Проблемот е што во многу параметри Тирана предначи пред скопскиот аеродром. И ова се е развој во последнава година и пол, невиден бум имаат во поглед на фрекфенција на летови и следствено, експанзија на аеродромот и околната инфраструктура. Затоа и го градат автопатот од Елбасан до Ќафасан, со таа поврзаност од Охрид до Тирана ќе се стига за саат и пол, два, од кои 45 мин ќе се дрецкање по македонските патишта. И за разлика од автопатот Скопје-Охрид, овој за 5 години максимум ќе го биде, пошо се гледа активна работа. Не гледам зошо некој од Охрид/ Битола би патувал од Скопје, било која рута до Скопје е невиден кошмар за возење.
Зошо Виз не воведе нови дестинации од скопскиот/охридскиот, туку мака мачи да ги задржи и веќе постоечките? Плус не е само Виз, имаат и Еаsy Jet, Aegan, Pegasus, Air Italia, плус сите од Star Alliance и мислам дека имаат две домашни компании. За некои дестинации има и неколку лета дневно. Отвори листа на слетувања/полетувања, пофреквентен е и од аеродромот во Софија. Зошо јас ко патник од Охрид, да патувам 3 часа до Скопје по најлошиот можен пат на планетава, за да фатам лет кој е три пати поскап, и со кој ќе треба да се прекачувам и да бркам авиони по Виена или Белград, кога можам за два и пол часа ( сосе премин на граница ) да стигнам до Тирана и да имам директен лет без да се мислам дали ќе го испуштам конектирачкиот лет? Нема смисла.
Ама, додека македонските власти си спијат, некој друг работи. Да се работеше паметно и да се вложуваше во инфраструктура, можеше Скопскиот аеродром да е централна точка за огромна територија. Веќе добри 10 години Виз лета од Скопскиот аеродром, претходниве 10 години на аеродромот во Тирана имаше по неколку слетувања дневно. Значи 10 години предност се стопи во година и пол. Ама 10 години не е чепнато во развој на инфраструктура, додека кај Албанците се работи турбо. Ние и со субвенционирани летови не можеме да привлечеме некоја друга асолна компанија, тоа многу кажува за состојбата. Виз има комплетен монипол над пазарот и пак работи со субвенции, и кога ќе се пријави на тие субвенции едвај и минималните критериуми се задоволени. Јас искрено чекам на некој од наредните конкурси за субвенции да не се пријави ни Виз, ги имаме Софија, Тирана, Приштина и Солун околу нас, не им се исплаќа и нив ваљда да летаат до Скопје. Тоа е жалната вистина.