Не сум рамноземјаш но и не се рабирам многу од физика. На темата рамна земја го поставив следното прашање но никој не ми одговори, па ако некој се разбира во наука нека ми објасни: Да направиме еден мисловен експеримент. Ако овде во Македонија почнеме да копаме дупка вертикално, фаќаме правец под висак и цепиме право преку јадрото на земјата и излегуваме право таму некаде во Нов Зеланд или незнам каде... Ме интересира до кој момент ке копаме удолу и ке ја вадиме земјата нагоре а од кој момент ке почнеме да копаме угоре и земјата сама ке паѓа надоле?! Оти нели гледано од другата страна на дупката пак ке биде удоле. Како воопшто одеднаш ке се свртиме од нозечки на главечки? Не ми е разбирливо. И ако некој, пример јас, рипне во таа вертикална дупка нозечки, дали нозечки ке излета од дупката во нов зеланд која исто така е вертикално удоле гледано од таму....
А ако го промашиме нов зеланд и пробушиме во океанот, дали овде ке ни тече вода од дупката...?
Автоматски споено мислење:
А ако го промашиме нов зеланд и пробушиме во океанот, дали овде ке ни тече вода од дупката...?