Општествените интервенции во уметничката слобода од идеолошки карактер, односно ставањето идеолошки премиси, е карактеристично за денешниот јавен наратив на Западот, за Стаљинизмот, Маоизмот, Средниот Век и ИСИС.
Пример: денес не можеш да снимиш ААА филм ако не е компатибилен со идеолошките премиси, дури во Калифорнија има предлог закон некомпатибилноста со идеолошките премиси во индустријата за забава да биде санкционирана од државата (со 4% данок), многу слично како што ИСИС ја санкционира уметноста и спортот кои не се во служба на религијата. На пример, спортот е харам, освен ако не е во служба на подготовка за џихад. Песни во кои не се слави Бог се харам и тн. Хитлеровиот режим исто така строго санкционирал уметнички дела кои не се од соц-реалистички стил.
Секогаш режимите кои се водат исклучиво од иделошки премиси, инклинираат кон угушување на слободата во уметноста. И така е уште од Среден Век. Зошто слободата во уметноста е толку битна за нив, како непријател, е подолга тема, која задира во прородата на исклучивите режими, но и во значењето кое го има уметноста за поединецот и за општеството.