Живот назад во природа

Z

zmej gorjanin

Гостин
Повеќе од 20 години живеам надвор од градот, иако сум одраснат во Центар. Мое мислење е дека за вакво живеење треба полека да се обезбедат сите удобства, без исклучок. Ништо не треба да недостасува, тешко се живее номадски, на подолг период. Мора непрекинато да се води сметка и за промена на околностите, па да се прилагодува. Не е битно само да е блиску училиштето. Треба да му се овозможи на детето контакт со врсници, да не се осеќа заробено во пустелија. Од друга страна, многу е мачно децата непрестано да се развезуваат по спортови, часови по музика, јазик... За постарите, доаѓаат болести. Тогаш воопшто не е сеедно каде си, барем кај нас, во Македонија. Пак е изводливо, како во мојот случај, но тоа бара огромна жртва. Најчесто треба да се заборави на мајстори, ретко кој се нафаќа да дојде или, ако дојде, ќе те уценува и одере. Сам сѐ ќе си правиш и поправаш и, непрекидно ќе импровизираш, бидејќи поинаку не може. Сам ѕидам, правам мебел, заварувам, сѐ поправам. Не се прославив со моите обиди за земјоделие, ама и тоа го правев. Имав и гуски и кокошки. Е сега, во мојот случај комбајн не беше потребен.
Од мое искуство, ова е скапо живеење ама, прекрасно е. Посебно раатот. Единствени звуци кои ги слушаш се од птици, козички, твоите кучиња. Пандемијата, рестрикциите и забраните не ги почувствував. Времето едноставно лета.
И, наеднаш сфатив дека ми недостасува градот. Не дека го затекнав поубав, напротив. Ама, изолираноста ми досади.
Им посакувам среќа на сите кои ќе се определат за живот во природа. Ама, треба да се мисли на бекап.
Браво, ја им се восхитувам на луѓе ко тебе.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.607
Поени од реакции
37.563
водата е моја, струјата е моја, куќата е моја, храната ќе е голем дел моја….
...немој така да се лажеш, ништо наведено не е твое, тоа се природни ресурси кои ти ги користиш и како што си во ЕУ дебело ќе плаќаш порез на сето тоа, затоа гледај да не форсираш, уживај во моментот кој нема да се повтори од срањата што не чека во блиска иднина.
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.903
Поени од реакции
10.972
Кај замина темава… Ова не би го нарекол “живот назад во природа” во буквална смисла, ама па ова што го вели @коцка е сосем изводливо било каде!

Значи бегство во природа не мора да значи и сечење врски со цивилизацијата!
Може ние немаме езеро Комо, ама прекрасни места во природа, а 20мин (еве нека не биде пеш) со точак или кола до сите потрепштини..
Дури и место со струја може да се најде!

Ако работата дозволува, валидна опција!
Ама без забегување дека сами ќе си произведувате се што ви е потребно!

@gurman2 убаво објасни..!
 

коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.178
Поени од реакции
13.798
...немој така да се лажеш, ништо наведено не е твое, тоа се природни ресурси кои ти ги користиш и како што си во ЕУ дебело ќе плаќаш порез на сето тоа, затоа гледај да не форсираш, уживај во моментот кој нема да се повтори од срањата што не чека во блиска иднина.
Веќе се информирав и да мои се :)
Автоматски споено мислење:

Кај замина темава… Ова не би го нарекол “живот назад во природа” во буквална смисла, ама па ова што го вели @коцка е сосем изводливо било каде!

Значи бегство во природа не мора да значи и сечење врски со цивилизацијата!
Може ние немаме езеро Комо, ама прекрасни места во природа, а 20мин (еве нека не биде пеш) со точак или кола до сите потрепштини..
Дури и место со струја може да се најде!

Ако работата дозволува, валидна опција!
Ама без забегување дека сами ќе си произведувате се што ви е потребно!

@gurman2 убаво објасни..!
Тамам работа дека сами ќе произведуваме се. Ќе си соработуваме со селаните од околните села :)

не мора да е Комо, другар ми се пресели на преспанско во едно еептен мало селце. Жена му преведувач,тој програмер, две ќерки и дивина околунив. Птета само што ќерките пораснаа немаше повеќе школо каде да одат и се преселија во ресен сега. Ама едно 15 год си живеа таму во селцето
 

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.829
Поени од реакции
6.434
Веќе се информирав и да мои се :)
сега озбилно, ако ЕУ затегни, :ROFLMAO: дојдете си во Швиц. :pipi:
Има доста италијански Швајцарци и се ептен супер, супер народ. Мега лајк.
Помалку битно и релевантно на темава но сите ланци на ултра луксуз хотели ги држат, од Свети Мориц преку Свети Гален, до Цермат и Берн и Женева.
Лугано е СОН. Ко сребро трепери цело езеро.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.607
Поени од реакции
37.563
Веќе се информирав и да мои се :)
...памти што ти пишав,
и не само што ќе плаќаш висок данок, туку и казна што ќе ти остане ,,вишок" од електрична енергија комбинирана со соларните панели, Сонцето не е твое, ќе ти се ограничи што можеш да исечеш од дрво или посадиш, интересно е што си во ЕУ, а не си во тек што ќе биде во блиска иднина, така мислиш ти, ќе те пушти ЕУ да имаш бајка од живот, па уште ,,си прашала", ехх мор коцке шо не гледаш малку понапред, зато ти велам изи гл!
 
Член од
3 јануари 2023
Мислења
9.142
Поени од реакции
5.723
Би сакал само мое искуство да споделам на кратко...
Како и мнозина овде, сум израснал в град...
Живот далеку од цивилизација, според мене, може само „самотњак“ да води, кој е спремен да се откаже од сите удобности на модерниот живот.
Како фамилија... таа замисла уште на почеток е осудена на пропаст.
На два пати пробав така да живеам, во куќарка, без блиски соседи. Најблискиот сосед беше на 1 км. оддалеченост, шума наоколу, што се вика, гол може да шеташ по двор.
Првиот пат со фамилија... по 4 месеци се вративме во цивилизација, од тие причини што некои овде многу убаво ги објаснија.
... Треба да му се овозможи на детето контакт со врсници...
Вториот пат, фамилијата остана во цивилизацијата, а јас самиот, во периодот касна есен па се до касна пролет живеев таков живот.
... Единствени звуци кои ги слушаш се од птици, козички, твоите кучиња.
Но, не се слушаат во тоа време ниту блеење на овците, ниту пак меекање на козите, дури ни петелот не кукурикаше наутро од што му беше ладно.
Во февруари, од блискиот рид се спуштаа волци, ти завиваат речиси под пенџере, и ти ги напаѓаат кучињата во потрага по храна. Во 2 часот после полноќ, те будат кучињата со лаење, а после 5 минути слушаш како се дават, за на крај да ги видиш кучиња со подвиткана опашка како квичат.
И не може да споредуваме „аскетски“ живот со живот „назад во природата“ со добра финансиска поддршка, да не мешаме баби и жаби.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.162
Поени од реакции
23.656
Може и генераторче ќе стаи
Mislis agregat. Mnogu popametno otkolku paneli i off grid sistem. I poevtino vo sekoj slucaj ;) .
Inaku kolku da stoi vo zapisnik, da seuste mislam deka e mnogu glupa ideja i e klasicno pikanje trn vo zdrava noga.
Posto pretpostavuvam si vo elektrodistribucija ,mozes da im objasnis deka priklucokot na struja i ne e bas taka ke zemime od kaj komsite, posebno ako mrezata ne e dimenzionirana za uste eden potrosuvac.
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.517
Поени од реакции
13.805
Ааајде експретите се накотија и тука. Коцка и ти па шо им се објаснуваш?
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.917
Поени од реакции
25.320
...памти што ти пишав,
и не само што ќе плаќаш висок данок, туку и казна што ќе ти остане ,,вишок" од електрична енергија комбинирана со соларните панели, Сонцето не е твое, ќе ти се ограничи што можеш да исечеш од дрво или посадиш, интересно е што си во ЕУ, а не си во тек што ќе биде во блиска иднина, така мислиш ти, ќе те пушти ЕУ да имаш бајка од живот, па уште ,,си прашала", ехх мор коцке шо не гледаш малку понапред, зато ти велам изи гл!
За жал ова е одамна реалност во Шведска(не знам како е во останатите скандинавски земји)... Ако имаш ветерница во двор, без разлика на големината (а ако ти е во двор сигурно е многу мала, едвај мобилен ќе можеш да наполниш), плаќаш данок. За ебаниот ветар. Државата секогаш ќе најде начин за „легална кражба“.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
За жал ова е одамна реалност во Шведска(не знам како е во останатите скандинавски земји)... Ако имаш ветерница во двор, без разлика на големината (а ако ти е во двор сигурно е многу мала, едвај мобилен ќе можеш да наполниш), плаќаш данок. За ебаниот ветар. Државата секогаш ќе најде начин за „легална кражба“.
Некој мора да плати за овие да лежат на социјално:
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
897
Поени од реакции
448
За жал ова е одамна реалност во Шведска(не знам како е во останатите скандинавски земји)... Ако имаш ветерница во двор, без разлика на големината (а ако ти е во двор сигурно е многу мала, едвај мобилен ќе можеш да наполниш), плаќаш данок. За ебаниот ветар. Државата секогаш ќе најде начин за „легална кражба“.
Значи каде сакаш оди што сакаш прави, дали за струја или за ветар ке си платиш исто данок, според потрошеното.
ПС. Баш ме интересира дали за овие соларни панели се плаќа нешто, и што бидна со тие пелети,како замена за огревно дрво...
 
Член од
3 јануари 2023
Мислења
9.142
Поени од реакции
5.723
Oсамеников живеел 60 години во изолација... Доброволно.
Спиел во пештера или во отворен гроб, во зависност од времето.
Но, кој си има соодветна економска поддршка,
може да си дозволи убав живот „назад во природа“ далеку од луѓето,
кои, и те како можат да бидат злобни, судејќи по коментарите овде.

Треба само да се стават на вага „предностите“ и „недостатоците“
на еден ваков живот и да се сослуша и противникот,
и од сите тие негативни мислења на коментаторите, да се прифатат добронамерните.

Таков живот е прекрасен, но дали е изводлив,
ќе зависи од сите засегнати (семејството) и од финансиските средства.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom