Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.143
Ахх бе Хепта легенда си :)..има ли пост во кој ми се обраќаш а да не спомнеш (српски) или мртви луѓе или мртов човек во твоите беседи..Од друга страна ти се утепа постирајќи линкови од чичко Ал а не го гледам нешто меѓу живите или слабо гледам..Еднаш пишав дека не осеќам омраза према тебе него си ми дури и симпатичен како форумски лик..На мене ми е битна вистината како таква а владиката Николај ја презентира на начин на кој обожувам да ја ,,пијам” на екс...така да ти ја гледаш само формата(Николај,српски,мртов) а ја уживам во суштината/вистината презентирана од него...:coffee:
Во твојот случај, мислам дека нема. :)
Што да правам што си обожавател на СПЦ и се ти е на српски - како да МПЦ нема доволно изнапишано и изругано еден куп учења... :)

Небитно е реков ти што осеќаш - секако не верувам на луѓето тука што зборуваат бидејќи додека се глуми смирение и христијанска љубов, дома може со чекан да кршиш стари тастатури наместени до тебе во креветот... нели? Ова како пример само, да не биде дека ете мислам дека ти кршиш или слично - но дека не ти верувам, не ти верувам заради христијанската догма што ја пиеш на „екс“, а знам што има во таа чаша полна со догма за другите што не се христијани.
Кај некои пали тоа „љубов, вера и слично“ и ви верува дека сте такви... но забораваат дека тоа оди само кон „ближниот“ за другите си има друг есап... така било, така е и така и ќе биде... за жал.

Јас читам што споделувате од автори кои вие ги сметате за авторитети и по тоа се дознава реално што ви се мотка низ умот и душата бидејќи ве понесува дискусија некоја и оп - цитатче без објаснувања без ништо... затоа многупати на шега сум велел: сега со Николај или дедото Пајсиј или светец оној или овој да дебатирам или со вас тука на форумов кога само цитати споделувате без да дадете зошто го споделувате тоа и човек да влета во дискусија зошто вака или онака... :)

Во ред е да се цитира Кроули, Христос (ако напишал нешто), овој или оној светец - но, да се има и свој став и знаење за нештата, што ти мислиш со главата за религиите и верувањата... ако воопшто имате што да кажете за религиите освен како другиот е сатанист и зло, или пак неверник и слични глупости оставени од предците...
И
наку ете пак ќе повторам: со мртовци ќе треба да дебатирам а тие не можат да се одбранат тука на форумов или да ме поправат ако јас некаде сум згрешил во логиката на нештата или знаењето за истите!
 
Член од
4 август 2018
Мислења
1.530
Поени од реакции
3.302

Хептаа пак ме влечеш за ,,јазик” и ја вртиш водата накај политичка и национална конотација на моите ставови..не може така!Мојата главна цел е Бог и наоѓање на патот до неговото блаженство а институциите на земјата кои ги управуваат обично грешни луѓе со сите нивни слабости ми се на второ место..така да ја не се бавам со институции која и како се вика него сум ко стрела оптегната до крај за да можам што поблиску да(се) дофрлам до Него..peace brother :coffee:
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.143
Мојата главна цел е Бог и наоѓање на патот до неговото блаженство а институциите на земјата кои ги управуваат обично грешни луѓе со сите нивни слабости ми се на второ место....peace brother :coffee:
Е ова ми се бендиса малку (иако не треба да ти се на ниедно место, не второ, ама ајде нека биде) и тука веќе нема што да дискутираме, за жал ....
 
Член од
4 август 2018
Мислења
1.530
Поени од реакции
3.302
Е ова ми се бендиса малку (иако не треба да ти се на ниедно место, не второ, ама ајде нека биде) и тука веќе нема што да дискутираме, за жал ....
Хепта ќе си ,,земам за право” (како за крај пошто викаш нема што да дискутираме)да бидам во улога на пророк ама мислам дека ќе дојде ден кога ќе се активира Божјото семе во тебе (пошто секој човек го има) и ќе доведе до тоа да ти проработат внатрешните процеси емотивни/сугестивни и кај и да е ќе те доведе до ситуација да почнеш да плачеш онака опасно машки/покајнички пред ѕидините на некој манастир без присила без ништо него нагонот кој ќе биде појак од тебе и врз кој ќе немаш контрола ќе го направи своето...завршувам!:coffee:
 
Последно уредено:

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138

supernatural-jensen-ackles.gif

Убаво го избоде.:zver:
 
Ете за ова зборувам кога некој ќе ми проповеда христијанство: не, ти не мислиш, ти посакуваш, ти гори душата да видиш како некој ќе коленичи и „бара покајание“... абе како не разбираш дека сме различен ков јас и ти? Кога ќе го разбереш тоа? Никогаш?
Зошто да мислиш дека некој го чека во животот страдање и да бара „покајание“, да мора да плаче, да страда? Тоа е христијанството?

Зошто мислиш дека божјото семе е од овој тип како што ти го разбираш? Ете ова е тоа за кое зборувам, а вие си го носите гревот со вас што мислите дека вашата семка е онаа божествената, другите немаат ништо со тоа... Бидејќи така ти проповедаат христијанските свештеници?
Немој...

Сите сте вакви за жал, само човек треба да ја удри точната шифра за да престане глумењето и да си кажете реално што се мислите за животот и другите... тука завршувам - се надевам дека тебе животот ќе те однесе далеку од идеите на покајување и гревови, далеку од манастири и сатанизирање на другоста и ќе уживаш во животот како слободен човек кој што се пронашол на Земјата и ќе немаш потреба божественото да го валкаш со лелеци и крикови на покајание и прогласување на себе си за „недостоен“ :)
Автоматски споено мислење:

Ептен ;)
Мислам дека до недела кај и да е - еве бирам веќе манастир - „ќе одам да плачам и барам покајание“ заради „семето на духот христијански“ :)
Бидејќи така мисли дека е редот овој @Лаик - бидејќи христијанската догма сите ги опфаќа, дури и мене и тебе и сите други, знајни и незнајни....
 
Последно уредено:

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Бидејќи така мисли дека е редот овој @Лаик - бидејќи христијанската догма сите ги опфаќа, дури и мене и тебе и сите други, знајни и незнајни....
На исто ниво си и ти.Сите , знајни и незнајни се во новиот еон, според телема, а за оние кој не се во новиот еон не користите термин грешник-страдање туку термини како куче, проколнати , робови и сл.
Затоа не се лигави толку да се покажеш поразличен од христијаните.;)
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.143
На исто ниво си и ти.Сите , знајни и незнајни се во новиот еон, според телема, а за оние кој не се во новиот еон не користите термин грешник-страдање туку термини како куче, проколнати , робови и сл.
Затоа не се лигави толку да се покажеш поразличен од христијаните.;)
Како прво кој е еднина, КОИ е множина. Постојано ова се учиме низ годините!

Значи треба „ОНИЕ КОИ НЕ СЕ ВО НОВИОТ ЕОН“ не се ТЕЛЕМИТИ :D

Абе кое ниво, кои знајни и незнајни, што се губиш со муабетите - научи нешто еднаш засекогаш како што треба....
Битно не издржа да прокоментираш за Хепта како „ме избоде со муабетите за покајание и огревовеност другиот“ - според твојот ментален склоп за разбирање на религиите и внатрешниот пат на другиот!
Ах бре луѓе...

Не. Погрешно си разбрал. Всушност ништо не знаеш за Телема иако тука нè читаш со години... закован си за библијата како христијаните само од срам не сакаш да бидеш во табор со нив па си толкуваш како ти дојде за нештата, како ти чини во умот...

Не сите се во новиот еон и се приврзани со новиот закон.
Нов еон е на сцена - и менува се наоколу, но јас како Телемит не можам да кажам дека за тебе важат привилегиите и должностите од Законот на Телема! Бидејќи ти не си го прифатил тој закон за дејствување... како може било што од Телема да има врска со тебе? :)

Може да имаш чиста волја и методи како до неа? НЕ! Закован си за библијата, евреите и христијаните - ќе биде нечија друга волја.
Грев имаш? Да! Закован си за библијата и идеите за првобитен грев и наследен одозгора - како може да дејствуваш ти слободно? Никако!
Не си Телемит, не важи ништо од Телема за тебе...

Гледаш како има разлика? Треба повеќе да се заморуваш со тоа што ти имаш заедничко со христијанството но заради его и тоа што мора ти да си на врвот и никој друг, не сакаш цркви и свештеници и хиерархии... не си гледаш гредата во окото по се изгледа ;)

Додека христијаните и муслиманите сите ги осудуваат и ни ги отекуваат главите со тоа како сите сме неверници и секташи и како нивниот концепт на божественост важи и за тебе и за мене и ќе бидеме судени, па втора смрт па држ ми боже душата муабети како „само еден бог има, и тоа е мојот кој ќе направи да страдаш“...

П.С. Робови сами се нарекуваат ние само им ја потенцираме улогата. И се проколнати мажите за жал, бидјеќи со туѓа крв ја избегнаа смртта и на погрешна месечина се поклонуваат! Што се наум имаат за жената - не знам како и до тука издржаа со тоа...
Црна магика за црни браќа - така оди тоа и тоа е запишано токму во вашата библија што и ти ми ја цитираш и проповедаш наоколу иако нели не ни требаат книги ти директ со господ муабети :)
Абеее.... сите сте си земале делот што сте во стариот еон ама ајде... ќе поминете и вие ништо страшно, до тогаш ние Телемитите ќе ви бидеме виноивни за сешто :)
 
Последно уредено:

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Како прво кој е еднина, КОИ е множина. Постојано ова се учиме низ годините!

Значи треба „ОНИЕ КОИ НЕ СЕ ВО НОВИОТ ЕОН“ не се ТЕЛЕМИТИ :D
Добро...
Мене зборовите не ми се алат во приватниот живот како тебе.
Што си по струка, толку долги текстови сигурно си новинар/ка?
Абе кое ниво, кои знајни и незнајни, што се губиш со муабетите - научи нешто еднаш засекогаш како што треба....
Битно не издржа да прокоментираш за Хепта како „ме избоде со муабетите за покајание и огревовеност другиот“ - според твојот ментален склоп за разбирање на религиите и внатрешниот пат на другиот!
Ах бре луѓе...
Од телема ништо не се учи, во нејзе нема ништо духовно.
Од тебе, граматика, правопист и печатни грешки.

Не. Погрешно си разбрал. Всушност ништо не знаеш за Телема иако тука нè читаш со години... закован си за библијата како христијаните само од срам не сакаш да бидеш во табор со нив па си толкуваш како ти дојде за нештата, како ти чини во умот...
До кога да ти повторувам, човек не може да припадне кон тоа кое произлегло од човек...религии, догми , филозофии..сетото тоа му припаѓа на човек,а не обратно.

Тоа е исто како на вода и даваш име, ја пакуваш во шише, па ја делиш на природна, минерална, изворска и сите според вкусот одбирате со која ќе ја гасите жедта, но на небото таа е само вода од која произлегле сите тие поделби.Само човек, ништо друго.

Разбери и свати еднаш,а не филмови во глава да си правиш.
Не сите се во новиот еон и се приврзани со новиот закон.
Нов еон е на сцена - и менува се наоколу, но јас како Телемит не можам да кажам дека за тебе важат привилегиите и должностите од Законот на Телема! Бидејќи ти не си го прифатил тој закон за дејствување... како може било што од Телема да има врска со тебе? :)
Прочитај погоре што напишав , да не се повторувам.
Може да имаш чиста волја и методи како до неа? НЕ! Закован си за библијата, евреите и христијаните - ќе биде нечија друга волја.
Грев имаш? Да! Закован си за библијата и идеите за првобитен грев и наследен одозгора - како може да дејствуваш ти слободно? Никако!
Не си Телемит, не важи ништо од Телема за тебе...
Ауу те збуни она што го пишав дека сите сте синови на оној кој се дува и плука, беше и го нема,а сепак постои од кого наследивте грев. :)

Јас незнам ниту дали сум човек, не па телемит, христијанин, тао, суфи, будист и др.(телема е натрапник во листата)

Гледаш како има разлика? Треба повеќе да се заморуваш со тоа што ти имаш заедничко со христијанството но заради его и тоа што мора ти да си на врвот и никој друг, не сакаш цркви и свештеници и хиерархии... не си гледаш гредата во окото по се изгледа ;)
Провокација!?
Има тема , напиј се од изворот, се што ти лежи на душа прашај , јас ќе ти одговорам.Само немој со вакви ниски и подмукли текстови во кој сам во глава си поставуваш прашање и во мое име одговараш со закључок.

Погрешно го разбираш "врвот" и кој ќе седне на него.:цицки:
Додека христијаните и муслиманите сите ги осудуваат и ни ги отекуваат главите со тоа како сите сме неверници и секташи и како нивниот концепт на божественост важи и за тебе и за мене и ќе бидеме судени, па втора смрт па држ ми боже душата муабети како „само еден бог има, и тоа е мојот кој ќе направи да страдаш“...
А тебе што те боли фалус?
Ако влијаат на тебе, тргни се од таа средина, оди живеј во некое изолирано село, чувај кози.
П.С. Робови сами се нарекуваат ние само им ја потенцираме улогата. И се проколнати мажите за жал, бидјеќи со туѓа крв ја избегнаа смртта и на погрешна месечина се поклонуваат! Што се наум имаат за жената - не знам како и до тука издржаа со тоа...
Црна магика за црни браќа - така оди тоа и тоа е запишано токму во вашата библија што и ти ми ја цитираш и проповедаш наоколу иако нели не ни требаат книги ти директ со господ муабети :)
Абеее.... сите сте си земале делот што сте во стариот еон ама ајде... ќе поминете и вие ништо страшно, до тогаш ние Телемитите ќе ви бидеме виноивни за сешто :)
Реков, ништо поразлични не сте.
Иста вода, друго име.Наравот ви е ист.
Со тоа што , за да опстоите како група мора да постои некоја догма како христијанството бидејќи вашето постоење се темели на дување и плукање по такви.

Не се прави тоа така, сонце.
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.143
Како прво - честито за вака средениот текст. Браво. Конечно некој да ми посвети внимание :)
Реторика мора да се учи - тоа е стара пракса. Јазикот да не си го знаеш - ништо не знаеш. Ете сега свати го напиша со в наместо со ф!

Секој има право да има став за Телема според неговото лично знаење, разбирање и искуство. Не може да те силува некој дека Телема тебе може да ти е полезна или пак дека ќе те осуди на твојот пат дека ти погрешно разбираш!
Неуспехот е доказот дека не ја разбираш Телема - но треба да се практикува и со тоа да се подобрува човек.

Види што вели во Liber Tzaddi:

„Не дојдов за да ве укорувам, или да ве поробам.
Јас ве поттикнувам да не се откажувате од вашите сладострасни патишта, од вашата мрзливост, од вашите лудории.
И јас ви носам радост за вашето задоволство, мир за вашата истоштеност, мудрост за вашата лудост.
Се што правите е правилно, ако вие уживате во тоа.“
- צ – LIBER TZADDI VEL HAMUS HERMETICUS SUB FIGURÂ XC

За работи што ме интересираат околу еврејскиот закон или погрешно именуван од христијанските секти како „стар завет“ или пак новиот завет каде што се зборува за продолжување на еврејскиот мистицизам и потреба од месија (нешто што е поврзано со евреите и нивната света земја) - имам на листата барем 2 полни раце авторитети кои добро ги познаваат нештата и кои може да ми помогнат во разбирање на учењата кои се тркалаат со векови низ човештвото - така да, намали со его-трипот дека „имало тема напиј се од изворот, дојди прашај ме“ и ти ќе ми одговориш...
Што ќе ми кажеш за библијата, за книгата пишувана и редактирана со векови? Твое толкување? Што ми мене треба твоето разбирање на христијанската света книга кога се друго игнорираш и не си запознаен со ништо друго?

Диши малку, не барај луѓето да те прашуваат - зборувај што знаеш за религиите, ако нешто знаеш и ќе се најде некој што ќе смета дека навистина знаеш и разбираш за овие работи, за патиштата на човекот... или полесно е да се глуми толкувач на библијата и да си туркаш „авторитет“ филм?

Што си се фатил за библијата - не знам. Не ти го разбирам тој стремеж библијата да ти е универзален водич во животот...
Куранот не содржи вистини? Далечен ти е за толкување, тешки се тие далечни размислувања на муслиманите од христијанската догма?
Ист извор имаат... евреите!
Иако муслиманите се поблиску до евреите од кои како и христијаните презеле премногу....
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Море Хепта, зошто зборовите од било која книга да ти бидат храна на душата и да ти покажуваат некаков правец кога с'е ,ама баш с'е е содржано во самиот себе?

Зборовите создаваат звук на духовниот мирис.А тоа не треба да се пишува.

Затоа оној кој ги пишувал духовните книги бил како кога млад човек
кој доживува интимна средба со жена и брза да раскаже за слаткиот чин.

Тој чин искажан со зборови го "присвојува"читателот како свое дете.
Затоа луѓето чуствуваат припадност кон религијата,догмата и филозофијата..фатени се во мрежата на духовниот мирис, наместо самите да го доживеат тој чин

Порасни еднаш, надмини ги зборовите и книгите.

Тоа што ги толкувам всушност ги соединувам приказните,да ви доловам дека сите пишувале за едно исто искажано на различен начин.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.143
Ама зошто ти ми ја толкуваш само Библијата, христијанската света книга?
И се друго ти е „од човекот“ религии и слично?

Се плашиш да прочиташ Рамајана или Махабхарата? Знаеш ли што има во Бхагавад Гита?
Те прашувам по втор пат: зошто си се фатил за библијата кога не си христијанин? Зошто ми ги толкуваш евреите?
Зошто не некој хадис од Куранот? Зошто не од Упанишадите?

Не знам дали не ме разбираш што те прашувам и што сакам да ти кажам или за инает си тераш едно та исто?

Еве и уште еден цитат, за адептите кои го гледаат светот одозгора, со сите религии и философии кои ти сметаш дека го делат човештвото:

„Тебе кој што сеуште талкаш во Дворот на Профаните не можеме сеуште да ти откриеме се;
но многу лесно ќе разбереш дека религиите на светот се само симболи и преведи на Апсолутната Вистина.
Исто како и философиите.

За адептот, гледајќи го ова одозгора, не постои потреба да избира помеѓу Буда и Мухамед, помеѓу Атеизам и Теизам.“
- Liber Porta Lucis

Пред тебе Кроули и јас и многу други истото го збориме: но ова е патеката на иницијаните и адептите, не на профаните кои сами толкуваат и размислуваат гласно за нештата кои се тајни. :)

Лесно е да се сфати дека сите религии имаат ист извор - но, секогаш има едно но кое што не се расправа по форуми...

Ти не знаеш други приказни, не знаеш други религии. Не знаеш ништо за евреите. Ти ги толкуваш од христијанска гледна точка, или полошо - како што прават њу ејџерите, врзуваат сешто со сешто друго кое не е така... на едно ниво ќе се поклопи, на следно ниво е хаос.
Дали ме разбираш?

Мора да знаеш за религиите, не може да си правиш салто мортале и да глумиш авторитет. Смештно е...

П.С. И бидејќи не постои потреба да се бира, постои волја да се асимилира сето знаење и искуство вметнато во вените на човештвото!
 
Последно уредено:

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Ама зошто ти ми ја толкуваш само Библијата, христијанската света книга?
И се друго ти е „од човекот“ религии и слично?

Се плашиш да прочиташ Рамајана или Махабхарата? Знаеш ли што има во Бхагавад Гита?
Те прашувам по втор пат: зошто си се фатил за библијата кога не си христијанин? Зошто ми ги толкуваш евреите?
Зошто не некој хадис од Куранот? Зошто не од Упанишадите?

Не знам дали не ме разбираш што те прашувам и што сакам да ти кажам или за инает си тераш едно та исто?

Еве и уште еден цитат, за адептите кои го гледаат светот одозгора, со сите религии и философии кои ти сметаш дека го делат човештвото:

„Тебе кој што сеуште талкаш во Дворот на Профаните не можеме сеуште да ти откриеме се;
но многу лесно ќе разбереш дека религиите на светот се само симболи и преведи на Апсолутната Вистина.
Исто како и философиите.

За адептот, гледајќи го ова одозгора, не постои потреба да избира помеѓу Буда и Мухамед, помеѓу Атеизам и Теизам.“
- Liber Porta Lucis

Пред тебе Кроули и јас и многу други истото го збориме: но ова е патеката на иницијаните и адептите, не на профаните кои сами толкуваат и размислуваат гласно за нештата кои се тајни.
:)

Но ти не знаеш други приказни, не знаеш други религии. Не знаеш ништо за евреите. Ти ги толкуваш од христијанска гледна точка, или полошо - како што прават њу ејџерите, врзуваат сешто со сешто друго кое не е така... на едно ниво ќе се поклопи, на следно ниво е хаос.
Дали ме разбираш?

Мора да знаеш за религиите, не може да си правиш салто мортале и да глумиш авторитет. Смештно е...

П.С. И бидејќи не постои потреба да се бира, постои волја да се асимилира сето знаење и искуство вметнато во вените на човештвото!
Во врска со прашањето.

Стварно незнам како не разбира со примерот за водата?
Те буни што поголем дел толкувам од библијата.Не ми е проблем да толкувам и од други текстови , истото е се.
Пивката вода која ја гаси жедта на човек е иста насекаде,а бунарот од кој треба да пие секој човек е внатре во него.
И токму тоа нема разлика бидејќи човек е истиот на било кој дел од светот.

Што постираш од телема?Што си ја вртиш водата кон телема?
Немој да мислиш дека го владееш четивото наречено Човек.Далеку си.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.143
Не е. :)

Но тебе ти е тешко да толкуваш од други книги - не ти се познати, инаку ќе расправаше за тоа... не си ги читал, не знаеш што зборуваат и што порака носат. Ти ќе ги искасапиш во обид да се протнат во твоето разбирање на библијата - таа ти е репер за се... никако обратно :)
Но штом сметаш дека за тебе е, нека ти биде :)

Бидејќи е нов еон - затоа Телема. Бидејќи сум Телемит и Телема не ме ограничува, бидејќи сум приморан да ги знам туѓите учења иако можеби нема да се сложам со нивните етичко/морални идеи и ограничувања под превезот на божественото. И за ова имам зборувано на блогот под наслов За Телема, Новиот Еон, Сонцето и спротивставеностите.

Никој не ја узурпира Телема и да вели моја е - сите знаеме од каде доаѓа Законот на Телема - кога велам сите, зборувам за Телемити, не за профани кои читаат сешто по нет, од било кој - дури и од мене и тоа им е доволно :)
Секој може да го практикува Законот на Телема - по последиците се знае што и како е разбрано и дали мудро е употребено.
Бидејќи има симболи и симболи...

И сите знаеме дека ќе заврши оваа Телема - и ќе дојде друго време. Единствени сме во тоа - не проповедаме крај на човештвото, страв и смрт и останати нешта од стариот еон каде што култот кон умирачките богови беше врвот...

Не можам да ти цитирам евреите ко тебе, ако не зборувам за еврејскиот мистицизам... не може да го оправдувам христијанското мешање во нештата со оригиналните мисли на евреите. Нема смисла...

И не ми одговори зошто библијата ако и другите зборуваат исто... можеби бидејќи не е толку баш исто нели? :coffee:

П.С. Јас ништо не владеам освен себе си :love:
 
Последно уредено:

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Не е. :)

И тебе ти е тешко да толкуваш од други книги - не ти се познати... не си ги читал, не знаеш што зборуваат. Ти ќе ги искасапиш во обид да се протнат во твоето разбирање на библијата - таа ти е репер за се... никако обратно :)
Но штом сметаш дека за тебе е, нека ти биде :)

Бидејќи е нов еон - затоа Телема. Бидејќи сум Телемит и Телема не ме ограничува, бидејќи сум приморан да ги знам туѓите учења иако можеби нема да се сложам со нивните етичко/морални идеи и ограничувања под превезот на божественото. И за ова имам зборувано и потоа собрано на мојот блог под наслов За Телема, Новиот Еон, Сонцето и спротивставеностите.

Никој не ја узурпира Телема и да вели моја е - сите знаеме од каде доаѓа Законот на Телема - кога велам сите, зборувам за Телемити, не за профани кои читаат сешто по нет, од било кој - дури и од мене и тоа им е доволно :)
И сите знаеме дека ќе заврши - и ќе дојде друго време. Единствени сме во тоа - не проповедаме крај на човештвото, страв и смрт и останати нешта од стариот еон каде што култот кон умирачките богови беше врвот...

Не можам да ти цитирам евреите ко тебе, ако не зборувам за еврејскиот мистицизам... не може да го оправдувам христијанското мешање во нештата со оригиналните мисли на евреите. Нема смисла...

И не ми одговори зошто
Не е ист човек, на било кој дел од светот?:)

Знаеш зошто не ти е ист?
Го гледаш од позиција на време спрема време , а не од вечност спрема време.

Зошто?
Зошто библија?
Зошто текстовите "држат" многу човечки души.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom