Да споделам една случка од основно, значи имавме 12-13-14 години. Имаше период кога ниедно женско од класот не можеше да стане од стол без да биде опкружено и буквално нападнато од машките во класот. Најчесто ќе те пикнеа во некој ќош и следуваше фаќање по сите интимни делови. Не можам да опишам колку и ова, за некој смешно, ги трауматизираше на некои. Значи имаше и моменти со плачење, зборуваме за девојчиња од 13 години кои одеа на ШКОЛО, безбедна околина.
Дете ко дете, срам ти е да им кажеш дома. Ко ти да си крив. Се собравме женските, и кажавме на класната. Одговорот беше “Абе тоа се хормони, нормално е тоа, ќе помине”. Жената не се ни потруди да го спомне како проблем, ни пред класот, уште помалце пред родителите. Возрасна жена од 40 години, најверојатно која ги поминала нејзините тинејџерски години во 70ти-80ти, кај шо според кажувањава вакво однесување било скроз прифатливо, ни кажа дека е ок неколку пати во денот да сме пикнати во кош додека некој не држи и се изживува врз нас. Пошо ок е за машките, тие имаат хормони. Така се прават фраери. И во каква индивидуа очекуваш ти утре да израсне машко кое уште на толку рана возраст добива ветар во грб дека вакво однесување е во ред? Публиката на Лазаров се воглавном тинејџери, каков заклучок треба да донесат од видеово?
Најголем дел од воспитувањето доаѓа и од дома, но родителите најчесто не се ни приближно свесни со какви секојдневни предизвици се соочува еден тинејџер. Ако барем 50% од родителите после видеово ќе седнат да разговараат со децата, да им објаснат шо е/шо не е во ред, тогаш за мене тоа е огромен успех. И тоа е реално најважниот takeaway од целава несреќна случка. Возот и за Латас и за Лазаров одамна заминал, и правниот и моралниот.