Многу летате со паметот, без навреда, ама ракометно сте заглавени во 90тите, ваљда дека повеќето сте постари и мислите дека ракометот уште се игра како во годините кога бевте најсилни како клуб.
Пелистер ниту има школа (ниту еден играч не е ваше дете во сегашниов тим), ниту пак играчите се битолчани за да се палат како што мислите дека ќе се палат вие (повеќе скопјани имате во екипа
) ако има тренер битолчанец, ниту пак Шундо или Јовиќ се тренери за поголеми достигнувања.
Пишав и во темата на РК Вардар, со овие состави, не со Шундо, со Папата на клупа треба титула да земете.
Срамота е на толку фрлени пари да не ја земете титулата.
Прашањето која ви е стратегијата ко клуб. Со Шундо ќе градите европска екипа?
Бидете реални, Бабиќ и Валтер не успеаја ништо да направат во европски рамки, не па дуо ко Јовиќ и Шундо. Знам дека Шундо е препосветен на работата, ама се мислам дека новата сезона ќе ви донесе нови разочарувања кога амбициите на клубот нема да соодвествуваат на остварените резултати.
Кога дојде Валтер до небо скокавте, се правеа мемиња со слики од филмот Валтер го брани Сараево итн.
Ама на крај исплива на површина лошата селекција на играчи, немање компас на клубот, играчите донесени пред да биде назначен тренерот итн.
Странските играчи сакаат да работат со попознати тренери и голем дел од нив потпишуваат кога знаат дека ќе има добар проект, со добар тренер, добри финансии итн.
Тоа ти е како да очекувавме дека со Кастратовиќ или Доне ќе земеме титула во ЛШ. Русите дојдоа ради Самс, шпанците ради шпанските тренери, балканците ради добриот проект. Што ме дојде сега некој? Сигурно сакаат Бутинот да им биде тренер.
По мене, добар е потегот што го сменивте Валтер, што го одбравте Шундо, ама само ако ја води екипата до крај на сезона. Дека иден проект треба да градите со ова дуо, тоа само ако плафон ви е освојување македонска лига и Ф4 во Сеха лига.