Има. Но кај ова познативе фаци, мнозинство работи се вештачки. Навлаки на заби, перики, трансплантации на коса, шминки, ситна операција ваму/таму, лекарства. Ретко кој е природен. Нека не се лажат луѓе. И на филмови/серии ги помладуваат дигитално, им бришат брчки. Пред некоја година имав прилика да го видам Џони Деп, и ќе кажам дека човекот си делуваше повеќе од прописно накај 60ка. Дури, пензионери кај мене во мало имаат подобра кожа од него. Така што, многу од тоа што се пласира е илузија. Селектирани слики, модифицирани, шминки, и процедури. Фаци имаат публицисти, не одобруваат било која слика да циркулира во јавност. Некои се местени ко пожем случајно сликани, итн. Се тоа само ствара лажна слика кај раја, и притисок за изглед кој е тешко достижен. А прашање е дали и времето и парите потрошено да се постигне вреди за просечен човек.