Македонска берза

Член од
5 октомври 2013
Мислења
25
Поени од реакции
61
STBP - некој денеска ги усиса на 790. Следна количина на 850 денари. Тој НЕКОЈ или е коцкар или е будала. Има и трето , а тоа е има инсајдерска информација која ја обеќале Грците после студијата за приоритетните акции а која вели дека 1 обична ( 1343 денари пазарна цена ) = 2,5 приоритетни ( 790 денари пазарна цена). Или кога ќе се конвертира излегува дека 1 обична 1343 денари = 2,5 приоритетни 1975 денари ???
Нешто тука нема логика или НЕКОЈ многу знае ! За некого 790 е егзит стратеџи , за некого инвестиција. На некого не може да му се раздени , додека на друг не му се стемни !

Но јас би надополнил еден коментар од погоре кој ме бендисува од почитуваниот Side Hustler кој пишува за КМB од 9000 на 1700. Јас би се надоврзал за таа 2010/11 со STB oд 1200 на 110 денари , MPT од 180 000 денари ( сто осумдесет илјади денари со букви ) на 10 500 , АLK од 16500 на 2400 , GRNT од 5000 на 350 денари , STIL од 850 на 40 денари , ТEL од 1100 на 150 денари ... Тука да ги наредам и умрените а некогаш блу чип на берзата TPLF , OHIS , BETON , Makosped , сите RZ или полуживите а умрени FERS од 400.000 денари на 50.000 денари , SPAZ кои како алва одеа за 80 000 денари по акција и така натаму и така понатаму.

Значи потегот на НЕКОЈ не соодветствува со ЦЧИ што STB ja даде на берза !
А потегот на глобалистите ќе биде РЕЦЕСИЈА ... :motorce:
 
Член од
26 август 2013
Мислења
172
Поени од реакции
178
Не знам зашто ги зимате за споредба цените после меурот од 07/08. Тие цени тогаш постигнати (бев студент и бев дрво за мк берза па ми беше јасно каков меур е тоа тогаш) се на ефекот на лалињата у холандија пред 3-400 години. Тоа што денес сеуште има луѓе што ги чекаат ржињата на 1.000 ден, а тогаш продаваа станови за нив е светски пример за историјата.
 
Член од
22 април 2020
Мислења
17
Поени од реакции
8
Здраво, сакам да купувам акции, ме интересира доколку одам преку некоја од банките дали има годишни трошоци за водење на сметка покрај стандардните? Или е подобро преку некоја брокерска куќа?
Фала
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936

и банката ти е брокерска куќа . Истото ти е. Немаш трошоци за водење на сметка.
Автоматски споено мислење:

Не знам зашто ги зимате за споредба цените после меурот од 07/08. Тие цени тогаш постигнати (бев студент и бев дрво за мк берза па ми беше јасно каков меур е тоа тогаш) се на ефекот на лалињата у холандија пред 3-400 години. Тоа што денес сеуште има луѓе што ги чекаат ржињата на 1.000 ден, а тогаш продаваа станови за нив е светски пример за историјата.
Најопасната реченица ,, This time is different''. Крашови секаде имало и циклично секогаш ќе се појавуваат, тоа е аксиома и нема бегање. После секој краш следи фаза на ресет и повеќегодишна продуктивност како никогаш претходно. Крашот е буквален крај за се шо е мало, неквалитетно, неповрзано и безидејно, пример се овие неколку државно инструментализирани и превземени за беспари компании од кликава и неколку фамилии. Да нема краш веројатно Штеријев ќе го испратиме у пензија од таа позиција со берза на џкрги како шо е и сеа. Меури и лалиња секогаш ќе има пошо берзата не е нишо друго освен натегање на greed и fear и некој си ултра долгорочен велју момент кој многу малку се трпеливи да го издржат а постојано го рецитираат насекаде. У таа френзи 2007-08 КМБ со 17 п/е малтпл и не била кој знае колку лализирана но earnigns deterioration си го направи своето од 8к на 1600. Тоа е најопасното у причава. Може сум малку екстремен (како и секогаш) но Македонија доколку УСА па ЕУ влезат у рецесија, читава не може едноставно да остане. Тоа плитка, шелоу, кротка или безболна рецесија ви е претпазлив политички вординг шо во пракса не се наоѓа.
 
Последно уредено:
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.311
Поени од реакции
2.373
Каде грешат инвеститорите почетници кога ги вреднуваат акциите? (opfolio.mk)

Што покажува коефициентот цена/добивка (p/e) за цената на акцијата?
Што ако кофициентот цена/добивка (p/e) е висок?
Дали вреди да се инвестира во висококвалитетни компании по која било цена?
Како да се вреднуваат висококвалитетните компании?
 
Си сврте Васе герила маркетинг за сајтчето :)
 
CecaXYZ

rookie
Член од
26 ноември 2022
Мислења
196
Поени од реакции
87
Не видов, можеби ми промакнало.
НЛБ кажаа ли колку ке биде дивденда бруто/нето за нивните акции? Или рано е уште.

Благодарам однапред
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
Не видов, можеби ми промакнало.
НЛБ кажаа ли колку ке биде дивденда бруто/нето за нивните акции? Или рано е уште.

Благодарам однапред
Рано е. До крај на месец ќе знаеш. Денес или утре кварталиот им излага
 
Член од
26 август 2013
Мислења
172
Поени од реакции
178
Член од
20 декември 2021
Мислења
204
Поени од реакции
232
Дали ова значи на некој начин свеж старт? Со расчистени загуби што се влечеле со години?
Nov start so obezvredneta vrednost isto bi bilo kako sega da donesat odluka od TNB deka dividendata od minatata godina ke odi za asfalt vo koridor 8,dobivka nikakva osteteni samo akcionerite i firmata.
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
Каде грешат инвеститорите почетници кога ги вреднуваат акциите? (opfolio.mk)

Што покажува коефициентот цена/добивка (p/e) за цената на акцијата?
Што ако кофициентот цена/добивка (p/e) е висок?
Дали вреди да се инвестира во висококвалитетни компании по која било цена?
Како да се вреднуваат висококвалитетните компании?
Confronting Tendo :pistoldz::)

Шо ако п/е како школски пример за преценетост и потценетост на компанија емпириски излезе дека е најголемата замка за влез во било која инвестиција? Сите велју инвеститори мантраат иста реченица, цитирам ,,Цената на акцијата има дискаунтирана идна вредност односно е секогаш форвард лукинг'' мислејќи само на оптимистичкиот нагорен тренд. Скоро никаде немам слушнато да кажат но шо ако доаѓа до контракција на истото п/е тогаш цената не дискаунтира надолен тренд? Одговорот е ДА, 100% идентично.
Да појаснам:
Долу чартот на JAVA е во скалд со теоријава. п/е на ЈАВА пред да се случи енормен пораст од 10$ на 260$ е доста висок и акцијата не е атрактивна по овој малтипл се до крајот на циклусот кога истата акција паѓа за 75%, а п/е -то под првичното ниво. Шо се случува (долниот дел од чартот) во 2001ва година со ,,потценетоста'' на компанијата кога ги лурува сите инвеститори со рисенси бајас да влезат на сега низок малтипл кога после една година акцијата е ботом. После тоа имаме невообичаен спајк на п/е над 150 како резултат на антиципирани (дискаунтирани) и ефектуирани лоши еарнингс или гајданс како сакаш. Одговорот е повторно П/Е то е главен показател за дискаунтирање на тренд и нагоре и надолу и има само релативна улога во валуација. Тоа шо компанија има висок п/е значи дека има перцепиран гроут моментум и затоа најголемите винери како ТСЛА и НВДА се евидентно диференцираа како акции каде највеќе пари можеа до сеа да се направат. Зошо П/Е на Интел или HPQ е толку ниско? Зошо ZIM у ковид имаше 1 п/е? Пошо гроутот е завршен или темпорарен како на булкот, толку од него, фалименто.

Just think about this ;)

P-E Trap.png
 
Прегледај го приврзокот 376018
Мислам дека набрзина си го прочитал мојот текст. Сметам дека и јас во текстот пишувам дека на овој показател треба да се гледа само како еден од индикаторите, но далеку од најважен или пак единствен. Како показател е најмногу подложен на манипулација од сите компании кои што сакаат да изгледаат подобро од она што се.

Една од поголемите мои грешки во инвестирањето е инвестицијата во Intc, баш поради тој низок p/e. Од таму ја добив и инспирацијата за текстот.
 
Ок. Чекаме сеа нов текст за твојот омилен п/б малтипл ;)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom