Војна во Украина (исклучиво воена перспектива)

Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Од што ве читам на темава, мене не ми е јасно како може толку необјективно да размислувате или да восприемате факти и информации за таква далечна тема (за нас) како што е војната во Украина. Еве и нека не е не битна темата за Украина, нека ви е посебно битна, не разбирам како целиов процес на размислување ви почнува со догма “Русија победува” или “Русија е најдобра” па од таму се движи кон селективно прибирање на информации. Скролаш на твитер и гледаш видео од срушен руски авион - “хмм ова видео ќе го скокнам, не е битно”, скролаш до видео кај што руси гранатираат украински позици - “е ова видео ќе го пуштам на кајгана со наслов: ги требат нацистите”. Или десет статии за тоа зашто Русија губи во војната не се битни и се пишувани од платеници, ама баш таа една статија дека Русија победува пишувана од авторот Tyler Durden е точната која ќе се решам да ја постирам на кајгана да хо потврдам мојот став кој што не може да биде грешен. Не ми е јасно како не можете да покажете способност за критичко размислување на тема од која не сте ниту лично ниту финансиски засегнати.

Сфаќам да имаш став и мислење, и јас сметам дека украинците беа насанкани од САД да влезат во само уништувачка војна, дека директни и можда најголеми виновници за војната се неспособните украински политичари кои немаа вештина или желба да го решат спорот на маса наместо да гинат млади луѓе. Ама ради тој став не си стварам комора во главата која ја полнам ексклузивно со афирмативни информации дали вистински или лажни кои ми идат во прилог на моето мислење. Тоа мислење што го имам или вие што го имате нема да го смени фактот дека Русија се посра, дека украинската армија испадна посилна и по борбена од што се очекуваше а руската армија послаба и по неспособна од тоа што се мислеше.

Колку што знам тука нема некој вработен во руски генералштаб или во ФСБ, не сте вработени ко адвокати во судска парница да ја браните Русија, нема надредениот да ви се лути ако кажете лош збор или изразите сомнеж. Нема да ви се стопи мозокот ако размислувате критички надвор од комодитетот на тоа што сте го замислиле ко правата вистина. Тоа што ви е желба не значи дека ќе се случи и треба барем да сте способни да увидите дали ја бива или не ја бива работата.
Јас лично очекував многу повеќе од Русија. Им се покажаа очигледни системски слабости во текот на оваа војна. Не бев од тие што мислат дека за година дена ќе завршат се, од старт бев убеден дека ќе е долга војна. Ама бев убеден дека првата година без проблем ќе стигнат до Дњепар, и ќе ја контролираат цела територија источно од реката.

Ама повторно, не гледам како Русија губи. Тој наратив не можам да го разберам никако. Русија покажа воени и командни системски слабости. Западот покажа економско-општествени и културолошки. Игнорирање и на едните и на другите е сериозна глупавост. Војната ќе ја добие тој што побрзо ќе си ги реши своите.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.678
Поени од реакции
42.257
братов не сум ја е претерано самоуверен у муабетите негови а врска немаат што е најтрагично. Доволно е малце да пратиш што се дешава да процениш. Еден мајтап со деновите што го терам мисли стварно работата е таква.
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.468
Поени од реакции
24.699
Јас лично очекував многу повеќе од Русија. Им се покажаа очигледни системски слабости во текот на оваа војна. Не бев од тие што мислат дека за година дена ќе завршат се, од старт бев убеден дека ќе е долга војна. Ама бев убеден дека првата година без проблем ќе стигнат до Днепар, и ќе ја контролираат цела територија источно од реката.

Ама повторно, не гледам како Русија губи. Тој наратив не можам да го разберам никако. Русија покажа воени и командни системски слабости. Западот покажа економско-општествени и културолошки. Игнорирање и на едните и на другите е сериозна глупавост. Војната ќе ја добие тој што побрзо ќе си ги реши своите.
zapadot ne gubi, naprotiv zapadot potajno isto saka ova da trae kolku moze podolgo i da se samounistuvaat rusite i ukraincite. utre da pobedi ukraina ke treba da se obnovuva a za toa togas ke nema pari. :icon_mrgr: ukraina ke bide obnovena pomalku od irak i libija, tie i nafta imaat i pak nisto ne im e sredeno.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.837
Поени од реакции
36.874
Проблемот е тоа што тврдиш дека Русија е пред воена пропаст. И според тебе тоа е апсолутна вистина. Се повикуваш на тоа дека промашиле со проценката на воената способност на бандите на Бајден. Као демек немале информации дека 8 години се спремаат за воен конфликт . Мислам тука е логиката. 8 години се доволни не армија да спремиш. Абе од пиле млеко ќе се произведе за 8 години.
Еве година дена покасно гледаме кај сме. Ниту Украина е неутрализирана,ниту пак Русија успеа барем Донбас да го стави под своја контрола. Пограничниот појас руски градови и села редовно се рекетирани. Горат магацини со оружје и складови со нафта редовно во Курск и Белгород. Енгелс базата кај што ги чуваат бомбардерите со нуклеарни оружја беше нападната. Тоа беше дел од планот ли?

Русија сега е добро организирана за одбрана и на Украинците ќе им биде многу тешко да направат некаков напредок без да платат со многу жртви. Ама тоа не го менува фактот дека тоа Русија што се надеваше да го постигне сега е само фантазија и само може да го бранат тоа што заземаа до сега.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
zapadot ne gubi, naprotiv zapadot potajno isto saka ova da trae kolku moze podolgo i da se samounistuvaat rusite i ukraincite. utre da pobedi ukraina ke treba da se obnovuva a za toa togas ke nema pari. :icon_mrgr: ukraina ke bide obnovena pomalku od irak i libija, tie i nafta imaat i pak nisto ne im e sredeno.
Тука има повеќе нијанси. САД го сака тоа, да. ЕУ и Европа, не баш. Тоа е ебената страна, без право на збор.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.837
Поени од реакции
36.874
Јас лично очекував многу повеќе од Русија. Им се покажаа очигледни системски слабости во текот на оваа војна. Не бев од тие што мислат дека за година дена ќе завршат се, од старт бев убеден дека ќе е долга војна. Ама бев убеден дека првата година без проблем ќе стигнат до Дњепар, и ќе ја контролираат цела територија источно од реката.

Ама повторно, не гледам како Русија губи. Тој наратив не можам да го разберам никако. Русија покажа воени и командни системски слабости. Западот покажа економско-општествени и културолошки. Игнорирање и на едните и на другите е сериозна глупавост. Војната ќе ја добие тој што побрзо ќе си ги реши своите.
Ако стратешката цел била неутрализација на заканата која доаѓа од Украина кон Русија со воени средства па од таму да изнудат политички договор со САД каде што ќе се затвори украинското прашање во полза на Русија и САД ќе ја легитимира таа територија за руска зона, во тоа целосно потфрлија. Во моментов и не гледам како би го изнудиле тоа. Изгореа воени ресурси создавани со децении од гигант како СССР, а Русија нема економски капацитети да ги надомести тие загуби во скоро време и да создаде повторно офанзивна моќ за повторно воено да ја смени ситуацијата на терен. Иако одлично ги издржаа и ги издржуваат санкциите, за да се надомести изгубеното треба многу повеќе.

Гледам единствено две можности за Русија тука. Слабостите на западните демократски системи да изиграат во полза на Русија и Украина да падне жртва на внатрешно политички превирања во САД, и второто е похрабро и по директно вклучување на Кина во конфликтот (не воено туку во смисла на големо снабдување со ресурси и пари). Првото ми е помалку веројатно зашто САД моментално поминуваат многу ефтино за тоа што го добиваат и секој американски политичар го знае тоа. Втората можност со Кина ми е голема енигма иако до сега Кинезите историски се покажале многу резервирани за вмешување во вакви ситуации.
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.881
Поени од реакции
12.986
Еве година дена покасно гледаме кај сме. Ниту Украина е неутрализирана,ниту пак Русија успеа барем Донбас да го стави под своја контрола. Пограничниот појас руски градови и села редовно се рекетирани. Горат магацини со оружје и складови со нафта редовно во Курск и Белгород. Енгелс базата кај што ги чуваат бомбардерите со нуклеарни оружја беше нападната. Тоа беше дел од планот ли?

Русија сега е добро организирана за одбрана и на Украинците ќе им биде многу тешко да направат некаков напредок без да платат со многу жртви. Ама тоа не го менува фактот дека тоа Русија што се надеваше да го постигне сега е само фантазија и само може да го бранат тоа што заземаа до сега.
Вистина брат. Прав си. Колапс брутален.

Ти изгледа воен конфликт само на филм знаеш како изгледа. Мисловна именка.Фактички ти сам не очекуваше овие толку да се спремни. Изненадувачки за тебе е што овие со цела НАТО логистика успеале базата во Енгелс да ја нападнат, мостот во Керч и нападот на Москва.


Вау. Како со дете од забавиште се тера дебата.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.724
Поени од реакции
33.969
Од што ве читам на темава, мене не ми е јасно како може толку необјективно да размислувате или да восприемате факти и информации за таква далечна тема (за нас) како што е војната во Украина.
Ма не е можно дека сеуште не разбираш КОЛКУ Е БИТНА ЦЕЛАВА СИТУАЦИЈА И ЗА НАС ОВДЕ.
Нашите душмани имаат голем влог во театарот во Украина (воен, геополитички, финансиски, секаков). Пораз за нив ќе значи нивно слабеење, а тоа слабеење ќе значи помала можност да одржуваат притисок врз нас... Затоа ова е многу важно и не засега и нас и многу други. Затоа навиваме, и ние и многу други. Но тоа не значи дека (повеќето) размислуваме исклучиво навивачки - а ти на пример би можел многу да не научиш за навивачко размислување. Штета што не застануваш да размислиш за кој всушност навиваш.


Не ми е јасно како не можете да покажете способност за критичко размислување на тема од која не сте ниту лично ниту финансиски засегнати.
Ти изгледа навистина не можеш да перцепираш КОЛКАВА ИРОНИЈА има во ова што го пишуваш, ти кој си скаран со критичко размислување на оваа тема. Но впрочем кога не разбираш дека и ти си засегнат не само за она погоре туку и на многу други нивоа, тогаш и не е чудно што не разбираш. Не се ни обидуваш да разбереш.


Тоа мислење што го имам или вие што го имате нема да го смени фактот дека Русија се посра, дека украинската армија испадна посилна и по борбена од што се очекуваше а руската армија послаба и по неспособна од тоа што се мислеше.
Се што објаснив погоре понатаму носи до тоа да имаш вакви СКРОЗ БЕСМИСЛЕНИ мислења. Украинската армија? Што да прават кутрите, повеќе шанси имаат да преживеат против Русите (кои барем ќе прифатат предавање) отколку да ги преживаат Азовоци и/или другите нацистички енфорцери кои патролираат позади фронтот. Па аман, лани имаше пар скандали каде се испотепаа со Пољаците и други странски платеници кога се обидоа да ги спречат да се повлечат. Ама да, ти не веруваш на ништо што не искочено од CNN/BBC или останатите масовни (западни) медиуми.

Дедо ми како што велеше (бог да го прости), имаш уште многу леб да јадеш... Цела пекара во твојов случај.
 

filjandecko

Komandant benzini-HAVUZ
Член од
5 мај 2012
Мислења
337
Поени од реакции
399
Пограничниот појас руски градови и села редовно се рекетирани. Горат магацини со оружје и складови со нафта редовно во Курск и Белгород. Енгелс базата кај што ги чуваат бомбардерите со нуклеарни оружја беше нападната. Тоа беше дел од планот ли?
Тие напади рекетирања скапо ги чинеше Украинците а ништо не променува во воена смисла ..освен за пропаганда,,за бродот Москва им честитам
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.724
Поени од реакции
33.969
Војна е, не може војна без жртви. Цената на поразот е поголема... И офтопик станува муабетов, другата тема е посоодветна за овој тип на дискусија.
Автоматски споено мислење:

 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
Пак ли истиот муабет. Тоа со 3 дена си го пишувавте вие самите тука на темата.

Што се однесува до офанзивата на украинците, нит има дата кога ќе почне ни прогноза колку ќе трае. Ама логично е да е летово, и ќе видме што ќе испадне. Членот се чудеше кај се бредлињата. Не треба да си генијалец за да сватиш дека ги чуваат за офанзивата. Божем русите не виделе бредли па од нив ги кријат.
Не е вистина. Наврати се на темата, и ќе видиш :)
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.724
Поени од реакции
33.969
^^ Голем дел се 20+ годишни,. Во главите практично сеуште се копиљаци (ама доволно возрасни за да се борат, и да умираат). :(
Автоматски споено мислење:

Како што реков, повеќе шанси имаат да преживеат во директна борба против руските војници отколку Азовци/нацисти (бунтување заради нечовечки услови во кои ги држат во Артемовск.

 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
Пак ли истиот муабет. Тоа со 3 дена си го пишувавте вие самите тука на темата.

Што се однесува до офанзивата на украинците, нит има дата кога ќе почне ни прогноза колку ќе трае. Ама логично е да е летово, и ќе видме што ќе испадне. Членот се чудеше кај се бредлињата. Не треба да си генијалец за да сватиш дека ги чуваат за офанзивата. Божем русите не виделе бредли па од нив ги кријат.

Еве од прилика муабет од првите денови, со естимација за завземање на Украина излегоа само апологетите на западот. Тоа е така, пошто нели ја следат западната пропаганда, која уствари го постави овој наратив, кој се следи до ден денеска.

А можеби не е грешка, само прашање на денови е кога Русите ќе ја прегазат Украина и ќе формираат проруска, марионетска влада.
Прашањето е што следува потоа..
Русиве секако ќе ја освојат Украина невозможно е да се одбрани Украина со тоа што го има. Веќе гледаме борби во Киев малтене во центарот на Киев. За 2 дена прогресираа од Белоруска граница до Киев. Ваков брз продор веројатно придонесува да има многу мали групи руски трупи изолирани во различни делови на градот и лесно да бидат фатени без многу отпор од нивна страна. Друга работа е што мислам дека Русиве пазат доста цивили да не погинат со бомбардирања за да не се направи поголем хаос. Според тоа што го изјавуваат америве овде е дека за максимум 7 дена ќе капитулира Украина. Чудно е што Русите се многу тивки со видео снимки и слично. Успеав да најдам 1 видео каде имаше преку 20 украински војници масакрирани од артилерија живи запалено буквално од артилериски оган. Такви масовни жртви на руски војници не сум видел до сеа. Видеа на руски војници погинати беа 3-4 мах што го потврдува она што го пишуваат западниве медиуми за брзи десантни единици уфрлени со транспортни хеликоптери во Киев.

Многу техника им заплени Украина по тоа што го гледам на телеграм. БТР,Камази,Стрела,Бук и слични ним воени возила. Децава што се заробени се по 20-24 години од Русија. Дали се волонтери дали се професионална војска тешко е да се каже. На толку запленета техника а нема жртви до ти возила значи побегнале самите војници не останале да изгинат.

Шпекулациите за бутнати авиони Иљушин и Сухои не може да се потврдат нема ниедна снимка од ова. Освен од 1 ка-52 кој е оставен на напуштен у сред пољана. Барем 2 снимки се потврдени од бутнати су-27 на Украина каде што на 1 снимка пилотов е буквално мелено месо не се познава дека е човек.

Русија ќе ја покори Украина сигурно но прашање е дали ќе може да воспостави ред да инсталира влада по нејзина мерка. Со толку омраза кај народов украински не знам како би се одвивало ова. Која е крајната цел на Русија ? Дестабилизирана Украина ,Украина дел од Русија , Срамнета со земја Украина и сл? Што мислите?
Една од најризичните операции што русите ја пробаа во првиот ден на нападот беше воздушен хеликоптерски десант на аеродром во Хостомел. Намерата беше заземање на тој аеродром на 15км од Киев и слетување на лесна механизација и со тоа брз напад на Киев додека уште не се организирани.


И нормално имаме потврда на естимацијата на планот на Русите, воздушен десант на 100километри од граница.
Наводно сабајле Русите го изгубиле Херсон, клучен град за напредок кон Одеса. Исто така наводно соборени се два Ил-76 авиони кои сакале да фрлат падобранци и опрема на југот од Киев. Засега нема потврда за соборените авиони. Еден Ил-76 може да носи до 150 падобранци.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom