Тоа е факт дека јапонците и корејците вложуваат повеќе во механичкиот дел, додуша таа технологија е 100% проверена особено за атмосферските бензиски агрегати а и би рекол и застарена затоа и трае со векови, побрзо ќе умри сопственикот не дај боже него ли мотор на Тојота пример, нее ништо комплицирано освен 4 клипен мотор со свеќици и мењач, нема ништо комплицирано, а германциве си експерементираат со нови мотори. TSI до сега имал 4-5 интеракции, почнаа со 1.2 па 1.4 па видоја дека не штима па 1.5 1.0, за разлика од овие кои со години нудат еден ист проверен мотор и само го надоградуваат, пример Тојота 1.8 2.0 1.6 и сега го заменија тој 1.6 со 1.5 истиот мотор е само намемет за глобално ниво. И плус, моторите, мењачите и хибридите ги произвдедуваат во погонот во Полска што нема никаква разлика во квалитетот измеѓу производството во Полска и Јапан. Поминуваат доста километри без посериозни проблеми, исто и Корола, ЦХ-Р кои се произведуваат во Турција. Хонда кога го изваде овај 1.0 турбо зафркна малце работа ама го средија. Германците се ориентирани кон масивност, луксуз, ама во последниве години и корејците и јапонците не заостануваат, Лексус итоа како се носи рамо до рамо со Мерцедес, Ауди, БМВ Џенесиз исто, Мазда се поблиску до премиум, сите европски дизајнери од БМВ, Алфа, ФауВе преминаа во Хјундаи/КИА како Питер Шрејер, Карим Хабиб, Пиере Леклер, Лук Донкенлов, а порано беше и Томас Биркле. Кога го претставија Хјундаи И30 втора генерација, на саемот дури тогашниот извршен директор на ФауВе т.е Фолксваген, Мартин Винтеркорн влезе во колава и остана воодушевен од квалитетот и рече: Како го прават ова, ние не можеме, БМВ не можат. Хјундаи и КИА дури имаат и развојно технолошки институт во Германија и возилата инжињерите ги прават по барање на европските купувачи. Новиве Хјундаи и КИА возила не заостануваат зад другиве како порано, итоа за помала цена добиваш повеќе, проверен квалитет а и сега имаат доста привлелен и модерен дизајн. Во Европа повеќе се ориентираат кон овие возила, него ли кон Голф кој кошта 35.000 евра со основно ниво опрема а за тие пари ќе земи КИА Спортаж или Тусон. Дури и кај нас по улициве има доста нови возила од салон од оваа програма, особено КИА Спортаж. Јас мислам дека во денешно време сите производители се на едно исто ниво и не заостануваат еден позади друг, само кај нас е се уште тоа германците да го држат пазарот, еве возам јапонци а сепак БМВ ми прај ќеф пример, како да ние врежено во ДНКата нас европјаниве тоа особено ние балканциве што се палиме а за разлика од светов Америка, Австралија, Азија, Африка по она прашумине и пустините само Тојота си бичи, . А квалитетот им е многу механички послаб за разлика од пред 30години на сите производители особено па на германциве, ете на пријателот твој мењачот му заминал. А и факт е дека денешниве коли се повеќе интернационални, делови, компоненти сето произведено надвор од матична земја, кај нас во МК се произведуваат вентилатори за БМВ, инсталација за Ауди и КИА, ама не треба да има разлика и пропуст во производството оти работникот е работник, битно е тие инжињерите колку им фаќа ментето и математиката и колку си ја знаат работата а и битно е што се монтира и каков квалитет имаат тие материјалите што им се даваат да се монтираат. Еве Тојота Корола Седан доаѓа од погонот во Турција ама е најквалитетно возило во свет.