Десетте најсмешни филмски татковци

  • Креатор на темата Креатор на темата Скулгрл
  • Време на започнување Време на започнување

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Возраст
36
1.ТАТКОТО НА ЏИМ

AmericanPieBigPic.jpg

Филм:Американска пита од 1999 година
Актер:Јуџин Леви

Каков е:Многу добродушен(можеби и премногу) со навика да го начекува Џим (Џејсон Бигс) во непријатни моменти.

Како воспитува:За женската анатомија ,татко му на Џим користи визуелни помагала како,на пример,еротски списанија.

Засрамувачки моменти:Има многу,но овде ќе го споменеме оној кога Џим е интимен со питата,а татко му влегува дома.

Татковски совет:Никогаш не го правев тоа со печени работи,но знаеш,чичко ти Морт си ја галеше еднооката змија неколку пати на ден.

Зошто ќе ви се допадне:Иако треба прво да научи дека мора да тропне на вратата пред да влезе,татко му на Џим,сепак го сфаќа синот и не го кара.Нешто што секој би сакал да му се случи со неговиот татко.
 
2.ПРОФЕСОРОТ ХЕНРИ ЏОНС СЕНИОР

IndianaJones3.jpg

Филм:Индијана Џонс 3 од 1989 година

Актер:Шон КОнери

Каков е:Мудар професор,кој ќе се најде во низа опасности и авантури со синот,познатиот авантурист и археолог Индијана Џонс.

Како вoспитува:Тврди дека секогаш бил прекрасен татко,а тоа Сениор му го објаснува на синот со зборовите:Дали некогаш ти велев да јадеш?Да си легнеш?Да си ги измиеш ушите?Да ја напишеш домашната задача?Не.Секогаш ја почитував твојата приватност и те научив да бидеш самоуверен.

Татковски совет:Еве што Џонс сениор посакува да го научеше својот син:Ако татко ти ти испрати весник кој треба да го чуваш подалеку од рацете на нацистите,не го носи со себе кога одиш да го бараш.

Зошто ќе ви се допадне:Кој ли мислеше дека Шон Конери може да биде смешен?Особено смешно е заедничкото бегство на таткото и синот од нацистите
 
3.АРМАНД И АЛБЕРТ ГОЛДМАН
birdcage.jpg

Филм:Кафез од 1996 година

Актери:Робин Вилијамс(Арманд) и Нејтан Лејн (Алберт)

Какви се:Арманд,е сопственик на клуб за транвестити,а Алберт настапува во шоу во клубот.Тие дознаваат дека Вал,синот на Арманд,ќе се жени со Барбара,жена чиј татко е конзервативен американски сенатор.За да му помогнат на Вал,мораат да се преправаат дека не се хомосексуалци.

Како воспитуваат:Вал и Барбара не се единствените што сакаат да ја озаконат врската.Арманд има желба да ја формализира врската со Алберт.

Засрамувачки моменти:Вечерата што ја подготвуваат за родителите на невестата.

Татковски совет:Ох,Вал,ова е таков шок-му вели Алберт на Вал кога ќе дознае дека се свршил.-Не велам ништо,му ветив на татко ти...Но,ти имаш само 20 години и ако заглавиш со интернатска курва,ќе жалиш за тоа остатокот од животот.Толку,нема ништо повеќе да ти кажам,темата е затворена.

Зошто ќе ви се допаднат:Лејн и Вилијамс ќе ви понудат неверојатно забавно и опширно објаснување за тоа кои се вистинските семејни вредности.
 
4.КЛАРК ГРИЗВОЛД
659985_DV_L_F.jpg

Филм:Семеен одмор од 1983 година

Актер:Чеви Чејс

Каков е:Кларк е типичен американски татко,кој очајно се бори со Марфиевите закони додека се обидува колку е можно повеќе да ужива во патувањето низ Европа со сопругата Илејн,ќерката Одри и синот Расти.

Како воспитува:Хм,оа...покажува извесен прагматизам во однесувањето со лошата тетка Една.

Засрамувачки моменти:Што велите за апсењето на целото семејство кога ќе го земат како заложник чуварот на забавниот парк?

Татковски совет:Никаде не е како дома.Ако секаде би било исто како дома,не би имале причина да заминеме на патување.Нели,Расти?

Зошто ќе ви се допадне:Признајте.Секој семеен одмор на кој заминувате е исто толку лош како овој.
 
5.СОНИ КУФАКС

B00000K3UU.01.LZZZZZZZ.jpg


Филм:Големиот тато од 1999 година

Актер:Адам Сендлер

Каков е:За да ја импресионира жената што ја сака и да и докаже дека е зрел и одговорен,детинестиот Сони го посвојува петгодишниот Џулијан.

Како воспитува:Сони му покажува на Џулијан вистински начин како дискретно да се олесни во урбана средина без тоалети.

Засрамувачки моменти:Сони зборува за своите омилени пијалаци и цигари со децата во градинка.

Татковски совет:Биди љубезен со момчето за испорака важи?Не е тој виновен што не знае да чита.

Зошто ќе ви се допадне:Сони можеби не е баш одговорен татко,но е многу забавен.Дали вашиот татко би ви дозволил да изедете 30 мали пакетчиња кечап за ручек или да се преименувате себеси во Франкенштајн?
 
6.РОЈАЛ ТЕНЕНБАУМ
B00005TQ51.01.LZZZZZZZ.jpg

Филм:Семејството на Ројал Тененбаум од 2001 година

Актер:Џин Хекман

Каков е:Суров адвокат,кој ги напушта своите деца кога тие се адолесценти и сака да се врати во нивниот живот по 20 години.За да се зближи со нив и да ја добие нивната доверба,се служи со трик,односно решава да воспостави добар контакт со внуците Узи и Ари.

Како воспитува:Ројал им покажува на децата како да се возат на камион за ѓубре,како да се обложат на трки со кучиња,како да крадат во продавница...Добро,не реков дека дава добар пример.

Засрамувачки моменти:Го заборава средното име на својата ќерка Марго.

Татковски совет
:Знаеш што?Не ме слушај...Јас никогаш не разбрав ниту еден од нас двајца.Сакам да знаев што да ти кажам,но не знам.-му вели на синот Ричи.

Зошто ќе ви се допадне:Одличниот Хекман некако успева својот лик на непримерен и неподобен татко да го направи речиси привлечен.
 
7.ШЕЛДОН КОРНПЕТ И ВИНС РИКАРДО
in-laws.jpg

Филм:Сватовите од 1979 година

Актери:Алан Аркин(Шелдон) и Питер Фолк(Винс)

Какви се:Шелдон е забар чија ќерка Барбара треба да се мажи со Томи,син на Винс,поранешен агент на ЦИА.Вечерта на венчавката,Винс го вмешува Шелдон бо незаборавна авантура...

Како воспитуваат:Всуштност,ништо од она што ќе го направат Винс и Шелдон во овој филм не е добар пример.

Засрамувачки моменти:На семејната вечера кога треба да се запознаат идните сватови,тајниот агент Винс избувнува и се кара со Томи поради забелешката на синот:Тато и неговите мистериозни телефонски повици.ПО вечерата Шелдон бара да биде откажана венчавката,бидејќи не сака ќерка му да влезе во такво лудо семејство.

Татковски совет:Синот е желадот.Таткото е дабот.-Шелдон ја предупредува Барбара.

Зошто ќе ви се допаднат:Многу се посмешни и позабавни во истоимениот римејк од 2003 година.
 
8.ЏИЛ БАКМАН
parenthood.jpeg

Филм:Татковство од 1989 година

Актер:Стив Мартин

Каков е:Решен да не биде како својот студен и резервиран татко,Џил се труди да постигне на работа и да ги извршува сите должности како татко на три деца.Поради тоа,постојано е напнат и исцрпен.

Како воспитува:Откако на роденденската забава нема да се појави каубојот што го најмил,Џил се маскира и ги забавува децата.

Засрамувачки моменти:Кога ќе го промаши решавачкиот удар во малата лига,Кевин го обвинува тато Џил(кој е тренер на тимот) дека му дал да игра на позиција за која не е подготвен,дерејќи се на целиот глас:Ти ме натера да играм на втора база!

Татковски совет:Прекрасен удар сине!-си замислува Џил како му вели на Кевин.Важно е да му се даде поддршка на детето без разлика на се.-вели Џил.

Зошто ќе ви се допадне:Има многу родители и деца што се под стрес и напнати.Секој може да се најде себеси во оваа семејна комедија на Рон хауард
 
9.ОЛД МЕН ДАНФИ
6305744475.01.LZZZZZZZ.jpg

Филм:Надвор од Провиденс од 1999 година

Актер:Алек Болдвин

Каков е:Строг и непријателски настроен татко,работник,кој го праќа проблематичниот син тинејџер Тим во приватно училиште за да го држи подалеку од проблеми.

Како воспитува:Во мигови на посебно расположение го учи синот како да си ја врзе вратоврската.

Засрамувачки моменти:Олд Мен,постојано му се обраќа на синот со тапчо,но не со лоша намера,туку од милост.

Татковски совет:Да имаш секс,е како да jадеш кинеска вечера.Не е завршено додека и двајцата не ги добиете вашите колачиња.

Зошто ќе ви се допадне:Олд Мен е,всушност грижлив татко,кој го сака својот син.
 
Tatko mu na Jim vo American Pie e ubedlivo najdobar. :tv: :pos2:
 
Ја гласам за Сони Куфакс зошто му дал на син му да си го промени името во Франкенштајн!!!:pos2::pos2:
 
10.БЕРНИ ФОКЕР
meetthefockers.jpg

Филм:Запознајте ги фокерови од 2004 година

Актер:Дастин Хофман

Каков е:Берни е сопруг на терапевтката за секс Роз Фокер и татко кој ја напуштил работата за да биде дома со синот Гејлорд Грег Фокер(Бен Стилер).тој треба да се запознае со родителите на идната снаа.

Како воспитува:Берни ќе направи се за да му ја покаже својата љубов на синот,дури ако треба,ќе мами во играњето фудбал.

Засрамувачки моменти:Можете ли да поверувате дека го направив со само еден тестис?-им вели на сите алудирајќи на својот син.

Татковски совет:Филозофијата на Берни за тоа како треба да се одреди што е за во ѓубре:If it's yellow,let it mellow;if it's brown-flush it down.

Зошто ќе ви се допадне:Колку и да очекувате дека ќе биде проблематично запознавањето на вашите и родителите на момчето/девојката,нема шанси да биде вака забавно како во филмот.
 
sch00lGirL напиша:
5.СОНИ КУФАКС

B00000K3UU.01.LZZZZZZZ.jpg


Филм:Големиот тато од 1999 година

Актер:Адам Сендлер

Каков е:За да ја импресионира жената што ја сака и да и докаже дека е зрел и одговорен,детинестиот Сони го посвојува петгодишниот Џулијан.

Како воспитува:Сони му покажува на Џулијан вистински начин како дискретно да се олесни во урбана средина без тоалети.

Засрамувачки моменти:Сони зборува за своите омилени пијалаци и цигари со децата во градинка.

Татковски совет:Биди љубезен со момчето за испорака важи?Не е тој виновен што не знае да чита.

Зошто ќе ви се допадне:Сони можеби не е баш одговорен татко,но е многу забавен.Дали вашиот татко би ви дозволил да изедете 30 мали пакетчиња кечап за ручек или да се преименувате себеси во Франкенштајн?


Toa се бара!
 
Интересни приказни, ама Schoolgirl си ги препишала од А до Ш од денешното издание на Тин-Шема.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom