Дежурна Ординација! #2

Член од
16 декември 2012
Мислења
2.749
Поени од реакции
7.268
Јас не знам, што му треба таа работа?

Ама ете начекале територија на село без кучиња каде нема даскали по "јазикот кој со зборува на територијата на ////////" и сега при дефицит на кадар за таа тема, а темата за медицина е веќе "средена". Дојде време и правописот да го средуваат во село каде јазикот систематски се уништува (дикција ко Секуловска, спикер на Алфа вести, портали кои користат еден куп зборови кои врска немаат со литературен јазик ниту па дијалект)

Биџонс, кој те учеше македонски јазик, заборавил да ти каже каде и кога се користи литературен а каде дијалект. Се мислам дека многу работи не ти кажале, себични бе!
Моето одушевување не се однесуваше само за @bijons. Фрапиран бев што во еден момент три медицински лица влегоа во костец за правописот наш, македонски
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.281
Поени од реакции
9.061
Моето одушевување не се однесуваше само за @bijons. Фрапиран бев што во еден момент три медицински лица влегоа во костец за правописот наш, македонски
Има иднина во државата наша.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.378
Поени од реакции
5.527
Имав пад денес и ја набив раката, целата ми е здрвена. Во градска ме снимаа и немам скршеници ама ме баталија за минута ни совет ни ништо.
Некое искуство со набиена рака? Колку време треба за да се опушти раката?

Ми се случи во најлош период, кога имав битни работи на професионален план, па се надевам некако да ме пушти до понеделник.
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
961
Поени од реакции
485
Имав пад денес и ја набив раката, целата ми е здрвена. Во градска ме снимаа и немам скршеници ама ме баталија за минута ни совет ни ништо.
Некое искуство со набиена рака? Колку време треба за да се опушти раката?

Ми се случи во најлош период, кога имав битни работи на професионален план, па се надевам некако да ме пушти до понеделник.
Најчесто ако нема ништо поминува само од себе, сепак не знаеме како си паднал но тоа може да ти предизвикува и симптоми и потоа на пример при поголем физички напор.
Можно е да имаш Peripheral nerve injury кој вклучува повреди при пад на пример ако ги истегнеш, набиеш(компресираш) нервите на раката.
Како и да е можеш да пробаш и со некоја маст ако е проблемот само од тоа.
 

AAbrat

*******
Член од
28 октомври 2015
Мислења
743
Поени од реакции
1.699
Имав саботата вечер некој пад, небитно, неделата примив вакцина против тетанус ради што бев исечен на брадата... Веќе еве е втор ден и ме боли на местото кај што примив вакцина? Нормално е ова ? Можеби е ради во спиењето да се имам потпрено на таа рака ама еве денес многу ме боли на тоа место како да ми е здрвено.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.797
Поени од реакции
37.801
Антитетанус вакцина - Toxoid

Имунопрофилакса против тетанус кај повредени лица се спроведува со вакцинирање со токсоид вакцина и со хуман антитетанус имуноглобулин (серум Тетагам) и тоа по правило :

1. Лицата кои се потполно вакцинирани и ревакцинирани против тетанус за својата возраст, а од последната доза до повредата не поминале 5 години, не добиваат никаква вакцина, ниту серум.

2. Лицата кои се потполно вакцинирани и ревакцинирани против тетанус за својата возраст, а од последната доза до повредата поминало над 5 години, а помалку од 10 години, добиваат само една доза вакциина веднаш после повредата, а не добиваат серум.

3. Лицата кои се потполно вакцинирани и ревакцинирани против тетанус за својата возраст, а од последната доза до повредата поминале повеќе од 10 години примаат вакцина и серум, антитетанус вакцина и серумот се даваат истовремено и интрамускулно во спротивниот екстремитет.

4. Лицата кои примиле помалку од три дози вакцина продолжуваат со вакцинација до комплетирање на базичното вакцинирање (растојанието меѓу дозите да не е помало од еден ниту поголемо од 3 месеци) и примаат и серум.

... според изнесеното би требало да видиш дали навистина спаѓаш во втората група, каде при повреда е добива во моментот САМО антитетанус вакцина, но не и антитетанус серум.

...од кога веќе се аплицира само антитетанус вакцината на рака точно на делтоидниот мускул не подоле не настрана, не би требало да се има некои несакани реакции како болка на местото на боцкање, можеби следниот ден и толку, секоја подолга болка од дента и следниот, можеби да е од начинот како сестрата ти ја аплицира вакцината.

Appropriate-location-for-vaccine-administration-in-the-deltoid-using-the-acromion-as-a.jpg hqdefault.jpg

- фотографијата покажува во зелениот круг, место на правилно ставена вакцина (било која), а црвената ѕвезда каде НЕ би требало да се стави, ама на жалост скоро никој не внимава (или не се едуцирани) како се става вакцина.

„...по инјектирање на вакцината, може да се почувствува болка во рацете или вкочанетост во рамото, а повеќето луѓе, болката и отокот ќе траат само ден или два, а потоа ќе исчезнат, други, пак, ќе имаат силна и изнемоштена болка во рамото од вакцина која трае со недели, месеци, па дури и години, тоа едноставно не исчезнува, иако овие случаи се ретки се препознваат како повреда на рамото поврзана со администрацијата на вакцини т.н. SIRVA.
...тоа може да се случи кога вакцината се дава премногу високо на раката или се инјектира премногу длабоко во рамото. Како резултат на тоа, иглата на вакцината продира во капсулата на рамото, наместо во делтоидниот мускул, па следуваат воспаление и болка во рамениот зглоб...“

заклучок? бoлка не е „нормална појава“ кога нешто не чини телото реагира и дава сигнал со „болка“, во овој случај болката би била прифатлива поради боцкање (влез на игла) во мускулот, во граница на прифатливост болка при вакцинирање дента на аплицирање на вакцината и евентуално следниот ден, но не со здрвување следниот ден па со уште посилни болки кои ќе се задржат денови и недели, тоа веќе не е нормално и причината ја кажавме.
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
5.225
Поени од реакции
6.277
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
961
Поени од реакции
485
Дали ако една особа има 10+ кг пример да е 175/85 кг спаѓа во overweight но да нема сало да е фит и со мускули, natural вез стероиди и слично
Па прашањето ми е од здравствен аспект дали и ваква "дебелина" прави проблем за срце, регулација на шеќер и слично.
Дека сепак спаѓа во obese/overweight.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.797
Поени од реакции
37.801
Дали ако една особа има 10+ кг пример да е 175/85 кг спаѓа во overweight но да нема сало да е фит и со мускули, natural вез стероиди и слично
Па прашањето ми е од здравствен аспект дали и ваква "дебелина" прави проблем за срце, регулација на шеќер и слично.
Дека сепак спаѓа во obese/overweight.

...дополнително се земаат во предвид и годините!
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
961
Поени од реакции
485
Ок значи пак е overweight или не...

An athletic adult with a lot of muscle may have a high BMI but not be overweight. This is because BMI can’t tell the difference between fat and muscle.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.745
Поени од реакции
27.745
дали и ваква "дебелина" прави проблем за срце, регулација на шеќер и слично.
Па не знам, ти вака што мислиш, тежина од сало и сало внатре измеѓу органи, исто смета колку тежина во мускул?
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
961
Поени од реакции
485
Па не знам, ти вака што мислиш, тежина од сало и сало внатре измеѓу органи, исто смета колку тежина во мускул?
Финтата е дали смета, а не дали повеќе или помалце...и јас претпоставувам дека помалце смета мускул од сало.
Сепак со 10кг плус правиш стрес и на 'рбет,нозе,колена...
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.788
Поени од реакции
5.063
Ок значи пак е overweight или не...

An athletic adult with a lot of muscle may have a high BMI but not be overweight. This is because BMI can’t tell the difference between fat and muscle.
Затоа има Lean Body Weight, waist to hip ratio i fat pracentage. Обично се употребуваат кај спортисти.
 
Член од
5 април 2014
Мислења
53
Поени од реакции
27
Здраво, да не случајно знае некој Амикацин антибиотик каде може да се купи. Ми препишаа инјекции, никаде ги нема.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom