја компанија што е АД, вклучувајќи ги и “инкорпораните” стигнала доттаму со капитал на некој. Е тој некој е акционер, и истиот тој има право на глас при бирање управни и извршни одбори, директори итн.
Овие се бираат така што презентираат програма и план за работа, проекции за раст, унапредување на производство, финансии итн итн.
Не ретко може да биде и веќе успешен и докажан директор од друга компанија/бранша кој ужива голема доверба и респект, па ако компанијата “малку заглави” по итна постапка и без посебни програми се бираат и така!
Ова е теоретскиот дел.
Во пракса, малите акционери се небитни, и се таму или за дивиденда, или шорт-терм тргување со акции(купи-продај!)
Главниот збор т.е. главнината од акции ја држат банки, инвестициски фондови и поединци(милијардери).
Овие реално ги интересираат парите и профитот! Ништо друго!
Ќе дигнат рака дури и ако ЦЕО-то им рече и им претстави со графикони дека пакувањето лај*а е добра бизнис прилика на која никој не се сетил до сега!
Е тука настанува куршлусот! Кога мид-менаџментот ќе помислат дека воук/лџбтфдг луѓето/пазарот се сосем нови и нечепнати ентитети!
Тоа ќе им го претстават на топ-менаџментот како колач од 100 миЉони нови луѓе во Америка, кои ете некако биле заборавени до сега!
Нормално тие на врвот нит знаат, нит па се замараат со вакви детали, туку веруваат на извештаи и анализи од подоле..
А тие подоле, за разлика од горните ќе направат се за да се докажат и да напредуваат! Ама им фали искуство или почесто и два грама мозок.
Маркетинг директорката на Анхајзер-Буш нема ден регуларна работа, туку прво вработување и е на место директор!
Посебна тема има, каде
@kano објаснува како самата диплома и конекции од Харвард(или било кој Ivy league) ти гарантира директен влез на јака позиција! (Читни и таму)
Битно, сегашниве мид се растени во тешка ехо-комора и меинстрим медиуми, за разлика од “малце постарите” сениори…