Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    671

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
5.977
Поени од реакции
11.150
Едина грешка на Русите што не ја крстија операцијава.
Merciful Angel part. 2

Ем маркетиншки супер звучи. Ем тролинг левел 1000 на НАТО тајфата ќе им направеа.

Вака денацификација кур се тресе , неможат еден филм во Холивуд са склопат со такво име.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.723
Поени од реакции
9.836
_uploads_thumbs_resize_800x420_574340.jpg


:pusigo:

Мал му е на кинезов сигурно,ќе му го збере до крајници
:pusigo:
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.227
Поени од реакции
78.811
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.378
Поени од реакции
5.840
Т-55 беа расходовани, за да не се грижат бугарите за трошоци за расходување, ни ги донираа нас. Вака или така, завршија доста работа, особено на Кодра Фура измеѓу Вук2 и 3
Т-72 беа 33 тенка од кои 6 беа нефункционални и им требаше ремонт, не знам колку останаа. За нашата армија ова не е потребно воопшто, ние имаме потреба од ефтини дефанзивни системи, не од скапи застарени офанзивни системи. Повеќе ни користи чета од хамви од колку вод од Т-72.
Генерално Т-72 е многу потентно оружје, ама модерното војување бара комбинирање и комплексност, ние немаме капацитет за ова, ниту АРМ има таква намена.

Су-25 стоеја на Петровец и зафаќаа место, нелетан авион нема никогаш да лета, премногу скап за одржавање без голема добивка, нас хеликоптери повеќе ни користат.

Град системите се се уште оперативни и најголема огнена поддршка на АРМ, имаме две батерии склопени во еден баталјон.

Фан факт
Изгуглај ги Македонските хеликоптери Ми8 и Ми17 и нивните ознаки, види дали ќе ги најдеш во било кој регистар на летала.
Кога ќе го најдеш одговорот на ова прашање, ќе го најдеш одговорот на прашањето "зошто алармантен број на Македонски пилоти им е дијагностицирано рак"

Украинците се сотона
Русите се светци
Кхм

Вака те замислувам
Гледам ознака рондела на АРМ вингот и знамето на опашката ама не знам зошто е дијагнозата, што се случило?

Инаку се согласувам, со обзир на рељефот во РМ, МБТ се сериозен влог кој не носи многу корист.
Су-25 уште гнијат на петровец, покриени со церади беа лани или преклани.
Не е проблем за финансии за поддршка на четворка Су-25, по саат на екплоатација се во средна категорија накај ниска, проблемот е во корупцијата и се помалото вложување во АРМ.
Цесна Комбат Караван е сосема добра опција која има можност со деполнителни резервоари да лета со саати над одредено подрачје и да стрела Хелфајер или било која ПТ ракета која не се наведува со жица.
Настрана ненаведувани ракети, бомби и пар тешки митралези. Во споредба со големиве системи таа е багатела. Ирак ги употребува секојдневно против ИД и остали лудаци таму со минимални загуби.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.378
Поени од реакции
5.840
Се поставува прашање како е можно последниве пет месеци, после украинската офанзива во која ослободија Херсон и многу други територии фронтот да заглави кај некое си небитно гратче наречено Бахмут. Со што е битен тој Бахмут кога нема ништо во него, нешто како Кочани кај нас, рандом место во пустелија? Нема пловна река, нема море, нема железнички хаб, нема аеродроми, нема крстосници нема некоја местоположба...по се изгледа агресорите го одбраа тој град колку да имаат изим да излезат пред Путин и да му кажат дека ете, нешто се дешава.
Украјинските сили ги примораа агресорите на статична војна бидејќи времето работи за бранителите.
Секојдневно помошта се наголемува и наголемува, завчера Полска прати МиГ-29 а деновиве ќе прати и Словачка. А тоа е само капка во морето.
Јас донирав нешто пари и материјал, заедно со неколку сценарија кои ги пратив на два подкасти за јуначкиот украјински народ кој има слободољубива тенденција, традиција која потекнува низ вековите а најмногу била изразена 1917-22 со Махновштината т.е. Црната армија на Нестор Махно.
Во нив апелирав да се уплатат пари, кој колку може нешто ситно барем за помош во храна, санитет и возила виа еден друг подкастер кој ги испорачува директ до Кијев.

Засега опричњината се задоволува со погроми врз цивили, убивање заробеници, таргетирање цивилна инфраструктура и оневозможување на народот да води каков таков живот заедно со поединечните зулуми како силувања и ваѓања фетуси од утроби на мајките со чии отсечени главчиња со додавале како на фудбал. Језа. 2023 сме.

Има еден кловн Јевгениј Пригожин, пијан даска, фирерот на таа паравојската Вагнер, излегува по социјални мрежи со видеа во кои настапува со пијано блебетање и неповрзани муабети, како е можно оној да е во топ 10 најмоќни руси во моментов?

Но и тоа ќе дојде крај, пет месеци трвење околу некоја припиздина наречена Бахмут, што ќе биде ако пробаат да освојат Одеса или скраја било Кијев?
Фронтот се стабилизира веќе пола година, пушкарања низ сецесионистичките "narodni republiki" и опсада на Бахмут, тоа е, укопани две страни во ровови како да сме 1916 и чат пат убивање цивили со гаѓање на стамбени згради во Кијев и остали градови кои се во домет. Фронтот не е помрднат пола година. Зарем е ова можно кога станува збор за ftorata najaka svecka sila brad что делајет?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.227
Поени од реакции
78.811
хистеријата ли е задолжителна од таа страна?
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.378
Поени од реакции
5.840
Сигурно не си зборнал со баба ти како тоа кукастиот крст на Азов не е нацистички. Иначе ќе отишла жената и порано. Уште бетер што твоите се бореле против фашизмот, брука.

Да подржуваш држава чии официјални безбедносни сили веат знамиња на Хитлер, крстат улицу по шушкевич и бандера, и тетовирањето на кукасти крстпви е правило а не исклучок. Што би рекол дедо ти на тоа. Ај тоа што го праи Роден и Цитро кико или Тенеќе, па дури и Антон, кој е само коленичар, они појма немаат што се дешавало во Украина во вв2. Ти си свесен и многу добро знаеш и сепак истата таа струја што убивала недолжни цивили со умисла денеска ја подржуваш.

Сега ти си во оние “ Додека нечии претци овде тргувале, го услужавале и хранеле окупаторот” за кои ти раскажувале дедо ти и баба ти. Денеска ти браниш злосторници кои запалија живи луѓе во Одеса. Мошне симболично, зошто знаеме што се случи во Одеса во вв2.

И треба да ги научиш термините пред да ги употребиш “ќе те стигне казната” не е клетва, констатација е, нема никаква врска со надприродни сили.

Да не почнам за подмуклото исмејување на егејските партизани и напалмот. Можеби дедо ти и баба ти требале да ти кажат дека тие малтене биле исто движење.
Автоматски споено мислење:


Ти ко да не го следиш форумов? Што имам јас поблиску со Русија, него што имам со САД.
Све се тоа пропаганди, запалени луѓе во Одеса, не знам што во Доњецк и Луганск, штитење на јадната руска нејач која трпи под укропската чизма. Ако не беа 90-те можеби и ќе не прелажеа. Знаеш она кутри србиански деца чии ископани очи хрвати ги собирале во тенџериња, таква пропаганда, тоа ниво.
А дали знаете дека Украјина со векови била подложена на русификација, од јазик до култура до обичаи, дали тоа било царско или бољшевистичко време без разлика. И не само таму, низ цела империја се вршела русификација!
Нема никакви нацисти во Украјина, Азов е еден батаљон кој е можеби еден стоти дел од вкупните сили на Украјина, интересно, основан од страна на руси или мелези кои ги има милиони пошто низ СССР руси и украјинци се мешале низ бракови масовно.

Јас ги подржувам бранителите на својата си земја, на својот народ, на своето место под сонцето.
Особено што се работи за нам близок народ со кого немаме ништо лошо низ историјата поминато.
Која е причина да се навија за агресор во една ваква ситуација?
Што ќе станеше долку војната се одвиваше како нападот во 2014, нешто кое го очекуваа од руска команда и политички врв, ако ја скршеа Украјина во почетните 2 недели? Што ќе се случуваше тогаш, која ќе беше позитивната страна на окупација на Кијев, Лвив и Одеса.

Кое подмукло исмејување бе човече? Срамота е да се оправдуваат денешни политики со релативизирање и вотабаутизам ама америте фрлале напалми, грев е за жртвите, не чини, нема врска со денешнава ситуација. Русија тогаш фино лепо си ги испра рацете од ДАГ и Македонските борци оставајќи ги на цедило со тоа што не пратиле ниту еден куршум за помош!
Едино Тито и Енвер пробувале да помогнат.
Русија има скоро исти кабает како и оние кои напалмирале, тоа некако никој не го споменува.
Еееј руси финансираа комунистички покрети по вукојебини како Конго-Бразавил а ваму на Балкан ништо!
Автоматски споено мислење:

За 11ти имаш инфо колку рандом баце од пред кооперација.

А за тие загинатите на Вичо и Грамос нека му мислат тие што гласаа за промена на името. Од 11.02.2019 немам никакви патриотски обврски кон таа држава, и единствено ќе си го гледам мојот интерес.

Моја работа е каков ник ќе користам, каков јазик и фрази ќе употребувам и што ќе слушам/гледам.

Агресијата во Украина е сплет на околности кои се донесени со солењето на памет од надворешниот фактор, апсолутно никој немаше да ги нападне ако си ја бркаа работата и си седеа мадро. Дури и дечињата мали разбираат дека со некој што е посилен и поголем не се чепкаш, овие очигледно ја прескокнале таа лекција и затоа ќе го јадат до кочанка.
Па ако немаш обврски кон својата си држава, кој мој тогаш споменуваш напалми? За тоа се бореа егејските борци, за да се исели цела младина од земјава, тотален брејн дрејн, блу калар, вајт калар све бега масовно, фирми немаат кого да вработат повеќе.
Никој не ти оспорува право, само приметувам дека си многу западно ориентиран во реалноста а мајчица Россија ти е онака, нешто како фантазија, утопија, раша стронк ситуација.
Има една интересна ситуација на темава но и во ИРЛ за која ќе напишам нешто повеќе, мислам дека знам од каде доаѓа поддршката за агресорот во оваа војна.
Јас бев во Лвив по препорака на роџак кој исто беше таму, низ муабети едноставно НЕ САКААТ да живеат под руски чадор, со проруска власт. До таа мера што се спремни да гинат.

А лицемерието на руските власти е интерсно. Пример, зошто не го вратат Кенигсберг на Германија и Курилски острови на Јапан? Пошто поводот за освајање на Крим им беше тоа што некогаш бил под руска власт. Па до 1945 и споменатите територии беа под германска и јапанска власт. Ако се праведни и добри (како што раја ги замислува) тие ќе вратеа заграбеното на оригиналниот стопан и ќе имаа морално-етички хај граунд за Крим.
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.227
Поени од реакции
78.811

Ете, си бомбардираа, отцепија територија и сега се извинуваат.
И Русија така ќе напраи. Во иднина некој руски политичар ќе вика дека многу му е жал што така морале да направат.

Нема потреба од хистерии и закачање со Русија, мешање у нивна манџа од страна на незасегнати. Нема потреба од санкции и ѕвечкање со нуклеарен арсенал. Исто како во случајот на сите напади од страна на САД.

Да се потсетиме како личеше тоа во западната јавност:

1679663923578.jpeg
 
Последно уредено:

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.786
Поени од реакции
4.432
Гледам ознака рондела на АРМ вингот и знамето на опашката ама не знам зошто е дијагнозата, што се случило?

Инаку се согласувам, со обзир на рељефот во РМ, МБТ се сериозен влог кој не носи многу корист.
Су-25 уште гнијат на петровец, покриени со церади беа лани или преклани.
Не е проблем за финансии за поддршка на четворка Су-25, по саат на екплоатација се во средна категорија накај ниска, проблемот е во корупцијата и се помалото вложување во АРМ.
Цесна Комбат Караван е сосема добра опција која има можност со деполнителни резервоари да лета со саати над одредено подрачје и да стрела Хелфајер или било која ПТ ракета која не се наведува со жица.
Настрана ненаведувани ракети, бомби и пар тешки митралези. Во споредба со големиве системи таа е багатела. Ирак ги употребува секојдневно против ИД и остали лудаци таму со минимални загуби.
Зошто да мора да има пилоти во леталото?
Бајрактари нас ќе ни бркаат работа подобро од се друго.
7 Бајрактари, 3 блек хок и 2 Шинук, веќе имаме Бел206 вкупно 4, два хјуи и ние сме комплетни за намената
 

Kajgana Shop

На врв Bottom