Не е важно дали сум глуп или не, не се замарај со мене, гледај фактите и аргументите што ги давам, со нив треба да водиш дискусија, да ги побиеш ако можеш. Ако не, како што е случајот, ќе ти остане да се преокупираш каков бил соговорникот.
Ти ми даде мислење твое, кое го пласираш како факт.. Од кога мислењето сопствено се нарекува факт и аргумент немам појма, ама види си таму стручна литература што се подразбира под зборот факт и аргумент и врати се....
Тоа е твоја проценка, не значи дека е така. За руските генерали и стратези очигледно не е така. Стратешка важност на место не се цени според површина и бр на население, има многу други фактори ко географски специфичности (котлина, врвови, висини, рамнини), инфраструктура, логистика, концентрација на нацисти итн.
Има мал милион светски а вклучително и руски воени експерти каде викаат дека е сосема непотребно да се трошат толку ресурси и воена опрема за да се освои градче кое е стратешки небитно. Не треба да си некој воен експерт, доволно е да си отвориш мапа и да видиш дека сепак Бахмут е тоа што го тврдам јас, а не е Гибралтарскиот проток, Босфорот, Иранскиот теснец, Црното Море и Голанската висорамнина.
Нашиот добропознат генерал Весли Кларк, во интервју кажа дека Западот не треба да и дава оружје на Украина се додека го троши цело оружје во Бахмут. Тој предлагаше, Украинците да се фокусираат на далеку побитни точки од Бахмут.
Од аспект на русите и руското малцинство што живее во Донбас, Украина со нато е окупаторот, а и според референдумите и уставот на Русија, тие територии и народ се руски, што ги прави нацистите окупатори, а русите ослободители, затоа и се борат тамошните родољуби за секоја педа земја.
Епа од аспект на албанците и албанското малцинство што живее во Тетово, Гостивар и Дебар, 90% сметаат дека треба да живеат во Албанија, и сигурно Македонија ја сметаат за туѓа држава. Тамошните родољуби ајде нека земат нека не исколат ако не пак.
И Крим бил Турски, па зошто сега Русите го зедоа?
Кажи директно. Без вртење во измислени или нерелевантни глупости. Зошто ги поддржуваш окупаторите?
Не вртам бе човеку. Мал милион пати јас ти реков дека
не поддржувам никој. Не ги поддржувам ни САД ама ни Русија. Не знам што не е тука јасно и шо те буни. Темава е просто за Украина: Јас мислам дека Русите се окупатори, и дека во оваа ситуација се криви 102,5%...Истото како што го мислев и за САД во Ирак, Либија и Виетнам...Истото што го мислам за Саудите со Јемен...Косовските сепаратисти со Србија.... Истото ќе го мислам и САД утре ако извршат инвазија врз некоја земја..
Не знам зошто постојано сакате да претставите слика дека некој ако ја критикува Русија, веднаш е на страната на САД и дека ги оправдувам нивните политики и нивните стратегии низ светот..
Русија исто така историски гледано нема помрднато со прст за мојава татковина, напротив. Исто како и САД. Тие ни ја скроија Санстефанска Бугарија, САД ни го скроија Охридскиот рамковен. Ама тоа вие не го гледате и го релативизирате, зошто не ви одговара. Мене не ми е тешко да напишам дека САД ги поддржуваа албанците 2001ва, ама и дека русите со прст не мрднаа за нас исто така не ми е тешко да го напишам тоа...
САД како и Русија си го тераат интересот. Стопати разглабана тема на форумов, но вие од пристрасност малце видот ви е заматен и не гледате баш отстрана каква е реалната слика, туку субјективно гледате на сите настани...