Според мене, баксузи ве стрефија вас оваа година. Но сепак, мора и да бидете реални, а често не сте.
Бабиќ и Ларс се добри тренери за екипа од ваше ниво. Сепак, во ракометниот свет, ова се колку-толку етаблирани сериозни имиња. Повисок калибар, тешко да донесете. Ова е лоша сезона за вас, сега за сега, зошто лоша форма ве погоди, повреди ви се наредија, може нема хемија во екипата и слично. Ама па и хемија не се ствара така, не може тренер сам да ја направи. Често тоа е сплет на околности и не се контролира баш. Лани имавте подобар колектив, и тренерот мислам дека ви беше повеќе на место според мене за оваа средина. Сепак, не може тренер магија да прави. Вие тотален ремонт направивте лани, и сега ако ја изгубите титулата, ќе правите поголем. Тешко се функционира така, а и тешко се носат солидни играчи. Мора да се разбере дека некои работи не се баш во контрола, и ќе има периоди кога ќе биде добро и лошо, и тоа е малку надвор од контрола на сите.
Некои одлуки на тренери и кај нас и кај вас, навивачи не разбираат, ама најчесто има некоја логика позади нив која ние не ја знаеме. Екипите ги водат луѓе кои многу подлабоко се навлезени во спортот од нас, и да се прави дека они се будали е безвезе. Грешат, да, ама во ретроспектива лесно е да се суди, поготово кога не си имаат сите информации зошто ги носеле нивните одлуки, кои они мора да ги донесат под притисок.
Мене ми се гледа дека Ларс ќе си оди на крај на сезонава. Ако ја изгубите титулата 100%. Ама, како случајот лани, не значи дека ќе се донесе нешто подобро. Ќе се донесе некое име, ентузијазмот ќе биде голем на почеток, и после ќе се види на што сте,