Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Неточно...

Моделот според кој се поставени релациите меѓу ликовите од Света Троица, практично е шема според која се поставени релациите и кај сите створени нешта, особено кај човекот, кој е створен по „...образ Божји и подобие...„, така да секоја друга „дефиниција„ за поимите „индивидуа„ и „личност„ е само произволно објасување според начелото „мудрување по својот памет„.
Моделот не функционира за сите - моделот е ограничувачки. Ограничувањето е непожелно ако го силува поединецот и личноста на човекот. :)
Кога ќе прифати човекот на старите религии дека никогаш не може сите да бидат дел од неговото видување на животот? И дека неговите идеали се туѓи за некој друг?
Ќе го убедувате секој дека погрешно си го гледа себството и дека црквата како збир од верници ќе го оправи во животот?
Тоа е лага.

„Човекот е создаден според образот божји“ ако веруваме на еврејските учења (и ако ги разбираме истите што сакаат да кажат, со проучување на коментарите на разни рабини низ времињата), од каде потекнува и христијанството кое го проповедаш и преку кое си го градиш твојот светоглед, игнорирајќи ги другите - а нели рековме јас ти тој таа тие вие... но кај тебе е јас, јас и само јас христијанинот :)
За еврејските учења и верувања најлошо е да прашуваш и да слушаш христијанин или муслиман - бидејќи тие преку нивните видоизменети еврејски учења кои не ги разбираат многу, шират омраза кон евреите и го негираат нивното учење.
И најлошо е да слушаш обичен верник кој што би убил за верата или би пострадал... свештеник, ќе најдеш заеднички јазик низ муабетите, со овие другите - потешко!

Индивидуа не е ништо лошо нешто како што ти го разбираш за да си дадеш тема за муабет за личноста и нормално „личносниот однос на христијанинот со богот“ за кој велите дека реално никој ниту го видел ниту може да го види со познати методи, само преку „избрани минати луѓе кои умреле за верата“ и тоа маченички, за да се даде тежина, некаква форма на „искушение“ за верувањето.

Реално, секој празник на христијаните е всушност за човек што умрел маченички во минатото кој исповедал верување, барем 99% се такви, не знам за новите луѓе кои се прогласени за светци денес...
Пајсиј така ми текнува дека доживеа старост и ок живот денес, кога има демократија а не диктатури и империи кои се темелат на христијанство... каде што ропството и царувањето беа/се од боговите - зависи каква судбина си имаш...

Судбина - проклеството на човекот кога ќе се убеди од надворешни центри на моќ дека „толку му е дадено“ на Земјата!
 
Последно уредено:

Да поедноставам, за да биде разбирливо за секого:
- Еден Е Бог, во Неговата Троичност,
- еден е родот човечки, во неговите варијации,
- едно учење му даде Бог на човекот, преку старозаветната Црква и преку новозаветниот Синот Божји Единороден, едно и исто учење, неменливо, за секогаш.

Кој сака да прифати, нека прифати, кој нејќе, не мора...нека се забавља со стари лаги, запакувани во нова, модерновременска амбалажа.
 
Не постои стартозаветна црква, постојат евреи кои создаваат свој мит и своја надеж за месија и цар кој ште ќе ги обедини, а потоа преку Рим куп секти се раѓаат бидејќи се соединуваат учења, тајни или не, од кои се издвојуваат хрикстијаните бидејќи ќе успеат да се врзат со државата... и ќе се шлепаат на државите и „националната припадност“ до XX век.

Крајот те спаси малку од малку, иако си закова сам шајка во дланката бидејќи мораше да додадеш „стари лаги“ што го докажуваш она што јас го реков: за вас христијаните, обичниот верник, евреите се стара лага, завиткани во нови не знам какви нешта... сите се лага освен вие: јас, јас, јас - христијанинот вистински верувам во највистинското што е можно да се верува!

Евреите ви се и криви што како основачи на законот по кој се водите и од кој се презедовте, не ви го препознаа Исус од времето на римјаните во Јудеа како месијата кои ТИЕ ГО ЧЕКААТ и никој друг!
Ама, добро е што имаме избор да прифатиме христијанство или не... без да биде некој отфрлен од општеството или гледан под око како некакво зло заради неговото верување.
 
Не си ласкај; под „стари лаги запакувани во модерна амбалажа„ не мислам на Стариот Завет, туку на твојава заблуда, наречена „Телема„ која одлично се вклопува во претходно напишаното.

Евреите се старозаветната Црква, оти нив сам Бог ги оформи, за да бидат народот од кој ќе произлезе Месијата.

Од Христа Бога и од Светиот Дух, основана е новозаветната Црква Христова, како нов и едниствен пат за спасение на родот човечки.
 
Не, не се евреите ништо старозаветно. Тоа се христијански кованици за евреите измислувајќи сешто за да ги поништат евреите бидејќи не можеа да ги истребат ниту тогаш, ните пак некој може денес да ги истреби за да се заборави на нивното наследство... како што мислеа дека постигнаат нешто со гностицизмот и останатите тајни учења, кои преминаа во „илегала“, далеку од очите на сите за да може да опстанат и да се појават пак денес...
И тоа што се тајни сега се крева врема ама зошто се тајни... прашајте ги христијанските секти од минатото кои се споија со земската власт и заборавија на учењата кои ги наследија и упропастија од лакомост и неукост!

И зошто сега се појавуваат старите школи и христијаните измислуваат нови лаги за сите како се е тоа зло?
Бидјеќи христијаните немаат повеќе моќ да убиваат и да ги силуваат учењата кои не сакаат да се претопат во христијански демагогии и догми... ете затоа... бидејќчи ништо не е исчезнато од минатото. Учењата и наследството никогаш не е прекинато. Ниту може да се прекине со прогонување и се останато злобно смислено од човекот!

Вашите свети отци го измислија и „стар завет“ наместо да кажат еврејскиот закон од кој црпиме философија и верување... од пусти страв и омраза која ете и ден денес се шири насекаде од секој верник кој што малку повеќе оди на црква и прочитал тро повеќе од старец овој или оној...

Ништо не се вклопува одлично во целиов муабет... освен нормално, за тебе. :coffee: Секогаш кога христијанинот зборува негативно за другиот одлично се вклопува во нивниот универзум приказнат.
Абе милина :)
 
Јас не знам што се мачиш да му објаснуваш на некој што очигледно лута, не верувам ниту дека те чита што му пишуваш..
 
...за да не си помисли дека е во право...и дека постојат и поинакви и поточни мислења од неговите...:)
 
Читам сине, читам... и ова го читам тука 12 години... затоа и дојдов тука на форумов, бидејќи ова беше харем на христијани, се тупкаа по рамо во своите сатанизирања на другоста....
Мораше малку разновидност да се внесе... :) и на повисоко ниво малку околу религиите и верувањата, а не само проклети обвинувања како во кафана седнати со алкохол и салата до нив...

Дури и банирани и со двојни акаунти, доаѓаат во бранови и истото го проповедаат, како да не размислуваат што зборуваат, како да немале искуство со други луѓе, како да другите ги гледаат злонамерно бидејќи „грешни“ и ќе им го расипат нивното верување...
Со некакви такви идеи доаѓаат луѓе кои пак и врзуваат национална припадност со религија, тоа им е наследство од времето кога „царштината беше религија“.
Го решивме тоа... има уште малку за средување, уште некоја војна на зовриените умови како христијанството ќе биде избришано од лошито запад или исток или од муслиманите, на такви карти се игра со луѓето кога не разбираат ништо од религиите и учењата ВО СВЕГТОТ.
Не може да се избрише нешто како христијанството или исламот... не смееме да дозволиме да исчезне и да се заборави! Ќе се повтори ако така направиме... затоа, нека го тука... нека си собира арач.

Лесно се управуваат такви во братоубиствени војни кога на Земјата и треба крв!
 
Последно уредено:
Не, не се евреите ништо старозаветно. Тоа се христијански кованици за евреите измислувајќи сешто за да ги поништат евреите бидејќи не можеа да ги истребат ниту тогаш, ните пак некој може денес да ги истреби за да се заборави на нивното наследство... како што мислеа дека постигнаат нешто со гностицизмот и останатите тајни учења, кои преминаа во „илегала“, далеку од очите на сите за да може да опстанат и да се појават пак денес...
И тоа што се тајни сега се крева врема ама зошто се тајни... прашајте ги христијанските секти од минатото кои се споија со земската власт и заборавија на учењата кои ги наследија и упропастија од лакомост и неукост!

И зошто сега се појавуваат старите школи и христијаните измислуваат нови лаги за сите како се е тоа зло?
Бидјеќи христијаните немаат повеќе моќ да убиваат и да ги силуваат учењата кои не сакаат да се претопат во христијански демагогии и догми... ете затоа... бидејќчи ништо не е исчезнато од минатото. Учењата и наследството никогаш не е прекинато. Ниту може да се прекине со прогонување и се останато злобно смислено од човекот!

Вашите свети отци го измислија и „стар завет“ наместо да кажат еврејскиот закон од кој црпиме философија и верување... од пусти страв и омраза која ете и ден денес се шири насекаде од секој верник кој што малку повеќе оди на црква и прочитал тро повеќе од старец овој или оној...

Ништо не се вклопува одлично во целиов муабет... освен нормално, за тебе. :coffee: Секогаш кога христијанинот зборува негативно за другиот одлично се вклопува во нивниот универзум приказнат.
Абе милина :)

Младиќу,

не „копчам„ од кај ти доаѓа твојава пристрасност кон Евреите? Ради Кабалата? Како дел од Телемата? Па и Кабалата не Еврејска, туку е „увезена„ од Персија.

Евреите ја одработија својата историска улога; беа оформени од живиот Бог, за да станат народ кој ќе Го даде Месијата. Месијата се роди меѓу Евреите, Евреите не Го препознаа па дури и Го убија!

И сега треба да плачам по нив?

Дека Стариот Завет постои, тоа го тврдат дури и денешните живи Евреи, со тоа што од Стариот Завет го земаат само она кое ним им одговара, само во делот во кој Евреите се афирмативно прикажани, не во остатокот од Заветот. Зашто нејќат да признаат дека самите си ги убиваа своите пророци (Евреи по род!) кои сам Бог им ги праќаше како опомена за нивното застранување од патот Божји?

Евреите можат само да уживаат во својата заблуда дека се‘ уште се „одбран народ Божји„, иако токму Апостолите, по род Евреи, укажаа дека Евреите се „надмината ствар„ и дека Новозаветната Црква Христова (основана од Синот Божи, Евреин по тело!) е спасот за родот човечки.
 
...за да не си помисли дека е во право...и дека постојат и поинакви и поточни мислења од неговите...:)
Ако само затоа дискутираш со мене, ништо не правиме... тука не сме за да некому докажеме кој е во право кој во криво (како може да докажеш ти дека моите идеали не се совршени и не ме прават подобар човек на Земјата, или пак јас тебе да ти ги негирам твоите идеали)?

Треба да се дискутира за да се промени mindset-от дека нештата се како во V век или за време Византија... денес е и полошо!
Во минатото само попот беше писмен и си зборуваше колку знае за религијата и верувањето, денес - секој верник што малку прочитал тро поеќе и бил во црква еднаш месечно има чувство на неодповикливо право да зборува сешто не само за својата религија, ами и за другите - со амин на свештениците кои се борат за луѓе...

Ти како обичен верник, кој што не си ниту стапнал на патеката која ја одат дури и христијанските свештеници, ќе расправаш со секој за право и криво учење, и тоа по примерот на оние свештеници од Премин портал, за кои дури и истокот е сатанска збирштина, а евреите нели „старозаветна црква“?
Сето тоа е лага, а не криво и право... сето тоа е христијанска омраза и минат начин за поткопување на учењата кога народот беше прост и неук, со 300 свештеници и милионско население кое не знаело ниту да пишува!
НЕ така...
Автоматски споено мислење:

Ама како не разбираш дека нема стар завет кај евреите. Тие не го признаваат христијанскио „нов“ завет... ако немаш нов, немаш ниту стар... разгледај по нет како се вика светата книга на евреите, па до толку знаеш на нет да сработиш домашна задача!
Тоа се христијански кованици....

И ја знам омразата кон евреите што ја имаат христијаните, не мора да ја докажуваш по кој знае кој пат. Евреите се криви за се... да не беа они Христос немаше да го распнат... тие лоши евреи кои не си ги препознаваат сопствените пророци и кои доаѓаат од нивната религија...

Далеку си ти од теми за кабала, езотерија и Телема... не мислам да расправам и да те подучувам за тие нешта. Ќе извалкаш свети работи со земски глупости.

П.С. Да, се е од Персија, Тибет и Кина донесено... учењата одат од исток кон запад :)
 
Последно уредено:
Ако само затоа дискутираш со мене, ништо не правиме... тука не сме за да некому докажеме кој е во право кој во криво (како може да докажеш ти дека моите идеали не се совршени и не ме прават подобар човек на Земјата, или пак јас тебе да ти ги негирам твоите идеали)?

Треба да се дискутира за да се промени mindset-от дека нештата се како во V век или за време Византија... денес е и полошо!
Во минатото само попот беше писмен и си зборуваше колку знае за религијата и верувањето, денес - секој верник што малку прочитал тро поеќе и бил во црква еднаш месечно има чувство на неодповикливо право да зборува сешто не само за својата религија, ами и за другите - со амин на свештениците кои се борат за луѓе...

Ти како обичен верник, кој што не си ниту стапнал на патеката која ја одат дури и христијанските свештеници, ќе расправаш со секој за право и криво учење, и тоа по примерот на оние свештеници од Премин портал, за кои дури и истокот е сатанска збирштина, а евреите нели „старозаветна црква“?
Сето тоа е лага, а не криво и право... сето тоа е христијанска омраза и минат начин за поткопување на учењата кога народот беше прост и неук, со 300 свештеници и милионско население кое не знаело ниту да пишува!
НЕ така...

Кој е во право а кој е во криво, може лесно да се одреди по начелото „Споредување со третиот„. Од твоиве постови јасно е дека немаш ориентир односно референца за нечија/некаква точност односно вистинитост. Во Црквата, реверенца е сам Бог, односно вистината која Он ни ја објави преку Црквата. Ти немаш таква референца, која нема потекло од овој Свет, туку се повикуваш на записи од смртни луѓе, кои и самите не ја познале вистината, ама им омилела лагата....
 
Но не можеш да го докажеш бог и што ти има тој тебе објавено (тебе ништо ти нема објавено, далеку си ти од боговите). Ти тргнуваш со верување и бараш преку верување и догма која не трпи критика да наоѓаш вистинитост и точност.
Не оди така. :)

На овој твој начин ова е само оправдување да сатанизираш се што ти мислиш дека не оди со твоето верување и надеж во животот, без да се многу заморуваш.
Ама Исус Христос ни се објави... ако тебе ти се објавил и ти рекол МИки, вака и вака - ти треба да правиш така и така и никако поинаку!
А да мавташ со книга од евреите, па потоа редактирани книги од IV век, со изменети учења и на евреите и на старите тајни учења кои го крстосуваат Рим - не е објавување на ниту еден бог.

Сите на кои се повикуваме се смртни луѓе. Но тоа се луѓе Џинови! На Земјата телото мора да умре. Тоа го знаеле и Месопотамија, и Кина и Египет - сите!
Но она што останува, е причинител непознат :)

Глаголате за телото дека е смртно и дека така мора да биде, а ете сега ако напишеме „Црква“ одеднаш не зборуваме за смртни луѓе, зборуваме за богови :)

Ако тебе ти се објавил бог, и на друг му се објавил бог. Ако твојот концепт и дејствување е различен од другиот кој што си гледа работата и ритуалите, кој фактор си ти и „Црквата“ и „Он“ и „Син“ и било кој да го заморувате по неговиот пат или да му стоите како пречка?
Е тоа е прашањето... бидејќи „верува погрешно“?

Тоа размислување отфрли го - едноставно соочи се со реалноста дека секој има свој пат, своја интеракција со божественото или пак ја нема, зависи од човекот и неговата наследна историја низ времињата. НЕ сите се исти.
 
Ти си имаш некаква анти-христијанска параноја која нема никаква потпора во реалноста, туку си е твоја, лична аберација.
Тагни ме бре сине...
Инаку, не е антихристијанска, туку е антидогматска и против дрскоста на обични верници да паламудат за другите какви се и колку злобни се во очите на богот во кој веруваат истите... Антихристијански се повикуваат сите кога ќе заглават во дискусиите и повторно другиот е виновен и злобен... видено веќе...

Би било одлично да нема ништо точно и обична фантазија од ова што јас го зборувам во самата реалност што ја живееме. Но, имаме докази дури и на форумов за точноста што ја зборувам, посебно во претходниот пост на кој ти некако ти дојде да ми кажеш како реалноста е друга за мене...

Би бил презадоволен да „реалноста“ е друга... но изгледа имаме различни реалности, а тоа постојано го зборувам: секој различни патеки има и не може некому да проповедаме дека е неверник (тука спаѓа и исламот, посебмно исламот кој што е 500 години наназад) и да ја касапиме историјата на нештата... и од друга страна, ако не ни се поклопуваат универзумите, џабе џагор правиме - се разминуваме и ништо.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom