Одите ли редовно во црква и зашто?

Одите ли редовно во црква

  • Вкупно гласачи
    49

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.756
Поени од реакции
5.018
Да бидам искрен многу ретко одам.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.227
Поени од реакции
12.213
Na pogreb, vencavka, krstevka nadvor sedis, pred crkva ?
На погреб не се оди во црква.

А и одење во црква се мисли да присуствуваш на литургија - инаку сите сме биле по манастири или стари цркви за да видиме уметност, историја, архитектура итн итн....
Јас сум бил во многу манастири низ Македонија и во цркви - има што да се види од историјата што е испишана тука на ова парче земја. Имам зборувано со монаси за книгите што ги имаат, старост, од каде се препишувани, иконите од кога се, што метод на сликање итн итн...

Битното за свештенството е луѓето да одат на литургии, не да доаѓаат кога сакаат или ретко и да запалат свеќа или да остават зејтин или маица или пак јагне (на одредени празници некои манастири примаат вакви дарови).

Одењето во црква значи одење на литургии. Јас лично не одам на такви работи бидејќи... па мислам дека знаете. Тоа е за христијани. :)
Ок, имам посетено 2-3 пати во мојот живот кога има литургија само заради искуство и да видам што се случува таму и каква е атмосферата...

П.С. Сега за сега ме изненадува ова гласањево, очекував сосема друг исход...
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.337
Поени од реакции
10.206
.... само заради искуство и да видам што се случува таму и каква е атмосферата...
..и....какво беше чувството и дали ти се допадна атмосфератата?
Иснрено само.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.227
Поени од реакции
12.213
..и....какво беше чувството и дали ти се допадна атмосфератата?
Иснрено само.
Не.
Тажно за мене...
Три часа стоење, сите се поклонуваа (јас како столб стојам и се гледаме со попот tete-a-tete, сигурно си викал човекот: овој од кај сега па дојде :LOL: ), крстење и слично...

Ете искрено...
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
5.052
Поени од реакции
5.236
Со последниве денови и цуцата што вика црквата може да одјебе, ме интересира, дали одите редовно во црква (т.е. не дали сте биле 3 пати у животот а дали одите, да речеме еднаш месечно, не само од празник до празник) и ако одите, зашто, поради која причина? Јас на пример не, не сум много религиозен, а и се согласувам со реченицата на безимен писател која вели: „Одењето во црква те прави верник колку што и стоењето во гаража те прави кола“. Ете, тоа е моја логика, би сакал да ја чујам вашата.
Зашто уопште си ја отворил темава за Црквата, кога имаш убедувања спротивни од Црковните?...

Пристуството на Црковните служба има повеќеслојна улога, како на пример: да се биде дел од самата Црква/заедница, да се учествува во молитвеното и покајничкото расположение, да се биде едновремено во заедница и со Небесната Црква (Бог, Ангелите, Мајката Божја, сите Светии...) и конечно, зависно од намерата и потребата, да се примат Светите Тајни Христови, во облик од Светата Причест, преку осветените леб, вино и вода...

И да, стоењето во гаража не те прави кола...исто како што твоето неверување не значи дека Бог не постои...
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.337
Поени од реакции
10.206
Не.
Тажно за мене...
Три часа стоење, сите се поклонуваа (јас како столб стојам и се гледаме со попот tete-a-tete, сигурно си викал човекот: овој од кај сега па дојде :LOL: ), крстење и слично...

Ете искрено...
Три часа???? Не ми се верува дека толку си издржал, а и која литургија трае толку..уствари немам појма, никогаш не сум била.
Очекував повеќе искреност од тебе, разочараноста од некултурата на поедини верници кои си прават моабет додека попот пее итд....или се воздржа од лоши коментари за христијаните?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.227
Поени од реакции
12.213
Три часа???? Не ми се верува дека толку си издржал, а и која литургија трае толку..уствари немам појма, никогаш не сум била.
Очекував повеќе искреност од тебе, разочараноста од некултурата на поедини верници кои си прават моабет додека попот пее итд....или се воздржа од лоши коментари за христијаните?
Немаше такво нешто. Ок си беа луѓето, сигурно знаеја зоштои се дојдени и сигурно не им било прв пат.
Имаше многу малку млади и претежно постари жени, со шамии... :)

Ако човек сака искуство и да дознае за нештата, мора малку истрајност... луѓето се научени тоа што не им одговара на прво видување да го одминуваат и да не знаат ништо за тоа. Јас не сум таков.
 
igor00000000

I find your lack of faith disturbing
Член од
17 октомври 2022
Мислења
76
Поени од реакции
67
насловот треба да ти биде
Одите ли редовно во црква и зашто не?
лугето одат само по потреба
нашата црква и не работи секој ден и да сакам неможам да одам
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
339
Поени од реакции
693
Зашто уопште си ја отворил темава за Црквата, кога имаш убедувања спротивни од Црковните?...

Пристуството на Црковните служба има повеќеслојна улога, како на пример: да се биде дел од самата Црква/заедница, да се учествува во молитвеното и покајничкото расположение, да се биде едновремено во заедница и со Небесната Црква (Бог, Ангелите, Мајката Божја, сите Светии...) и конечно, зависно од намерата и потребата, да се примат Светите Тајни Христови, во облик од Светата Причест, преку осветените леб, вино и вода...

И да, стоењето во гаража не те прави кола...исто како што твоето неверување не значи дека Бог не постои...
Темата, како и повеќето мои, ја отворив повеќе од социјален отколку од теолошки аспект, и само споделив, да повлечам дискусија, дека јас лично сум атеист, никаде не го оспорив постоењето на Бог, туку дека јас не верувам. А сега, да елаборирам за таа реченица со колата: како помлад, ради друштво, отидов пред црква за Велигден, и бев шокиран да сум искрен. Луѓе се заебаваат, мрсни вицови на посен ден, околу 11 саат вечерта луѓе околу мене беа, ајдеее нека пројде 12 да се најадам ко човек, па пројде и тој полноќен час па се напуни по сендвичарите народ...е сеа, според мене, тука темата на идењето во/пред црква е малку промашено, и тие луѓе идењето у црква ги прави верници колку моето стоење во гаража што ме прави кола. Се надевам е појасно.
 
Член од
11 март 2023
Мислења
35
Поени од реакции
38
Верувам во Бог но ретко идам во Црква за жал.
 
Ова со присутните на Великден, кои дошле не ради празникот и не ради Христа Бога, за тебе е причина за твоето неверување, така?...

А зашто не се повикаш на некој позитивен пример, туку се повикуваш на негативен и од него вадиш афирмативен заклучок, како поткрепа за твоето неверување?...

Еве, и јас сум сведок на таа појава-полн црковен двор со луѓе, кои чекаат да дојде полноќ, по што ќе ги искршат бојадисаните јајца, ќе се изнајадат и „фаќаат магла„ 10мин, по полноќ, но лично не доаѓам на Воскересението Христово ради нив, туку ради себе...и ради Бог, секако.

Совршени ми е јасно дека мнозинството кое доаѓа на Великденската ноќ, доаѓа ради сеир, и тоа мене не ме засега на никаков начин...
 
Член од
10 ноември 2022
Мислења
299
Поени од реакции
880
Понекогаш одам, обично недела и палам по две свеќи, една за мене, една за ФК Вардар.
Значи затоа топ му оди на Вардар.
Автоматски споено мислење:

Самата литургија трае отприлика еден до еден и пол час...
Денес целовкупната процесија траеше 2,5 часа.
Прегледај го приврзокот 371253
Сакаш да ми кажеш дека отседи ДВА И ПОЛ СААТИ слушајќи глупости? Секоја чест штом имате толку време за фрлање.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom