Тековната власт е збирка од ликови, кои се покажаа како најнеспособното друштво кое е инсталирано во Македонија и кое се одликува со:
- немањето идеи како да се справат со реалните проблеми,
- купување време, со практикување политичка гимнастика во облик од бесконечно избирање нови влади, кои ионака ништо не решаваат, само да се покаже пред „работодавецот„ дека ете, власта ја „тепа„ опизицијата и може да издржи полн мандат, бес предвремени избори,
- „брцање со буџетот и негово крадење до максимум,
- фаќање позиции, што повисоки-тоа подобро, особено во „правосудниот„ систем,
- поставување свои/партиски ликови во обвинителствата, на кои на памет не им паѓа да ги обвинат „своите„ и покрај очигледните им криминали,
- одржување на позиција на власт, по цекоја цена, без покажани резултати (на оваа тема, опозицијата не е ништо подобра од централната власт).