Занает или факултет - дилема на модерниот млад маж

Ако те интересира, зошто да не пробаш. Според напишаните информации изгледа примамливо.
А каков ќе биде курсот??? Ти ќе ни раскажеш откако ќе ја поминеш обуката.

П.С. Не успеав да најдам по која цена е понудата
Нема ништо за цена.
 
Таман работа, @мкд владе е по патриотски чинови, јас сум повеќе од практична гледна точка и како работите би функционирале оптимално.
Isti kurac drugo pakovanje :toe:
Автоматски споено мислење:

Има еден куп причини зашто нема да не биде, и ова не е една од тие. Сегде факсот е класна сегрегација. Мислиш богатите у Америка што идат на колеџи од по 200к долари им е гајле за тие што немаат пари. Ноуп, секој си глеа за себе.

На темава место да дадете корисен совет, драпате мадиња за оправање на државата. Место да му кажеш на детево дека не му треба курс за електричар, дека треба да иде да штема и во меѓувреме да му го краде занаетот на мајсторот
I gjupcite si gledat samo za sebe, posebno od denes za utre. Si pominal niz gjupska naselba taka ?
I mu dadov sovet za zanaet ali nesto ne mu bese po kef.
P.s ovoj sovetot za elektricar ti e ubedlivo najglupit sovet sto mozes da mu go dades, nastrana sto i majstorot najverojatno priucen e.
Si odat tie po sablon, sijalicno mesto tolkav kabel, boljer pojma nemam tamu sto, spore tolku. Niti znae zosto, niti go interesira. I utre ke se zapali instalacijata, e ke se zapali :toe:
 
Последно уредено:
Дај бидете сериозни, погребално во така мало место како моево со веќе постоечко и јас ќе бидам првиот муштерија.
Ако можете совет конструктивен да дајте во ред иако Владе не дека не е во право во врска со лебчето, кој мајстор ќе ти даде да му земиш од лебчето.Па баш затоа Владе темава е отворена.
 
Верувам дека се што е тешко да се научи и не секој што сака да го работи, и воедно ако има дефицит на таа професија/струка/занает е ДОБРО платена.

Од лично искуство, јас од мал бев computer-geek, се запишав на факс за инженерство и го ставив факсо во мирување во втора година бидеќи почнав да учам IT од ресурси/материјали/курсеви на интернет и не планирам да го завршам искрено, туку активно земам сертификати од високо развиени ИТ компании (top 10).

На кратко, вака ми се развиваше кариерата и самата заработка искрено:

1. Пракса 6 месеци - 9000ден/месечно (домашна компанија)
2. Пракса 3 месеци - 9000 ден/месечно (домашна компанија)
3. Прва работна позиција - 30000 ден/месечно (домашна компанија)
4. Втора работна позиција - 40000 ден/месечно (домашна компанија)
5. Трета работна позиција - 6 цифри плата/месечно (странска фирма)

Се на се, вкупно имам 2ипол-3 години искуство, ова специфично во кадар на Информациски технологии во развој на апликациски софтвер.

Моја препорака до секој што сака да навлезе во ИТ, што поскоро напукаш искуство, бегај од ИТ фирми во Македонија како од чума. Истата работа да ја најдеш freelance/remote за странски клиент/компанија ќе бидеш платен 5-7 дупло отколку во Македонија, и општо секоја професија е многу повеќе ценета во странство.

Исто така е многу битно да се истражи што и колку плаќа и која е побарувачката на самиот маркет/потрошувачи, и каков напредок имаш и колку нештото ќе ти се исплати на подолг период.

Во техничките, инженерските и занаетчиските вештини се парите, јас така си го имам сватено барем и на сите му препорачувам да научат нешто кон кое што имаат страст, и да го монетизираат самото нешто за додатен приход :)
 
Немам намера да ја отерам темава пак во аспект на ИТ, но во последните година и пол има еден тренд кој оди екстремно нагоре и би сакал да го истакнам затоа што се повеќе луѓе ќе бидат засегнати, и оваа индустрија ќе се менува на многу полошо и за вработените и за локалните фирми.

Од пред одреден период голем дел од фирмите кои застапуваат работа од типот на deel.com, а и на огласите кои се по indeed, linkedin и сл. почнуваат да пишуваат дека платата ќе варира во однос на местото каде што си лоциран. Пак ќе работиш за САД, или некоја побогата држава од западен свет, но ќе бидеш платен со плата соодветна на искуството во твојата земја (не дека таа плата ќе биде мала, но далеку од цифрите кои летаа во изминатите 3 години).

Со ова се соочуваат и компаниите кои се од мкд, а работат аутсорсинг, и веќе се сведуваат работите на следните избори: да отвориш канцеларија во таа држава и да ја фатиш работата преку таа канцеларија, да ја продадеш компанијата на некоја поголема корпорација која веќе има канцеларии, да се нафатиш да работиш со помали цени и да бараш локално кадар за помала сума (уште потешко), да затвориш.

Сличен ќе биде и изборот на кадарот, или ќе треба да фати џаде и да отиде таму (тие би спонзорирале ако си апла вундер кинд/во област која нема кадар, или пак ако имаш веќе право да работиш таму), да се нафатиш да работиш за помалку пари.

Друга работа која веќе се чувствува е презаситен пазар и кај нас, а и надвор. Надвор со отпуштањата веќе имаш зголемени бројки на кандидати (еве и во АУС гледам на огласите ако пред некој месец имало 30 души сега има по 70 апликанти), кадарот по азиските земји се подобрува а е сеуште поефтин, веќе и во Македонија е упм тешко за почетниците да добијат било каква шанса (особено почетници кои се со курсевите со кои за 3 месеци “станаа програмери“).

Инаку се согласувам за дефицитот, имав пишувано и претходно, прилагодливоста е најбитна, ако некој завршил Х факултет не може да очекува дека ќе го земе некој од дома и ќе му даде работа, а уште помалку дека ќе работи по професијата ако не е дефицитарна или станала недефицитарна.

Еве во моментов гледам дека земјоделието и сточарство/живинарство можат да бидат многу добар избор, само не по тие номадските и старовремски методи, или ако е веќе номадски да се продава како „органско“. Ама ела натерај некој од младите да земе кредити, да се пресели во некое село и да стане сточар/земјоделец.
Со модерниве текови за „органско производство“ да не правиме муабет, со една страна на интернет може со предвремени нарачки да продаде се што ќе произведе, а со тек на време и комбинирање на повеќе помали играчи да се прави извоз.
А ете ја цела држава страда за храна, во година и кусур цела храна е отидена по 20-30% нагоре, што значи дека ако успее да произведе за пониска цена може со рекламирање на социјални мрежи произвдоството да го шитне и на мало.
 
Ама ела натерај некој од младите да земе кредити, да се пресели во некое село и да стане сточар/земјоделец.
Ако има таква будала, попаметно му е да ги инвестира парите на кибритчиња на камени. Таму вајда има некакви шанси.
Автоматски споено мислење:

Isti kurac drugo pakovanje :toe:
Автоматски споено мислење:

I gjupcite si gledat samo za sebe, posebno od denes za utre. Si pominal niz gjupska naselba taka ?
I mu dadov sovet za zanaet ali nesto ne mu bese po kef.
P.s ovoj sovetot za elektricar ti e ubedlivo najglupit sovet sto mozes da mu go dades, nastrana sto i majstorot najverojatno priucen e.
Si odat tie po sablon, sijalicno mesto tolkav kabel, boljer pojma nemam tamu sto, spore tolku. Niti znae zosto, niti go interesira. I utre ke se zapali instalacijata, e ke se zapali :toe:
Мајсторот приучен, ама овој со курс ќе ја нареди работата. А живо ме интересира каде и што ќе работи после, како натпросечно приучен мајстор.
 
Ако има таква будала, попаметно му е да ги инвестира парите на кибритчиња на камени. Таму вајда има некакви шанси.
Класичен македонски менталитет ;)
 
Дај бидете сериозни, погребално во така мало место како моево со веќе постоечко и јас ќе бидам првиот муштерија.
Ако можете совет конструктивен да дајте во ред иако Владе не дека не е во право во врска со лебчето, кој мајстор ќе ти даде да му земиш од лебчето.Па баш затоа Владе темава е отворена.
Никој нема да ти даде, затоа се вика крадење занает. Чим си запнал, мое мислење. Да идеш на курс за било каква мајсторска работа е губење време. Овој курс нема да те напраи стручен, ниту ќе ти отвори entry lvl позиција, зашто entry requirenments се да не си целосен инвалид. Тоа е кариерниот пат, ќе работиш како чирак и ќе учиш при работата. Вратите за амали се секогаш отворени.

Друго е ИТ курсевите, каде имаш жестока конкуренција за влез на entry позиција и мора да се издвоиш. Ја не те знам што цели имаш, ниту колку години, финансии и тн. Моментално ИТ ти е неколку кратно поисплатливо од било што во државава во однос на вложен труд/услови на работа, така да би целел дур сум млад. После идат другите технички факултети, па другите факултети, и на крај ова твоево.

И ова пак ќе кажам е general case, има секакви примери за исклучителни луѓе ама повеќето од нас сме просечни. Зирнете ја фарма зрзе на инста, млади дечки тераат земјоделски бизнис за пример у Македонија. Ама фер е да се каже дека 99% не успеваат така и живеат многу лош квалитет на живот. Твој си е ризикот.
Автоматски споено мислење:

Класичен македонски менталитет ;)
Па советиве ти се кој од кој, уште предложи му брз кредит да земе. Сеа ти работиш у ИТ и многу добро ги знаеш условите, и си ги дупиш тука на темата. Нека проба првин патлиџан да израсне у двор па после нека зима кредити за земјоделие.
 
Баш затоа и му го давам советот.
Како прво не секој е за таа индустрија, а како второ гледам како се менуваат работите од ден на ден.
 
Па има место за секакви луѓе во моментов.
И да стане полошо, никогаш нема да стане толку лошо ко браншите што вие му ги предлагате.
 
Немам намера да ја отерам темава пак во аспект на ИТ, но во последните година и пол има еден тренд кој оди екстремно нагоре и би сакал да го истакнам затоа што се повеќе луѓе ќе бидат засегнати, и оваа индустрија ќе се менува на многу полошо и за вработените и за локалните фирми.

Од пред одреден период голем дел од фирмите кои застапуваат работа од типот на deel.com, а и на огласите кои се по indeed, linkedin и сл. почнуваат да пишуваат дека платата ќе варира во однос на местото каде што си лоциран. Пак ќе работиш за САД, или некоја побогата држава од западен свет, но ќе бидеш платен со плата соодветна на искуството во твојата земја (не дека таа плата ќе биде мала, но далеку од цифрите кои летаа во изминатите 3 години).

Со ова се соочуваат и компаниите кои се од мкд, а работат аутсорсинг, и веќе се сведуваат работите на следните избори: да отвориш канцеларија во таа држава и да ја фатиш работата преку таа канцеларија, да ја продадеш компанијата на некоја поголема корпорација која веќе има канцеларии, да се нафатиш да работиш со помали цени и да бараш локално кадар за помала сума (уште потешко), да затвориш.

Сличен ќе биде и изборот на кадарот, или ќе треба да фати џаде и да отиде таму (тие би спонзорирале ако си апла вундер кинд/во област која нема кадар, или пак ако имаш веќе право да работиш таму), да се нафатиш да работиш за помалку пари.

Друга работа која веќе се чувствува е презаситен пазар и кај нас, а и надвор. Надвор со отпуштањата веќе имаш зголемени бројки на кандидати (еве и во АУС гледам на огласите ако пред некој месец имало 30 души сега има по 70 апликанти), кадарот по азиските земји се подобрува а е сеуште поефтин, веќе и во Македонија е упм тешко за почетниците да добијат било каква шанса (особено почетници кои се со курсевите со кои за 3 месеци “станаа програмери“).

Инаку се согласувам за дефицитот, имав пишувано и претходно, прилагодливоста е најбитна, ако некој завршил Х факултет не може да очекува дека ќе го земе некој од дома и ќе му даде работа, а уште помалку дека ќе работи по професијата ако не е дефицитарна или станала недефицитарна.

Еве во моментов гледам дека земјоделието и сточарство/живинарство можат да бидат многу добар избор, само не по тие номадските и старовремски методи, или ако е веќе номадски да се продава како „органско“. Ама ела натерај некој од младите да земе кредити, да се пресели во некое село и да стане сточар/земјоделец.
Со модерниве текови за „органско производство“ да не правиме муабет, со една страна на интернет може со предвремени нарачки да продаде се што ќе произведе, а со тек на време и комбинирање на повеќе помали играчи да се прави извоз.
А ете ја цела држава страда за храна, во година и кусур цела храна е отидена по 20-30% нагоре, што значи дека ако успее да произведе за пониска цена може со рекламирање на социјални мрежи произвдоството да го шитне и на мало.

Тоа апла лошо е ако те плаќа според местото во кое живееш, сакаат доста пари да зачуваат во случајов компаниите а да outsource-нат квалитетен кадар, искрено не оди едното со другото. Што ако пример некој е дигитален номад и работи во повеќе дестинации и често му се менува местото на живеење ?

Ова не ме бендисува иЧ
 
Па има место за секакви луѓе во моментов.
И да стане полошо, никогаш нема да стане толку лошо ко браншите што вие му ги предлагате.
Да, тоа полошо значи 0, или просечна плата во државата каде што се наоѓаш.

Тоа апла лошо е ако те плаќа според местото во кое живееш, сакаат доста пари да зачуваат во случајов компаниите а да outsource-нат квалитетен кадар, искрено не оди едното со другото. Што ако пример некој е дигитален номад и работи во повеќе дестинации и често му се менува местото на живеење ?

Ова не ме бендисува иЧ
Не ги интересира ти дали утре ќе отидеш на Малдиви, или на Хаваи, тој тебе те гледа како Македонец. Си ангажира компанија преку која ќе те плаќа (тие погоре се слична, да не им правам реклама има уште неколку други кои имаат канцеларии и во мкд) и ти нуди цифра која е просечна за тоа искуство/позиција.

Истото се случува и кога аплицираме за проекти како фирми, за истиот проект ако им отидеш како фирма која има канцеларија само мкд ќе го јадеш, ако отвориш локална канцеларија во таа држава може на истиот проект да влезеш со локални цени. Тоа и го прават овие поголемите фирми што отвораат канцеларии во мкд, сите имаат канцеларии во земјите каде се тие проекти, ги фаќаат со тамошни цени, а потоа ги аутсорсираат делумно да се завршат во мкд за помала сума.

Не се глупави, полека се освестуваат, а како им паѓа стандардот таму, се повеќе и повеќе ќе се затегнува ортомата.
 
Они може да пробаат ама природата на пазарот е друга. Не даваат пари од кејф, туку од што немаат кадар таму. Единствен проблем е неизбежната рецесија во Америка. Ама тоа се циклуси, после тоа ќе има раст и така.

Како и е нормална работа е условите на пазарот да се менуваат. Затоа и му реков дека долгорочно во кариерата факсот е паметна инвестиција.
 
Вие што сте во ИТ што мислите за оваа револуцијата што се случува со AI, како ќе биде во иднина?
 
Де факто пасошот е побитен и од диплома и од занаетот.

Нема друга причина зошто некој би вработил од Мк, Бг, Ро, него скратување трошоци, така е и во ИТ, така е и во МекДоналдс.

Тоа секако дека ќе биде под капата на програма за диверзификација и ќе се истакне дека ги плаќаат вработените натпросечно.

Мене ми е неверно дека АИ ќе ги замени ИТ работниците пред адвокати, економисти, а и дека Македонците во тој сектор ќе изгубат место при 1500€ просечна наплата.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom