www.youtube.com
она што е најважно, по ова патување посадата се вратила со непланирано откритие и достигнување – доказ дека Земјата е тркалезна. За таа цел, морнарите цело време ја цртале рутата по која пловат на основа на положбата на Сонцето и ѕвездите. Ова е уште еден аргумент плус дека до најважните откритија најчесто се доаѓа по случаен пат. Ова прво заобиколување на светот, според многумина, засекогаш ќе ја промени историјата на човечката цивилизација, навестувајќи ја глобализацијата, ширењето на Христијанството и немилосрдната колонизација која ќе следи.