Јас не знам ни која е убавината во чувањето на крволочни раси на кучиња. Ова се случува кога државата е во распаѓање и никакви закони не постојат. Секој си зема куче кога сака и си го фрла по улици, да не можеш пешки и со точак никаде да поминеш.
Тешки дебили чуваат кучиња кои се опасни за околината, ги шетаат пуштени без маски, им бегаат од дома, не се соодветно обезбедени.
Пред некое време пит були нападнаа старец на кеј, ќе го расчеречеа. Газдата лабаво си ги постира во групата за миленици и пишува зар овие кучиња можат да нападнат некого? И добива поддршка од илјадници луѓе.
Сакам кучиња, сакам животни, ама тие болесниците што секогаш пробуваат да ги релтивизираат работите и да бранат нешто што не може да се брани, подеднакво би ги бесел ко политичарите.
Да, државата треба да има закони за тоа кој може да чува куче и да се има сопственост како во странство и да се казнува секој чие куче ќе заврши на улица со дебела казна, ама човечкиот живот е поважен на крајот од денот.
За курац ми се да ги носат на стерилизација и пак да ги враќаат по 30 кучиња на исто место. Дека попаметни ќе се вратат ако ги стерилизираат.
Од некаде мора да се почне, никаде во Европа нема градови со толку улични кучиња.
Одам сабајле по плоштад, глутници шетаат, по кеј исто, во ГТЦ влетаа 5 кучиња, лаат по сите корнат. Парковиве се претворија во кучкарници, малку по 10-ици улични кучиња дремат таму, па уште и домашните ги пуштаат да трчаат цело време. Игралиштата се за ДЕЦА, не за да затворате врати и да ги трчате кучињата внатре, па да серат на секое метро. Земала една типка во парков спроти Алумина, пуштила ротвајлер поголем од нејзе, си ставила слушалки и си џогира во розе хеланчиња. Ало мори и викам, ќе не изеде сите до еден кучево.
Не е нормално секој ден по 3-4 каснувања да има.