“Бугарите се насилно покрстени Турци по 1878 година. Значителен дел од Бугарите немаат бугарско потекло, тоа е објективен историски факт. Овој процес на асимилација не започнува од времето на комунистите. По т.н. ‘ослободување’ од 1878 година (м.з. Санстефанскиот мировен договор од 3 март 1878 година после Руско-Отоманската војна 1877-1878 година), започнува процесот на присилна асимилација. Стотици илјади Турци се насилно покрстени во Бугари од страна на Турците. Пред руските топови оделе руските свештеници кои го вршеле покрстувањето, тој што не го прифаќал крстот бил протеруван или ликвидиран. И внимавајте, станува збор за две третини од вкупното население на сегашна Бугарија! Целта на Русите била слична со настаните во Македонија и т.н. македонски етнос денес. Прво, од Турците да направат ‘Бугари’, а потоа од Бугарите – Руси. Слично на ова, Србите ги измислиле Македонците за потоа да станат Срби. Погледнете само во колку градови и села кај нас има џамии, а таму нема Турци. Зошто е тоа така? Кој би градел џамија во христијански град? Се разбира, во тие градови немало христијани, туку муслимани и Турци, со сила не’ асимилирале во Бугари. Бугарската етничка група побегнала од Бугарија со отоманската инвазија, вистинските Бугари се претопени во други словенски народи, таму каде што емигрирале – во Полјаци, Чеси, Руси… Зарем не го гледате позитивниот однос меѓу Бугарите и Турците, и покрај пропагандите, ги почитуваме и ги чувствуваме за блиски, бидејќи сме една крв која се’ уште се вирее. Во нашето минато мораме искрено да погледнеме и да ја признаеме вистината. Се разбира, никој нема со сила да биде деклариран за Турчин денес, работите ќе си останат такви какви што се. Но, мора на вистината да и’ погледнеме во очи, а не да се правиме лажни братучеди со Русите.“