Ова е класичен пример за џаболебар ухлебан во некоја невладина организација, каде во дискусија со други лица поради немање соодветни и добри аргументи почнува да го користи своето најдобро оружје, а тоа е да го оцрнува и да омаловажува својот соговорник... Прв и најголем "аргумент" е тоа што ако одреденото лице не се сложува со неговите мислења, по дифолт држи про руски ставови. Ова е директно учено во невладините организации од модерните Аристотел и Сократ, неговите величества и екселенции Џабир Дерала и Амон Мра.
Другото оцрнување е соговорникот да го навредиш дека е неписмен...овде можат да се користат и други алтернативни зборчиња, кај нас во најпознат и најдобар пример за тоа е "небањат", кој пикот го доживува за време на 2016 кога беа протестите на сега веќе одамна откриената НГО Шарена Револуција. Од тогаш ова зборче е во слободен пад, и веќе не пали кај пошироката јавност, ама секако тоа не ги спречува невладините ухлебани легачи и понатаму да го користат во својот вокабулар, притоа доживувајќи го како подобра и повозбудлива работа и од сексуалното општење.
Од ваквите постови заклучуваме дека учениците по невладините организации сеуште работат по стар принцип, и крајно време луѓето вработени таму да излезат со нови идеи...додека да дојдат до тие нови идеи, можат своите џаболебарски ученици да ги пуштат на ексурзија низ урбаното Скопјенце плаќајќи им да се возат во новите и модерни БинБин електрични тротинети