Хелиоцентризам - религија или лажна наука?

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.593
Ти си посебен случај...
:pos:од цела вселена ти ќе докажуваш „закривување на време и простор“ со капки вода кои повеќе изгледаат како купола отколку топка? Мора да се шалиш... :pos:Бараме поголема водна површина на пример море или океан.
Ова врши работа? Башка го задоволува условот на @PROROKOT да се "случува во отворени, природни сложени услови ". :)
ocean-waves-1000x675-1000x675.jpg
 

The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
5.129
Поени од реакции
9.805
Ова врши работа? Башка го задоволува условот на @PROROKOT да се "случува во отворени, природни сложени услови ". :)
Прегледај го приврзокот 373115
Сега со бранови ќе докажуваш закривување на водна површина на трилиони литри вода во светот? :pos:
Замисли и реките да имаа вакви бранови? :pos:
Природната состојба на водата е дека ВОДАТА СЕКОГАШ ГО НАОЃА СВОЕТО НИВО односно водата е секогаш во хоризонтална и рамна положба.
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.593
Каде имаш видено во природата закривена водна површина?
Сега со бранови ќе докажуваш закривување на водна површина на трилиони литри вода во светот? :pos:
Замисли и реките да имаа вакви бранови? :pos:
Природната состојба на водата е дека ВОДАТА СЕКОГАШ ГО НАОЃА СВОЕТО НИВО односно водата е секогаш во хоризонтална и рамна положба.
Аман бе Зурла, сѐ некако не ви одговараат примерите. Оти вака? :D
 

The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
5.129
Поени од реакции
9.805
Аман бе Зурла, сѐ некако не ви одговараат примерите. Оти вака? :D
Тоа не е природно својство на водата така да се однесува. Брановите на водата се привремени потоа паѓаат и таа вода повторно го наоѓа своето ниво. Дали си видел негде на базен да има таков бран ко на твојата слика? Одеднаш водата да завлече таков бран по должина на базенот? Зошто нема такви бранови на реките? Ако земјата ти се врти сегде би требало да има такви бранови. Дури и брановите не прават водата да изгледа во вид на топка. Можам на ова да се надоврзам и за нешто друго. На пример никако не можеш да докажеш како настануваат поплавите според моделот на Хелиоцентризам?
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
5.049
Поени од реакции
5.233
Ова врши работа? Башка го задоволува условот на @PROROKOT да се "случува во отворени, природни сложени услови ". :)
Прегледај го приврзокот 373115
Со фоткава, не да не ме побиваш, туку го потврдуваш она кое веќе го имам напишано повеќе пати-не е „исто„ да набљудуваш феномен во контролирани лабораториски услови и во природни, контекстуални и сложени услови, каде на еден и ист феномен влијаат повеќе фактори/сили истовремено, а не само една, и тоа онаа посакуваната и очекуваната....:icon_lol:

Пош‘о @The Savior веќе те коментирал, не би имал што да додавам...
 

The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
5.129
Поени од реакции
9.805
да се "случува во отворени, природни сложени услови ".
Така доаѓаме до заклучок дека такви големи бранови се создаваат во солените води(мориња и океани). Не постојат толкави бранови во свежа вода на отворен простор. Зошто е тоа така ќе мораш сам да си откриеш...:sneaky:

 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.591
Поени од реакции
37.519
...ако од овде имаме можност да ги видиме другите планети со софистицирани телескопи дека се со сферична тркалезна форма со се' сонцето, зашто би била само Земјата равна? зашто не се и другите планети равни во овој Сончев систем, ете Месечината ја гледаме тркалезна дали тоа значи оптички феномен и дека и таа е равна?
 
Член од
18 декември 2020
Мислења
145
Поени од реакции
94
..ако од овде имаме можност да ги видиме другите планети со софистицирани телескопи дека се со сферична тркалезна форма со се' сонцето, зашто би била само Земјата равна? зашто не се и другите планети равни во овој Сончев систем, ете Месечината ја гледаме тркалезна дали тоа значи оптички феномен и дека и таа е равна?
100 пати ова го имам повторено тука на форумот
Автоматски споено мислење:

@The Savior еј со последново видео што го објави не убеди дека земјата е рамна, да не пукниш :D :D :D
 

The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
5.129
Поени од реакции
9.805
ако од овде имаме можност да ги видиме другите планети со софистицирани телескопи дека се со сферична тркалезна форма со се' сонцето
Каде имаш видено? Што претставуваат за тебе планетите? Физички тела на кои може да се слета? Од каде знаеш дека имаат тркалезна форма? Од сликите на гугл срч? Не ми верувај истражувај сама. Врати се на темата за Рамна Земја читај други размислувања одгледај неколку видеа и донеси на крај свој заклучок... Се е кажано и се е напишано до сега.
 
Член од
18 декември 2020
Мислења
145
Поени од реакции
94
Каде имаш видено? Што претставуваат за тебе планетите? Физички тела на кои може да се слета? Од каде знаеш дека имаат тркалезна форма? Од сликите на гугл срч? Не ми верувај истражувај сама. Врати се на темата за Рамна Земја читај други размислувања одгледај неколку видеа и донеси на крај свој заклучок... Се е кажано и се е напишано до сега.
Месечината каков облик има бе токмак еден?? При очи слеп се правиш? Земи телесокп и гледај, еднаш пишав овде, јасно имам со телескоп гледано , Венера, Јупитер и сл. тркалезни (сфери) Со тебе дефинитивно неможе веќе да се прави муабет. Продолжи си, терај си и тоа е тоа
 

The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
5.129
Поени од реакции
9.805
Месечината ја гледаме тркалезна дали тоа значи оптички феномен и дека и таа е равна?
Запрашај се како прво како е можно месечината никогаш да не го менува своето лице а наводно "науката" вели дека се врти? Како е можно да ја видиш шарата на месечината која според "науката" се наоѓа на оддалеченост на преку 300 илјади километри од земјата?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom