Хелиоцентризам - религија или лажна наука?

  • Креатор на темата Креатор на темата Invisible Force
  • Време на започнување Време на започнување
I Mesečinata kako i Sonceto se tie koi što se dvižat/vrtat nad Zemjata, našata Zemja... pa toa i zabavače od 6 godinki lesno ke go uvidi, neznam što e tuka nejasno i čudno !
...не би рекла, а што не би Земјата вртела околу нив, а тие да се статични, како тоа ,,од гледање,, се одредува?

fail-train (1).gif

...пример, два поставени во моментот паралелено возови или два автобуси паралелно еден до друг, кој едниот е статичен, а другиот се движи, ние да сме во тој што се движи, ако го гледаме другиот статичниот добиваме чувство и нашето око процесира дека ние сме во автобус(воз) што не се движи, туку се движи тој другиот паралелно карши нас или понекогаш добиваме обратно чувство.
 
Последно уредено:
...не би рекла, а што не би Земјата вртела околу нив, а тие да се статични, како тоа ,,од гледање,, се одредува?

Прегледај го приврзокот 371256

...пример, два поставени во моментот паралелено возови или два автобуси паралелно еден до друг, кој едниот е статичен, а другиот се движи, ние да сме во тој што се движи, ако го гледаме другиот статичниот добиваме чувство и нашето око процесира дека ние сме во автобус(воз) што не се движи, туку се движи тој другиот паралелно карши нас или понекогаш добиваме обратно чувство.

Релативизираш...и тоа непотребно, затоа што попут други членови на форумов, поставуваш предуслови, кои ем се небитни за обичен смртник, ем тие предуслови „као„ ќе дадат поинаква слика за Светов-поинаква од оваа која е видлива за вроденото око.

На вакви приказни, во стилот „...Си беше еден воз и во него удира гром, кој е виден во различни моменти, на почетоток и на крајот од возот...„, е заснована денес прифатената приказна за релативитетите од славниот Ајнштајн...

Напросто, не можеш да релативиризаш, затоа прво и основно, не живееш релативно, туку реално и конкретно, во однапред зададени околни услови, а како второ, со неразумно релатизивирање на „све и свашта„ ќе дојдеш до момент во кој или самата ќе се „изрелативизираш„ или пак целата Вселена ќе ја изрелативизираш...а што не би било многу мудро.
 
Немора да веруваш за да биде факт науката. Твоите лични мислење само за една од многуте заблуди во која веруваат луѓето.
 
Немора да веруваш за да биде факт науката. Твоите лични мислење само за една од многуте заблуди во која веруваат луѓето.

Тогаш, како може нешто да биде факт во науката, ако Јанко му кажал на Петко, Петко на Митре, Митре на комшијата, а комшијата ти кажал тебе?

Колку пати ќе се деформира и валка информацијата која поминува низ многу „раце„?...

Моите мислења се мислења од религозна природа а во религијата најнапред се верува, па откако ќе наталожиш доволно знаење и искуства од духовна природа, „верувањето„ препоѓа во „знаење„.

Се чини дека верувањето во науките е најлесниот начин да се стане модерен верник...
 
Ова покажува дека јас сум во право. Не ми одговори...Како е можно куглата и пердувите да паднат во исто време во вакум простор? Ако знаеме според теоријата за "гравитација" дека ТЕЛАТА СО ПОГОЛЕМА МАСА ПОБРЗО ЌЕ ГИ ПРИВЛЕЧЕ КОН ЗЕМЈАТА СИЛАТА НА "ГРАВИТАЦИЈАТА" ОД ОНИЕ ШТО СЕ СО ПОМАЛА МАСА?
Автоматски споено мислење:

Добро е што „знаење“ ти е во наводници.
Затоа што секогаш се преиспитува и она "што мислиш дека го знаеш".
Автоматски споено мислење:

а што не би Земјата вртела околу нив
Каде имаш видено тоа?
Автоматски споено мислење:

како тоа ,,од гледање,, се одредува?
Па на пример дали чувствуваш дека земјата се врти?
 
Последно уредено:
Добро е што „знаење“ ти е во наводници.

Не ми вади муабети од контекст; како што поимот „верување„ е во наводници, така и поимот „знаење„ е ставен во наводници, за да се разликуваат еден од друг, со посочување на моментот кога првиот преоѓа во вториот...
 
Вие неколкумина немате знаење од никаква форма поврзано со науката и се ви е верување и тоа го проектирате кај сите други... упорни сте да го вратите човекот на вашите патишта наместо вие малку да надминете и од верување да преминете во познавање на нештата подобро, посебно наука...
Лесно е ова вашето, ќе зборуваме сешто и ќе повторуваме „ама си видел ли ти x" каде што X е било што од науката...

Има формули бре сине и тие функционираат, еден вид на предвидување на телата каде ќе бидат во иднина ако на нив дејствува една иста сила... формули и закони кои се откриени, не измислени и кои даваат совршена пропорционалност на различни сили поврзани со простор и време... дали ме разбираш?

Не знаете наука и не разбирате ништо... гледајте и обожувајте го универзумот, ама намалете со глупостите во стилот науката е религија... дека е спротивно од религиите па тоа ви боди во очи - е спротивна, бара нештата практично да функционираат а не да дрдориме сешто и да си веруваме.

Капата настрана, зен состојба и ќе си веруваме на тоа што го гледаме и чувстуваме.. две ракии и не знаеш името да си кажеш и од едно нешто 2 гледаш, а ти ми велиш: ама сонцето се гледа дека е околу Земјата...

Не постои земјата се е тоа во стаклено ѕвоно и одоколу вода, така пишува во петокнижието :)
 
Тогаш, како може нешто да биде факт во науката, ако Јанко му кажал на Петко, Петко на Митре, Митре на комшијата, а комшијата ти кажал тебе?

Колку пати ќе се деформира и валка информацијата која поминува низ многу „раце„?...

Моите мислења се мислења од религозна природа а во религијата најнапред се верува, па откако ќе наталожиш доволно знаење и искуства од духовна природа, „верувањето„ препоѓа во „знаење„.

Се чини дека верувањето во науките е најлесниот начин да се стане модерен верник...
Не знам што зборуваш фактите си се факти ретко кога се менуваат научните информации посебно не поради изворот. Барем тоа е моето искуство.
 
Има формули бре сине и тие функционираат, еден вид на предвидување на телата каде ќе бидат во иднина ако на нив дејствува една иста сила... формули и закони кои се откриени, не измислени и кои даваат совршена пропорционалност на различни сили поврзани со простор и време... дали ме разбираш?
Имаш и формула за "закривување на земјата". Арно ама во меѓувреме од совршена сфера земјата под некакви неразбирливи за нас "научни истражувања" се претвори во форма на сплескан сфероид и круша.(Нил Дисгрејс Тајсон) Штом е така многу од формулите и пресметките логично се изменети нели? Значи во интерес на темава следен пат кога ќе се сетиш за формули тргни од тој факт.
Screenshot_2023-03-12-21-07-54-43_cbf47468f7ecfbd8ebcc46bf9cc626da.jpg
 
Имаш и формула за "закривување на земјата". Арно ама во меѓувреме од совршена сфера земјата под некакви неразбирливи за нас "научни истражувања" се претвори во форма на сплескан сфероид и круша.(Нил Дисгрејс Тајсон) Штом е така многу од формулите и пресметките логично се изменети нели? Значи во интерес на темава следен пат кога ќе се сетиш за формули тргни од тој факт.
Прегледај го приврзокот 371357

Зурла, Нил Деграс Тајсон е зурлата кај нас глобусарите.
 
Не знам што зборуваш фактите си се факти ретко кога се менуваат научните информации посебно не поради изворот. Барем тоа е моето искуство.

А што вели твоето искуство околу промените во вистините кои ни ги нудат науките?
Зашто секоја генерација луѓе има некоја своја научна вистина?...
Зашто научниците, кои глумат ликови со „отворени умови„, не прифаќаат и не признаваат кога грешат, туку упорно си ги тераат за нив прифатливите им вистини?...
 
Ова покажува дека јас сум во право. Не ми одговори...Како е можно куглата и пердувите да паднат во исто време во вакум простор? Ако знаеме според теоријата за "гравитација" дека ТЕЛАТА СО ПОГОЛЕМА МАСА ПОБРЗО ЌЕ ГИ ПРИВЛЕЧЕ КОН ЗЕМЈАТА СИЛАТА НА "ГРАВИТАЦИЈАТА" ОД ОНИЕ ШТО СЕ СО ПОМАЛА МАСА?
Привлечната сила ќе е поголема, не забрзувањето. Забрзувањето во вакуум е константно и независно од масата на објектот. Брзината е нешто сосема трето.

Си бегал од часови во основно, Зурла.
 
Не е точно. Види зошто...
Види, не правиш разлика помеѓу сила, забрзување и брзина. Го игнорираше и моментот вакуум. Доста е битен.

Вакумот е дел од причината поради која две тела со различна маса, пуштени од иста висина паѓаат во исто време. Нема потисок(архимедова сила?) и нема воздушен отпор. Претпоставката дека или нема електромагнетно поле или доколку истото постои и двете тела исто се однесуваат во него. Она што останува е врз телата да влијае гравитационата сила.

Сеа големината на гравитационата сила ќе е различна за двете тела во зависнот од масата, соодветно за секое тело.

Забрзувањето на телата ќе е исто и е независно од нивната маса.

Ова доста лесно се докажува математички(треба да ја споредиш формулата на законот за гравитација и вториот њутнов закон) и е конзистентно со мерењата шо редовно се прават(те оставам да погодиш како функционира апаратурата за тестирање. Хинт не е винкла или либела).

Едино, ако имаш приговори во врска со Њутновата механика и сакаш да си педантен, повели објасни ја гравитацијата преку општата теорија на релативност. Тоа е случај кој е фер да се образложи.
 
Kajgana Shop

Постови на неделата

Недела од 12 јули 2025

Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
Многу изгубија Вмро, Мицковски и Тошковски со ова. 30 години политички партии, еден не се најде да им каже дека не можат да идат со глава во ѕид, и дека не идат лично против Арсовска, туку против функцијата градоначалник на Град Скопје. Толкави...
Фан Клуб: Вардар
убаво е да се знае, не сите комити го делат ставот на “комити“
не може мене никој да ми наметнуваат како да размислувам.

иститие тие пред неколку години во ерата на најуспешните години на вардар бараа вардар да се повардарел. се повардари, си...
Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
тошковски постапува по судски налози. Конкретно за ова кај судот треба да ја бараш кривицата. Судот моментално не е под влада него ете е независен. ВМРО не смени ниеден судија кога дојде него тие што беа за време на СДС.

Аха, значи ако некој...
Back
На врв Bottom