и ти многу го цепидлачиш ваква заклетва те онаква заклетва.
А што мислење имаш за модерниве медицинари кои на-големо работат во индустријата на “најди си потребен орган“, велат најпреспективна гранка било ова модерна медицина. Тоа што некои говорат дека на живи луѓе им ваделе тоа... ,не верувајте тоа се злобници и завидливи луѓе.
Како сакаш гледај си на работите, медицинските лица даваат Хипократова заклетва која гласи:
" Во часот кога станувам еден од членовите на лекарската професија свечено ветувам дека мојот живот ќе го посветам во служба на хуманоста;
Кон своите учители ќе ги зачувам благодарноста и почитта кои им ги должам;
Својата професија ќе ја извршувам совесно и достоинствено;
Најголема грижа ќе ми биде здравјето на болните;
Ќе ги почитувам тајните на тие кои ќе ми ги доверат;
Со сите свои сили ќе ги одржувам чесните и благородните традиции на лекарската професија;
Моите колеги ќе бидат мои браќа и сестри;
Во вршењето на моите должности кон болните нема на мене да влијаат никакви предрасуди, етничко потекло, пол, вера, националност, раса, сексуална ориентација, политичка или класна припадност;
Апсолутно ќе го почитувам човечкиот живот од самиот почеток;
И под закани нема да дозволам да се искористат моите медицински знаења спротивно на законите на хуманоста;
Ова го ветувам свечено, слободно повикувајќи се на својата чест. "
Па ти повели прави си математики за цепидлачење и за што ти душа сака.