Законот на Телема

The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
4.979
Поени од реакции
9.661
најзлобниот човек бидејќи го разниша факинг глупото англиско општество кое беше ограничено како овца
Дали се читаш што пишуваш?
Автоматски споено мислење:

Јас знам што се пишувале за Кроули и пишуваат... убивал деца (нема докази, обична измислица и неразбирање на Големиот Ѕвер од страна на весниците), па бил сатанист
Заради убиство на студент Мусолини го кикнал од Италија.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.161
Поени од реакции
12.139
Дали се читаш што пишуваш?
Треба да се запрашаш дали ти се читаш и дека темата е Законот на Телема, а не Алистер Кроули (тука одиш офтопик, а и се обидуваш да навредуваш луѓе кои се Телемити). Има тема во подфорум Мистерии за човекот Кроули штом толку го познаваш животот на Големито Ѕвер, оди објасни им на членовите кој е Кроули :)
Големото зло на Земјата - убиецот на купишта деца, Ѕверот кој што распнува богови :D

Будала работа :)
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.161
Поени од реакции
12.139
... the meaning of the whole path, the purpose of the path in Thelema -
no matter what magical tools you're using, no matter what mystical tools you're using
- is to aim you to the discovery of your true will...


П.С. Овде би само напоменал дека во Телема се зборува за чиста волја. Во „Книгата на Законот“ во ниеден стих не се споменува слободна волја, не се спомнува вистинска волја - но има таму еден дел каде што вели:

„За чистата волја, неослабена од причина, ослободена од страста за резултат, секој пат е совршен.“
- Liber AL, I:44

Но во многу дела од Кроули, а и дела на други Телемити кои што творат денес, има многу за вистинска волја, за слободна волја итн итн но тоа е дел од философските расправи и полесно разбирање на концептот чиста волја во Телема даден во таквите книги кои на некој начин зборуваат за Законот на Телема.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.161
Поени од реакции
12.139
Нешто ново на блогот Хептаграм XI - уште една Света книга на Телема :)

„Оваа книга се нарекува „Портата на Светлина“. Објаснува како оние кои постигнале иниција, сожалувајќи се над темината и маленкоста на земјата, праќаат гласник кај луѓето.
Пораката гласи. Тоа е повик кон оние, кои се развиле над просечноста на нивната заедница, кои се погодни за Големото Дело. Ова Дело потоа е опишано со општи симболи со неколку навестувања за неговите услови.“
Духот на Осаменоста, Автобиографија – Исповеди, Алистер Кроули


„14. Невозможно е да ви кажам за раскошот за она што тие го постигнале.
Малку по малку, како што очите ви стануваат посилни, ќе ви ја откриеме неискажливата слава на Патеката на Адептите, и нејзината безимена цел.

15. Исто како што човек што се искачува на стрмна планина исчезнува од видот на неговите пријатели во долината, така сигурно изгледа адептот. Тие ќе речат: Тој е изгубен во облаците. Но тој ќе се радува на сончевата светлина над нив, и ќе дојде до вечните снегови.

16. Или како што учен човек може да научи некој таен јазик на предците, неговите пријатели ќе кажат: „Види! се преправа дека ја чита оваа книга. Но тоа е неразбирливо – бесмислено“. Сепак тој се воодушевува на Одисејата, додека тие читаат празни и вулгарни нешта.“
- LIBER PORTA LUCIS SUB FIGURÂ X
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.161
Поени од реакции
12.139
„Ние Телемитите сметаме дека е апсолутно правилно ако му дозволиме на човек да земе опиум. Така тој може да го уништи своето физичко возило, но тој може да создаде нов Кублај Кан. Тоа е негова сопствена одговорност.
Исто така, ние добро знаеме дека “Ако тој е Крал” тоа нема да го повреди – на крајот на краиштата.
Ние се потпираме на Природата да ги заштити, а Мудроста да ги оправда нивните деца. Површен е приговорот дека треба да се спречи човек сам да се уништи или убие, заради него самиот и заради “оние кои зависат од него”.

На оној кој не е способен да преживее треба да му биде допуштено да умре.

Ние ги сакаме само оние кои можат да загосподарат со себе и со своето опкружување.
...

Се разбира, секој случај треба да се суди според неговата вредност.
- Законот е за Сите, Коментари на Книгата на Законот, А. Кроули

Скокотлива тема за денешната „култура“ која владее помеѓу младите генерации, а старите пак немаат време за да се заморуваат со своите деца :)
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.130
Поени од реакции
10.144
Ние се потпираме на Природата да ги заштити, а Мудроста да ги оправда нивните деца. Површен е приговорот дека треба да се спречи човек сам да се уништи или убие, заради него самиот и заради “оние кои зависат од него”.

На оној кој не е способен да преживее треба да му биде допуштено да умре.
Дали еден телемит би му дозволил на своето дете да проба опиум?
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.161
Поени од реакции
12.139
Дали еден телемит би му дозволил на своето дете да проба опиум?
Во Коментаров стои „човек“, се мисли на возрасен човек кој што може да ја разбере и да открие дали Книгата на Законот, кој се разбира себе си, е прифатлива или не за него :)
На децата треба да им се даде максимална слобода во однос на нивното разбирање на околината и колку се свесни за себе си...
За ова Кроули има есеј наречен „За Едукација на Децата“ и таму убаво зборува како децата да се воспитуваат токму на тој модел за апсолутна слобода во рамките на способноста на едно дете...

На дете да му се нудат дроги, сметам дека не е во ред, бидејќи во тој период на детето умот му треба 100% да е насочен и активен за да правилно се изгради како личност! :)

За колкаво дете збориме всушност и зошто и како дете би дошло до опиум, па и да сака да проба? :)
Ако моите деца (а за нас и на 30 години возраст да се луѓето, тие ни се сепак деца, како родители) користат дроги и јас знам, не можам да ги спречам - можам да кажам за последиците ако човек не знае да се контролира.
И за ова има текстови зошто и како и дали... ги има на мојот блог. Да не копирам тука...

Ова ме потсетува на она што мене ми е секогаш прашање: дали христијанин ќе дозволи на дете да биде крстено во црква иако не разбира ништо од религии и верувањата и зошто дозволува всушност?
Кога ќе одговориш на ова правилно, ќе си одговориш сама и на она што мене ме прашуваш :coffee:

П.С. Не можам да одговорам генерално за сите Телемити - но јас бидејќи сум против користење дроги, ќе сум против да конзумира дроги од било каков вид бидејќи има начини начини за нештата... Моите деца имаат апсолутна слобода, а со тоа и апсолутна одговорност! И јас сум раат од сите непотребни стресови... така се учи поединецот да е одговорен и никој да не му е крив, ако забега.

Но, да си против е едно, а да си во можност да дозволуваш или не - е друга приказна... нели?
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.161
Поени од реакции
12.139
Само да Ве потсетам дека утре е Рамноденица - денот кој што Телемитите го прославуваат како почеток на Нова година. Тогаш Сонцето, влегува во знакот на Овен и започнува пролетта.

Во „Книга на Законот“ е запишано во Второ поглавје ова за празнувањата:

„Прослава за Врвниот Ритуал, и прослава за Рамноденицата на Боговите.“
-
Liber AL, II:40

На официјалната страница на О.Т.О. Македонија стои оваа информација за овие празнувања:

„Прослава за Врвниот Ритуал – (Инвокација на Хорус) – 20 Март го одбележува и почетокот на Телемитската нова година.
Прослава за Рамноденица на Боговите – пролетен еквинокс, секоја година го одбележува почетокот на Телемата во 1904 г. е.в.“
- Телемитски Календар, Телемитски Организации

Точното време на влегување на Сонцето во знак на Овен е во 22 часот и 24мин :)

P.S. Секој кој што чувствува потреба да го празнува животот и љубовта - добредојден е да прославува во името на највисокиот Бог (во своите срца и домови или „виртуелно“ со нас кои не нарекуваат Телемити) :)
 
Член од
17 јануари 2023
Мислења
8
Поени од реакции
4
Црна магија е измисилца? (Пишува во pax)
А тогаш А. К. се зеза кога пишува дека непријателите му работеле за да има болест?
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.161
Поени од реакции
12.139
@Хептаграм XI , среќна нова година.:roker:
Благодарам. :love:

За оние кои што не знаат, вака го сметаме времето од 1904 e.v.
Денес после Рамноденицата во 22:24 мин, годината е V:IX или ако сакаме да го прикажеме интересно, може преку Тот картите:

1679356949965.png

93 93/93
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.161
Поени од реакции
12.139
Во „Книгата на Тот“, последната „техничка“ книга на Кроули која ја обработува темата за тарот картите (како gateways за разбирање на целиот систем на иницијација) и која е преполна со тајни кои се прикажуваат отворено на иницијантите (според нивното искуство и разбирање), за АТУ V или Хиерофант картата, запишал:

1679510920453.png


„Оваа карта упатува на Бик; затоа Престолот на Хиерофантот е опкружен со слонови кои имаат природа на Бик (Taurus): a и самиот тој всушност седи на бик. Околу него се четирите ѕверови или Керубими, по еден во секој агол од картата; зашто тие се чувари на секое светилиште.
Меѓутоа, оваа карта главно упатува на одредена тајна, која е најважниот потфат, суштината на сета магиска работа; а тоа е соединувањето на микрокосмосот со макрокосмосот. Во склад со тоа, розетниот прозорец е прозрачен; пред Прикажувачот на Мистеријата се наоѓа хексаграм што го преставува макрокосмосот.
Во неговиот центар има пентаграм, на кој е преставено разиграно машко дете. Тоа го симболизира законот на новиот Еон од Детето Хорус, кој го истиснува Еонот на „Умирачкиот Бог“ кој владееше со светот две илјади години. Пред него се наоѓа жена опашана со меч; таа ја преставува Скерлетната Жена во хиерархијата на Новиот еон.“
- „Египетски Тарот: Книгата на Тот“, Алистер Кроили, достапна на македонски јазик :)


На мојот блог го имам некогаш ова запишано:

„Ние постојано зборуваме за чистата Волја и за Големото дело на еден човек. Постојано велиме дека Големото Дело е ЕДНО, Иницијацијата е Една, Работата е Една – без разлика колку и да гледате вие различни патишта и бесконечни варијации.
Многупати сме зборувале дека Големото дело е соединување на Пентаграмот со Хексаграмот, на Микрокосмосот со Макрокосмосот кои ако ги запишеме како 5 и 6 го даваат нашиот свет број 11 кој што има толку многу убави и страшни значења за вас.
Проширувањето на свеста надвор од пет значи конечно триумфирање на Духот над Материјата соединувајќи се со 6 отварајќи ги портите кон тајните енергии на универзумот. Мора доволно добро да се разбира и да се има искуство и знаење во врска со ритуалите на пентаграм и малиот ритуал на хексаграм за да се работи со посуптилните и диференцирани енергии од макропрозопусот! “
- Поголемиот Ритуал на Хексрагам
 
Последно уредено:

Fr.Chlamidyus

Духовен Отец
Член од
25 март 2023
Мислења
15
Поени од реакции
20
Вие! кога ќе ми го ебете путето мамино?(Је моја волја).Затоа сторнирајте на терминалот и чисти сметки дугачка љубов.
Автоматски споено мислење:

Ако сакате сметки за све ќе ви дадам(фискални).Вие сте Говно од ред со човеци на земјата(што смрдат)
Автоматски споено мислење:

Нема потреба да се чепкаме,само не беше принципот исти кога јас си ја ставив главата во торба.(За ваше поклание?)А добив клоца.
И педерските говнари ги прибрав во свој дом оти се браќа нели?Ја ли нивното куче сереше по храмот?Пиев Пиев?Ако е тоа некое обвинување,веднага да престанете со алкохол.
Автоматски споено мислење:

Ми тупнавте некоја 40 годишна хероинашка,ја да ја пазам бе!
Автоматски споено мислење:

За што бе? толку ли не ме сакавте како брат.сите ваши говнарии ги истрпев,сите смрдливи фратери и сорори ги истрпев
Автоматски споено мислење:

Све е простено од мене,ја не сум злопамтило,Само вашиот ред за кур не го бива.(има и добри човеци секако)
 
Последно уредено:
  • Вау
Reactions: alf

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Вие! кога ќе ми го ебете путето мамино?(Је моја волја).Затоа сторнирајте на терминалот и чисти сметки дугачка љубов.
Автоматски споено мислење:

Ако сакате сметки за све ќе ви дадам(фискални).Вие сте Говно од ред со човеци на земјата(што смрдат)
Автоматски споено мислење:

Нема потреба да се чепкаме,само не беше принципот исти кога јас си ја ставив главата во торба.(За ваше поклание?)А добив клоца.
И педерските говнари ги прибрав во свој дом оти се браќа нели?Ја ли нивното куче сереше по храмот?Пиев Пиев?Ако е тоа некое обвинување,веднага да престанете со алкохол.
Автоматски споено мислење:

Ми тупнавте некоја 40 годишна хероинашка,ја да ја пазам бе!
Автоматски споено мислење:

За што бе? толку ли не ме сакавте како брат.сите ваши говнарии ги истрпев,сите смрдливи фратери и сорори ги истрпев
Еднаш годишно доаѓаат тука членови кој ја ругаат оваа група.Предходно еден некој Стојка спомнуваше кој не сакаше да го види повеќе.Највероватно во некој град од истокот беше.

Зборот ми е, не си прв. :)
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.161
Поени од реакции
12.139
Ако може без навреди и слично. Нема поента од навреди.

@Fr.Chlamidyus тука нема луѓе од О.Т.О. , темата е за Законот на Телема.

П.С. А и работи во врска со тајни Редови се решаваат внатре во самиот Ред, не на форуми... барем јас така би решавал било што поврзано со Редот. Заради добрите луѓе кои сепак постојат во тајните Редови, за кои спомна и ти...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom