Комунизам, злото на 20-от век?

Член од
28 декември 2015
Мислења
3.992
Поени од реакции
6.477
Како некој може да каже дека комунизмот е зло? За време на комунизмот различни народи живееле, секако дека имало многу жртви кои биле противници на оваа идеологија, но што правиме со онаа идеологија која доведе до смрт на шест-седум милиони луѓе во тој 20 век?
Има сосема јасни аргументи кои можат да се доведат во корелација со власта на комунистички партии по цел свет.
Значи не е еден исклучок туку правило. И јас мислев порано дека нема врска споредба меѓу фашизам и комунизам но после читање на неколку дела сфатив дека можеби сум во заблуда.
Планините од човечки лешеви и теророт до небо се карактеристика за многу општества каде бољшевизмот бил на власт.
Југославија е outlier и можеби најуспешен експеримент од сите, но Југославија беше некаков хибриден систем кој не издржа повеќе од половина век. Добрите сеќавања на нашите родители во Југа се пречка кои се пренесуваат на потомците, колку и да се искрени и вистинити - се далеку од реална процена на злото на еден систем во глобални рамки.
Па ден денес не се знаат конечните death toll во СССР и НР Кина, секако се работи за десетици милиони граѓани што убиени, што изгладнети до смрт, што умрени поради ретро болести.
Автоматски споено мислење:

со темава касниш едно 100 години, комунизмот помина и заврши, злото на 21 век ти е нео марксизмот, односно неокомунизам.
Затоа ова е подфорум Историја. Завршени се и Прва и Втора светска, и студената војна и Византија и Римско царство но затоа останува на историската наука да оформи слика за тоа што се случувало.
Комунизмот историски не добива заслужено внимание поради многу фактори, не најмалку што во пост-комунистичкиот свет децата и внуците на бољшевиците се на власт или барем се некакви тајкуни.

Во Полска пример се забранува комунистичка партија а симболите на комунизмот како срп и чекан се изедначуваат со свастика.

Што е тоа неомарксизам? Марксовите дела упатуваат на историска неминовност, според него сите капиталистички општества во највисок развој ќе бидат заменети со комунистички безкласни општества после транзицијата наречена диктатура на Пролетаријатот.

Автоматски споено мислење:

Ќе да е прилично точно.

Хана Арент ја има напишано “Изворите на тоталитаризмот“ и ако тргнеме на страна дека е/била Еврејка и дека пишувала прилично пристрасно, останува фактот дека фашизмот/нацизмот и комунизмот се деривати од ист извор (гледано историски, од средината од XIX па до раниот XX век) и меѓу нив нема суштинска разлика-доволно е да преброиме колку човечеки трупови остнаа од владеењето на наведените идеологи...
Автоматски споено мислење:



Да, може.

Друга е приказната што со тек од време, за да не биде доволно видливо, комунзимот односно соц-реализмот во СФРЈ постигна и некои резултати, но во суштина тие беа само производ од странската помош, бесконечното земање кредити и трајната зависност од лиценци.
За воља на вистината задолженоста на бивша Југославија е повеќе мит него реалност, чисто бројките упатуваат на таков заклучок земено колку се задолжени разни држави денес, па еден Јапан има 220% задолженост во однос према годишен БДП, за разлика од Југославија која имала не повеќе од 25-30% во најзадолжените периоди.

Но останатите комунистички режими имаат фрапантен број на ликвидирани лица и општо луѓе кои настрадале поради ужасно лоши услови на живот, болести и глад.
Она што го красело комунизмот како тоталитарен систем е целосната затвореност за било каква политичка конкуренција, било какво расудување надвор од рамките на дозволеното, едноумие и драконски казни за оние кои не припаѓале на бољшевиците.
Тие карактеристики се присутни и во фашистичките општества.
 
Последно уредено:
Член од
6 декември 2022
Мислења
960
Поени од реакции
1.463
Во Полска пример се забранува комунистичка партија а симболите на комунизмот како срп и чекан се изедначуваат со свастика.
Што би требало да ти каже дека Полска никогаш и не транзитирала во демократија и дека е цврсто под раката на германското фолксдојчерско лоби и клерот. Едначење на симболот кој го победил нацизмот преку борба гради в гради со самиот нацизам е газење врз коските на жртвите на нацизмот.
Ако до толку веќе страдале и под комунизмот, нека ги слават жртвите на комунизмот по име преку именување на улици, булевари, театри и школи по тие жртви.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.690
Поени од реакции
42.278
бришењето и ревидирањето историја ми е една од најретардираните работи. Као ние сеа ќе бришеме дека сме биле дел од Југославија. Тоа праат пољациве и други балтички држави, се понашаат како деца у градинка. Нивното не е ништо поразлично од тоа палење на книги од Хитлер и остали ствари што праеле фашистите. Не можеш да глумиш објективен доколку не ја признаваш историјата. Од сите држави едино Германија ги признала своите грешки.
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.925
Поени од реакции
5.064
За воља на вистината задолженоста на бивша Југославија е повеќе мит него реалност, чисто бројките упатуваат на таков заклучок земено колку се задолжени разни држави денес, па еден Јапан има 220% задолженост во однос према годишен БДП, за разлика од Југославија која имала не повеќе од 25-30% во најзадолжените периоди.
Не, не е никаков мит, затоа што СФРЈ на крајот од 80-тите имаше надворешен долг од тогашни 20 миљ. долари, кои никад не ги врати, ама (ќе) ги враќаат државите кои произлегоа од федерацијата.

Не можеш да споредуваш тогашни и сегашни долгови, затоа што состојбите тоаш и денес се напросто неспоредлви. Ако СФРЈ имаше привилегии кај САД, такво нешто денес не постои, туку постои запаѓање во должничко ропство па која држава ќе влезе во таква состојба, никад нема да се отараса од земените кредити, туку зајмува нови и нови, за да ги плати старите (кредити).

Не е битно колку е Јапонија задолжена, оти е многу побитно како е државата Јапонија оценета, кредитно способна и колку е економски силна за да може да ги враќа кредитите.

Способностите од Јапонија и СФРЈ се смешни за споредување, секако на штета на СФРЈ.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.992
Поени од реакции
6.477
Што би требало да ти каже дека Полска никогаш и не транзитирала во демократија и дека е цврсто под раката на германското фолксдојчерско лоби и клерот. Едначење на симболот кој го победил нацизмот преку борба гради в гради со самиот нацизам е газење врз коските на жртвите на нацизмот.
Ако до толку веќе страдале и под комунизмот, нека ги слават жртвите на комунизмот по име преку именување на улици, булевари, театри и школи по тие жртви.
Тие најдобро си знаат што и како бидејќи имаат искуство и од двата системи, 5 години под фашисти и 50 под комунисти. Нема никакво лоби, луѓето едноставно имаат аверзија кон комунизмот.
Катинската шума, архипелагот Гулаг, запирањето пред Висла и заедничката инвазија 1939 на Полска од страна на тогашните сојузници Третиот Рајх и СССР се доволен показател за тоа што значи за пољаците неодмнешната историја.
Комунизмот го победил нацизмот? Тоа не е точно, уште помалку што 1939-41 фашистите добиваа све и свашта од СССР, неброени композиции со нафта и руда одеа од Русија кон Германија, временски најголемите успеси на Рајхот (Франција, Бенелукс, Марита, британскиот експедициски корпус, Скандинавија) се за време на сојузништвото помеѓу Рајхот и СССР. Тоа се фактите, не е нешто измислено за да бољшевизмот се прикаже во лошо светло.
Автоматски споено мислење:

бришењето и ревидирањето историја ми е една од најретардираните работи. Као ние сеа ќе бришеме дека сме биле дел од Југославија. Тоа праат пољациве и други балтички држави, се понашаат како деца у градинка. Нивното не е ништо поразлично од тоа палење на книги од Хитлер и остали ствари што праеле фашистите. Не можеш да глумиш објективен доколку не ја признаваш историјата. Од сите држави едино Германија ги признала своите грешки.
Сите тие имаат сериозни причини за да го прават тоа што го прават, и Полска и Балтик и Чешка.
Оние кои немаат причина се србите кои изедначуваат четници со партизани, тоа веќе е забегано.
 
Член од
6 декември 2022
Мислења
960
Поени од реакции
1.463
Тие најдобро си знаат што и како бидејќи имаат искуство и од двата системи, 5 години под фашисти и 50 под комунисти...
Комунизмот го победил нацизмот? Тоа не е точно,.
Оние кои немаат причина се србите кои изедначуваат четници со партизани, тоа веќе е забегано.
Си се запрашал ли како тоа немаат аверзија према Австрија/Унгарија како што имаат аверзија према комунизмот и Русија а сепак Полска беше дел од Австроунгарија? И Австроунгарија е робовладетел, геноциден итн. 50 години комунизам, 5 години нацизам, колку години во состав на Австроунгарија... примирисале ли Полјациве сувереност?
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.690
Поени од реакции
42.278
Тие најдобро си знаат што и како бидејќи имаат искуство и од двата системи, 5 години под фашисти и 50 под комунисти. Нема никакво лоби, луѓето едноставно имаат аверзија кон комунизмот.
Катинската шума, архипелагот Гулаг, запирањето пред Висла и заедничката инвазија 1939 на Полска од страна на тогашните сојузници Третиот Рајх и СССР се доволен показател за тоа што значи за пољаците неодмнешната историја.
Комунизмот го победил нацизмот? Тоа не е точно, уште помалку што 1939-41 фашистите добиваа све и свашта од СССР, неброени композиции со нафта и руда одеа од Русија кон Германија, временски најголемите успеси на Рајхот (Франција, Бенелукс, Марита, британскиот експедициски корпус, Скандинавија) се за време на сојузништвото помеѓу Рајхот и СССР. Тоа се фактите, не е нешто измислено за да бољшевизмот се прикаже во лошо светло.
Автоматски споено мислење:



Сите тие имаат сериозни причини за да го прават тоа што го прават, и Полска и Балтик и Чешка.
Оние кои немаат причина се србите кои изедначуваат четници со партизани, тоа веќе е забегано.
Збориме за ревидирање историја. Искривување на реалноста што се случила. Како може да има некој причина да ревидира и фалшира факти?

Милиони загинале во име на комунизмот. Дали сега тие не постојат? Твоево е ептен забегана логика и не е ни малце поинаква од фашизмот. Затоа и го носиш тоа на аватар.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.992
Поени од реакции
6.477
Си се запрашал ли како тоа немаат аверзија према Австрија/Унгарија како што имаат аверзија према комунизмот и Русија а сепак Полска беше дел од Австроунгарија? И Австроунгарија е робовладетел, геноциден итн. 50 години комунизам, 5 години нацизам, колку години во состав на Австроунгарија... примирисале ли Полјациве сувереност?
Не била цела Полска туку делумно југот на денешна Полска под Хабсбурзи, но ете немаат иста аверзија. Зошто е тоа така е прашање. Кои тоа геноциди во време на Австро-Унгарија, прв пат слушам.
Автоматски споено мислење:

Збориме за ревидирање историја. Искривување на реалноста што се случила. Како може да има некој причина да ревидира и фалшира факти?

Милиони загинале во име на комунизмот. Дали сега тие не постојат? Твоево е ептен забегана логика и не е ни малце поинаква од фашизмот. Затоа и го носиш тоа на аватар.
Мора да има причина за тоа што по некои земји комунизмот и фашизмот се прогласени за злосторнички, набројав некои моменти, може да додаме и повеќе но Армија Крајова останала да дејствува партизански и пост 1945 значи имало вооружен отпор кон бољшевиците од истите оние луѓе кои се бореле и против фашистите во Полска се до некаде времето на Брежњев, таа историја била прикриена во времето на комунизмот од очигледни причини.
Комунистите се тие кои извитоперувале историја, доволно е да погледнеме кај нас, заради мир во куќа никогаш не смееше да се писне за Охридско-Дебарско или Тиквешко востание нит пак за периодот 1912-41 за време на србијанската окупација. Па и ден денес тоа го нема никаде по учебници.
Половина век се криеше сојузништвото на Рахјот со СССР 39-41 и еден куп историски факти кои говореле негативно за комунизмот.

Тоа што имам рондела за Аватар ме прави фашиста? Не е убаво така да се навредува соговорник, сеа да зеам јас да кажувам дека си ова или она поради аватар на форум, безвеза нели?
 
Последно уредено:
Член од
13 април 2021
Мислења
3.431
Поени од реакции
11.279
Утописката идеја за комунизмот е една работа, но имплементацијата се покажа како нешто сосема друго. Никогаш ни не постоел како што замислиле Маркс и Енгелс. Самиот комунизам не повикува на масовен геноцид, само тоа беа афектите кога тој беше применет.

Мислам дека омразата и недовербата кон оваа идеологија е помалку поврзана со реалните идеолошки/политички размислувања, а повеќе со траумата поврзана со децениите терор, геноцид, сиромаштија и социјална нееднаквост предизвикани од таа погрешна имплементација. И секако многу пропаганда.
 
Член од
6 декември 2022
Мислења
960
Поени од реакции
1.463
Не била цела Полска туку делумно југот на денешна Полска под Хабсбурзи, но ете немаат иста аверзија. Зошто е тоа така е прашање. Кои тоа геноциди во време на Австро-Унгарија, прв пат слушам.
Автоматски споено мислење:



Мора да има причина за тоа што по некои земји комунизмот и фашизмот се прогласени за злосторнички, набројав некои моменти, може да додаме и повеќе но Армија Крајова останала да дејствува партизански и пост 1945 значи имало вооружен отпор кон бољшевиците од истите оние луѓе кои се бореле и против фашистите во Полска се до некаде времето на Брежњев, таа историја била прикриена во времето на комунизмот од очигледни причини.
Комунистите се тие кои извитоперувале историја, доволно е да погледнеме кај нас, заради мир во куќа никогаш не смееше да се писне за Охридско-Дебарско или Тиквешко востание нит пак за периодот 1912-41 за време на србијанската окупација. Па и ден денес тоа го нема никаде по учебници.
Половина век се криеше сојузништвото на Рахјот со СССР 39-41 и еден куп историски факти кои говореле негативно за комунизмот.

Тоа што имам рондела за Аватар ме прави фашиста? Не е убаво така да се навредува соговорник, сеа да зеам јас да кажувам дека си ова или она поради аватар на форум, безвеза нели?
Сојузништвото на нацистичка Германија со СССР никогаш не се криеше во учебниците по историја на Социјалистичка Република Македонија. Ниту злосторите врз македонското население 1912-1941. Ниту Шарло против Темпо. Ако тие факти не се споменувале во учебниците, тоа е по осамостојувањето, за време на наводниот повеќепартизам.
 
Член од
30 октомври 2022
Мислења
461
Поени од реакции
1.289
Утописката идеја за комунизмот е една работа, но имплементацијата се покажа како нешто сосема друго. Никогаш ни не постоел како што замислиле Маркс и Енгелс. Самиот комунизам не повикува на масовен геноцид, само тоа беа афектите кога тој беше применет.

Мислам дека омразата и недовербата кон оваа идеологија е помалку поврзана со реалните идеолошки/политички размислувања, а повеќе со траумата поврзана со децениите терор, геноцид, сиромаштија и социјална нееднаквост предизвикани од таа погрешна имплементација. И секако многу пропаганда.
Човештвото е склоно кон злоупотреби.И Француската револуција била заснована врз принципот -Слобода за народот, смрт на кралот и аристрократите.Ама на крај претворила во крвопролевање ,терор и сечење на глави.Апсолутната власт го претвора обичниот човек во монструм.Сталин, Севернокорејската фока,Хитлер, Мусолини,Робеспиер,независно од идеологијата апсолутната власт ги претворила во монструми.
 
Член од
6 декември 2022
Мислења
960
Поени од реакции
1.463
Човештвото е склоно кон злоупотреби.И Француската револуција била заснована врз принципот -Слобода за народот, смрт на кралот и аристрократите.Ама на крај претворила во крвопролевање ,терор и сечење на глави.Апсолутната власт го претвора обичниот човек во монструм.Сталин, Севернокорејската фока,Хитлер, Мусолини,Робеспиер,независно од идеологијата апсолутната власт ги претворила во монструми.
Па не баш. Хитлер си бил нетаман уште како гладен, бездомен уметник/“уметник“ во Виена. Па почнал да држи спонтани “говори“ по плоштади. Сталин ограбувал банки кога станал комунист на млади годиње.
Требало сите тие ликови:
- да бидат гладни за слава и моќ
- некој да ги устоличи
- општествените услови во дадениот историски момент да бидат такви да има доволно голема критична маса крајно незадоволен народ спремен да жртвува многу за да се избави од беда.
Во право си за независност од идеологија, до одредено ниво на достигната моќ. Биографи од тоа време на пример солидно докажуваат дека веднаш по Првата Светска Војна Хитлер се однесувал и практикувал комунизам. Официјалното име на неговата политичка платформа е национал-социјализам. Сталин како интелект “процветал“ во рамките на болшевичкото движење, инаку бил идеолошки прилично неубеден криминалец пред да го приберат болшевиците.
Севернокорејската фока не се рачуна, се рачуна дедо му.
 
Последно уредено:
Член од
30 октомври 2022
Мислења
461
Поени од реакции
1.289
Па не баш. Хитлер си бил нетаман уште како гладен, бездомен уметник/“уметник“ во Виена. Па почнал да држи спонтани “говори“ по плоштади. Сталин ограбувал банки кога станал комунист на млади годиње.
Требало сите тие ликови:
- да бидат гладни за слава и моќ
- некој да ги устоличи
- општествените услови во дадениот историски момент да бидат такви да има доволно голема критична маса крајно незадоволен народ спремен да жртвува многу за да се избави од беда.
Мислиш дека апсолутната власт нема да те промени на полошо?Нека ти ја дадат на година дена ни твоите дома нема да те препознаат.
 
Член од
6 декември 2022
Мислења
960
Поени од реакции
1.463
Мислиш дека апсолутната власт нема да те промени на полошо?Нека ти ја дадат на година дена ни твоите дома нема да те препознаат.
Наеднаш дадена? Таква лична промена не се случува нагло. Поентата ми е: треба неколку доста критични услови да се исполнат за да стигнеш до апсолутна власт. Ти си веќе апсолутно расипан кога ќе стигнеш до врвот на апсолутната власт.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom