@Ne_sum_ja твоите постови беа генерално разумни и логични, ама се повеќе дивергираш кон една група на профили како
@Staufer @Klinton @Fenix955 чии мислења на оваа тема се претворени во цинизам кон РФ и нивната (не)способност.
За нив е разбирливо, живеат во Германија/САД и работат во воено-индустриската сфера на НАТО, не знам зошто и ти почна да го имаш тој поглед.
Настрана целата пропаганда и од запад и од исток, очигледно е дека во суштина борбата на РФ и Москва е контрола на случувањата источно од Дњепар и јужниот морски брег им биде како дома. Која е логиката да се борат за цела територија на Украина кога како РФ немаат доволно население ни за таа територија што ја владеат и без Украина?
Идеално, тоа би го имале без употрба на никакво оружје со власт во Киев која сака соработка со Москва.
Киев решава со помош на НАТО воено да се пресметува со областите на исток и најважно Крим (каде и живеат Руси). Што се очекуваше, русите да се исселат веднаш зад Урал и НАТО да прави бази на Крим? Руско-Турски војни, малку контекст?
Русите имаат 2 моменти на пораз: повлекувањето од Херсон (верувам дека имаа план за прогрес кон Одеса кој засега не успеа) и мобилизацијата дома (и за Москва и за РФ ова е тешка војна со држава чие огромно мнозинство го сметаат за свој народ, не се ова наркоманско-психопатските гранатирања на НАТО над арапи, срби, косовари, македонци (РАФ и Беломорие) кои не ги ни сметат за луѓе).
Се друго, почнувајќи од Крим 2014 па до денешното населување Чеченци во Марипол и Таганрог е срам за НАТО и цел западен свет.