Прегледај го приврзокот 379856
Цитат :
... „ Објавена ранг-листата, обвинители ќе станат:
синот на Талат Џафер,
сопругата на Ислам Абази,
синот на судијата Енвер Беџети,
синот на судијата Субхи Јакупи.
Академијата за судии и обвинители го објави рангирањето со конечните резултати од завршниот испит во Академијата за седмата генерација слушатели.
Прегледај го приврзокот 379858
Завршниот испит го положија 57 кандидати, дел од нив судии, а дел јавни обвинители.
Прегледај го приврзокот 379860
Барлет Џафери, синот на спикерот на Собранието, Талат Џафери, за кого Државната комисија за спречување на корупцијата утврди дека го положил правниот испит пред да дипломира, е 42. на ранг-листата и е во групата на идни јавни обвинителите.
Прегледај го приврзокот 379861
На оваа ранг листа е и сопругата на новиот прв човек на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Ислам Абази, Албулена Абази, која е 51-ва на ВТА и таа како синот на Талат Џафер ќе биде јавен обвинител.
Токму поради неа Абази беше повлечен од Управниот одбор на Академијата каде беше предложен од Советот на јавни обвинители.
Абази рече дека со оглед на тоа што неговата сопруга била студентка на Академијата за судии и јавни обвинители и е на крајот на Академијата, не сака да фрла сомнеж за објективноста на одржувањето на испитот и на финалната евалуација.
Меѓу оние со завршен испит е и синот на судијата на Вишиот управен суд Субхи Јакупи, Илир Јакупи. Тој треба да биде јавен обвинител исто како и синот на апелациониот судија Енвер Беџети, Јетмир Беџети.Енвер Беџети беше судија известител за предметот за масовното прислушување, „Таргет-Фортеса“, во кој обвинет е поранешниот шеф на ДСК, Сашо Мијалков, за кого Судскиот совет нагласи дека со месеци го чувал предметот во фиока и придонесе во застареноста на предметот. Му се дава можност да биде јавен обвинител....“