Здраво на сите.
Ве молам препорачајте домашен брокер за тргување во странство.
Гледам дека оваа услуга ја нудат Комерцијална, Стопанска, НЛБ и Шпаркасе банка.
Ваши искуства, која од нив е најповолна во однос на провизиите?
Ги гледав тарифниците и морам да признам дека не ми се баш јасни... Покрај брокерска, имаат провизија за чување, стварни трошоци...
Јас лани ова време правев некои споредби на КБ, НЛБ и Шпаркасе, и од овие три НЛБ искочи најевтина заради тоа што наплаќаат 3000 денари годишно провизија за чување, додека КБ и Шпаркасе беа околу 6000. Провизиите за трансакции, барем според ценовниците им се горе-доле исти.
Инаку да, тотално се согласувам дека ценовниците им се комплетно бескорисни, и едноставно не можеш да пресметаш колку провизија ќе ти земат пред да се пробаш. Во мое искуство, НЛБ земаат околу 30-50 евра по трансакција (купи/продај), а колку што сум запознаен сично се движат провизиите и кај другите. Вакви високи провизии те форсираат да правиш поретки и поголеми трансакции, што се коси на генерално прифатената Dollar Cost Averaging стратегија, и е поризично.
Дополнително на ова, трејдовите не ти се во real time, туку треба да му пуштиш налог на брокерот по меил, па да ти се јават да потврдат, па којзнае кога ќе ја направат трансакцијата, некогаш се случува сабајле да пуштам налог за продажба, а тој да биде реализиран после 5 саата... И како што кажаа другите, единствена опција за трејдање ти е од 8 до 16 часот, а Американската берза отвара во 15:30, така да го пропушташ целиот ден на берзата, и единствена опција ти е да трејдаш во пре-маркет.
Имајќи ги пробано и НЛБ брокер, и ИБКР, дефинитивно препорачувам ИБКР. Провизиите се $1 од трансакција, немаш дополнителни трошоци за чување сметка, имаш real-time достап до трејдање во секој момент, имаш апликација за тракување на портфолиото, и целиот процес е доста помодерен од античково емаил трејдање што НЛБ го нуди.