До и Од модераторот на подфорум Религија

Член од
3 мај 2019
Мислења
19.107
Поени од реакции
10.138
Назад-напред се исто, но гледам форумов тапкал во место.
Слабо ја движиш водата?

п.с.не ме цитирај по темите на игнор си.
Аххх бе Алф душо, ај подобро да си признаеме дека сме мрзеливи, нејќеме да научиме нешто ново...па ние нашата вера не си ја знаеме, нашата библија не сме ја прочитале, а не пак да учиме за други религии...станавме проклет народ полн со омраза, настрвени еден кон друг и едвај чекаме да се зајадеме со некого, на некој недолжен да му го исфрлиме насобраниот бес за кој немаме ни појма од каде ни се всадил во душата.
Хепта е потполно во право и алал нека му е што издржа храбро сиве овие години да ги трпи нашите навреди, да ја чита нашата омраза кон телемата...а зошто....и тоа од едни дудуци кои немаат појма што е телема...сме читнале нешто и ај сега флај дрва и камења по него.
Секогаш културно не освестувал дека се мешаме каде што не ни е место, ама ние поупорно го напаѓавме, докажувајки колку всушност сме празноглави(мислам за знаењето во врски са религиите идр).
Водата да се движи треба добра и здрава силна воденица, ама Хепта е само добар воденичар кој не успева од нас да изгради добра воденица која ке ја движи водата.(трули сме очигледно):)
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.136
Поени од реакции
12.116
@pozdrav eden topol - целта е да се каже како ете пак некој Телемит е виновен за се и сешто и како не бидува нештото токму заради него (и со суптилна скриена навреда меѓу редови да навредиш некој). Сум ги избркал сите иако не знам како може јас да избркам некој од форум ако нечија волја е да пишува тука и да дискутира :)

Не знам зошто некој го боли што друг има време, нерви и знаење да пишува на СВОЈ блог и истиот да го споделува на форуми кои токму зборуваат за нешта кои ги има на тој блог, само опширно или со линкови дополнети мисли... омраза, завист, непребол? :)

Насила јас не можам да привлекувам луѓе да пишуваат на теми поврзани со Религија. Исто не можам како што правеа претходните модератори, отварајќи теми за Исус дали јадел грав, дали Исус бил закован наопаку и слични теми... ги има и тие теми кој му е до тоа, може да пребара и да почне да пишува, ако некои теми застанале од пред 5 години!

Овој подфорум е многу поосетлив, дури и од подфорумот Политика и не може некој насила или со „бајки“ да го натераш да дојде и да зборува за нештата поврзани со религиите и духовниот/внатрешен пат. Тука се кршат копјата но не со навреди, туку со познавање на своето верување и искуството кое се има, како и теоретските познавања на сите други учења... ако немате време за студирање на човештвото, тоа е само ваш проблем, не е ничиј друг.

Таа потреба некој да зборува за религиите и духовните учења и иницијаторски струи го имаат малкумина и е сосема во ред... подобро малкумина со добри муабети, отколку врева како на пазар и разбирање минимум!

Кој има што да каже и да дискутира на подфорумот Религија - е добродојден. Насила ништо... тоа е Телемитска ствар: секој мора сам да знае за што е и зошто е, без компромис.
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Благодарам за моќта што ми ја даваш со овој став.
Можам сите да ве избркан од религија форумот, дури и тебе :LOL:
Сакаш јас да заминам? Тоа не може освен кога ќе дојде точното време за тоа, кое не зависи од тебе

Јасно беше дека од 100 луѓе 5 реално знаат било што за религиите. Препрочитај ги текстовите на подфорумот и ќе видиш.

Сами си заминаа бидејќи сфатија дека не може сешто да се зборува пред секој.
Ги иритира тоа некој да им укажува на незнаењето што го имаат и за своите религии (историски), а со тоа и набилданата омраза кон туѓите учења од кои абер немаат.

Доброволно заминување бидејќи нема што да зборуваат кога дојалогот ќе стане сериозен.

Ако за некои религиите се комедија, за други се многу сериозна ствар. Ќе мора машки да издржат кога некој сериозно им зборува или ќе си заминат. Имаат живот надвор од тука, посекако.

П.С. јас сум Телемит и за Телма најмногу можам да зборувам. Ти како постојано зборуваш за библијата и убедуваш луѓе дека сите други погрешно ја толкуваат истата?
Омразата намали ја кон Телема и кон мене, сепак ова е форум, омраза имаш кон виртуелни нешта.
Ти најде да збориш за сериозен моабет во религија.

Хронолошки, го придоби Атеист да можеш да ги вадиш од такт членовите со своите термини "што се лигавиш, ми дотрча,седни загреј столицата,линкови од блогот, користење гнасен речник" и буткање на секој пост телема кај што не се соодветни теми за тоа.И кога ќе добиеш контра реплика на ниво од твојот лигав став,стискаше пријави.Глумеше светец , а Атеист ти беше послушен со што банираше и казнуваше членови.Успат и она шпиунчето изигра телемитски.

Во тој период најголем број членови се откажаа од учество во дебати, следно презема модераторство и јасно стана дека нема квалитетни муабети да се водат.
Еве прегледај го форумов и кажи колку активни членови учествуваат во дебати, колку нови теми се отворени?

Ти си телемит.Добро ... И?
Пред телемит , овде си модератор,како модерираш ,како привлекуваш нови членови(не потенцијалнии телемити),туку членови на форумов?
Им проповедаш телема,бидејќи си телемит?
Ајдебе Хепта!
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.998
Поени од реакции
83.376
Погрешен чекор беше Хепта модератор да се стави, али немаше друг.

Исто и оној Залтикчевичиус или како кур да се вика, што го стаиле за супермодератор е исто срање. Али тоа покасно ќе го сконтате.
И двајцата ги прекршуваат овластувањата за сметка на лична идеологија. Бришат он топик постови или ги уредуваат по свое (ова последново Хепта го прави).

Али немет љуѓе ваљда, па дај шта даш.
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Аххх бе Алф душо, ај подобро да си признаеме дека сме мрзеливи, нејќеме да научиме нешто ново...па ние нашата вера не си ја знаеме, нашата библија не сме ја прочитале, а не пак да учиме за други религии...станавме проклет народ полн со омраза, настрвени еден кон друг и едвај чекаме да се зајадеме со некого, на некој недолжен да му го исфрлиме насобраниот бес за кој немаме ни појма од каде ни се всадил во душата.
Сонце, излези од темнината на мислите.Зарем немаш една светла точка која ќе те води?Ако читаш само црни хроники,такви и мислите ќе ти станат.
Хепта е потполно во право и алал нека му е што издржа храбро сиве овие години да ги трпи нашите навреди, да ја чита нашата омраза кон телемата...а зошто....и тоа од едни дудуци кои немаат појма што е телема...сме читнале нешто и ај сега флај дрва и камења по него.
Секогаш културно не освестувал дека се мешаме каде што не ни е место, ама ние поупорно го напаѓавме, докажувајки колку всушност сме празноглави(мислам за знаењето во врски са религиите идр).
Водата да се движи треба добра и здрава силна воденица, ама Хепта е само добар воденичар кој не успева од нас да изгради добра воденица која ке ја движи водата.(трули сме очигледно):)
Хахах, што збориш?
Културно не освестувал!!??!?o_O

Хепта ја замати водата,а кога некој извор е заматен, никој не доаѓа од него да пие!
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.107
Поени од реакции
10.138
кога некој извор е заматен, никој не доаѓа од него да пие!
Само умен човек нема да се напие, но ќе се обиде да пронајде од што се заматила и ако има можности да ја разбистри.
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.107
Поени од реакции
10.138
На Хепта клоците, @pozdrav eden topol модертор да го разбистри изворот(форумот).:icon_mrgr:
Батали сега шалите, Хепта е добар модератор, можеш да се лутиш колку сакаш...и ти да беше на негово место, исто така ќе функционираше форумот.:backa:
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.136
Поени од реакции
12.116
Пак ми даваш моќ дека можам да влијаам и на тебе и на сите други да си заминат а тие толку многу сакале да останат на подфорумот Религија.

Ако толку на некој му е дојдено до религии и верувања и да зборува за тоа, сите богови да дојдат и не знам што да прават против него, човекот ќе си зборува за религиите и она во што верува. Така да, тоа што те боли што Телемит е модератор е твој проблем. Нема вечно да сум модератор, што се нервираш.

Пред се јас сум човек, потоа се останато... а не прво модератор! Функциите ти се најбитни тебе во однос на човекот по се изгледа.

Дека сум правел грешки, сум правел и сум признавал и сум поправал каде што можело, сепак сум човек. А тоа дека ти ќе ми наоѓаш маани - тоа е јасно како ден. Ти ја зафркнав тезата дека си пророк и дека ти најдобро толкуваш свети книги кои нели, не треба да се читаат, во книгите нема тоа што господ ќе ти каже на сон! :) Дури и слатки јадење за Телема за која самиот си призна дека не знаеш ништо бидјеќи не сакаш да читаш книги. А библијата што ја читаш и толкуваш е... не знам, не е книга изгледа...

Затоа, наместо да се заморуваш со мене да ме критикуваш за форумот зошто никој не пишува и да ми даваш моќ која посекако ја немам (А би било добро да ја имам изгледа), зафати си тема која мислиш да ја дискутираш (ако има таква), па да ти дојдам да си помуабетиме на тие теми, да ти објаснам за нештата. за изворот, за егото на човекот дека е извор и секој може да пие од него, за забегувањата и фрустрациите кои религијата може да ги создаде кај еден верник итн инт... ќе ти дојдам како сенка на тие теми... и ете ти дискусија и ќе живне форумот!


Слободно кој сака и има идеја за теми, нека отвара. Бидејќи ако јас отворам теми ќе биде по мене стапот ете отвара без врска теми само колку да има теми отворено на подфорумот! Нели...
:)

Затоа се форумите, секој да зборува и да се дискутира... оди пишувај и сподели го твоето знаење за да можеме да го критикуваме и дискутираме. Ќе живне форумот... и тоа веднаш!
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.136
Поени од реакции
12.116
Да но бранејќи го Хелиоцентризмот изгледа пред да бидеш човек си настанал од некој вид на шимпанзо или горило. Види телемата дали проповеда за "еволуција" или можеби само за овулација :pos:
И сега за тука е муабетов или за друга тема? Ајде кажи ми како да модерирам вакви обиди за навреди од страна на христијанин кој што полн со љубов, разбира се и има емпатија кон се што живее?

Сега треба да барам тема каде ќе оди ова... а непотребно напишана навреда.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.107
Поени од реакции
10.138
И сега за тука е муабетов или за друга тема? Ајде кажи ми како да модерирам вакви обиди за навреди од страна на христијанин кој што полн со љубов, разбира се и има емпатија кон се што живее?

Сега треба да барам тема каде ќе оди ова... а непотребно напишана навреда.
банирај бе Хепта, како што знаете за мене да правите...
 

The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
4.918
Поени од реакции
9.618
Сега треба да барам тема каде ќе оди ова... а непотребно напишана навреда.
Извини ако те навредив нешто избришав пост јас само се обидувам да најдам поврзаност помеѓу телемата и Хелиоцентризмот. Вака обидувајќи се да го напишам зборчето телема ми се појавува зборчето "телесната" па некако интуитивно си поврзувам дека попрво телемата те води кон телесното отколку кон духовното. Нели : "Do What Thou Wilt"
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.136
Поени од реакции
12.116

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Батали сега шалите, Хепта е добар модератор, можеш да се лутиш колку сакаш...и ти да беше на негово место, исто така ќе функционираше форумот.:backa:
Сонце,како зклучи дека Хепта е добар модератор?Си го погледнала форумов?
Еден пост на 7-8 дена,,ејј ЕДЕН пост и тоа напишан од него.
Кого тоа модерира,самиот себе?Да,добар модератор е на самиот себе!:facepalm:

Ако има голема посетеност, многу дискусии во различни теми,а со тоа и работа за модераторот,тогаш може да се оцени степенот на модерирање.Таква ситуација немаме! Со тоа ниту можеме да кажеме дека е добар или лош,не пливал во такви води!
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.107
Поени од реакции
10.138
Сонце,како зклучи дека Хепта е добар модератор?Си го погледнала форумов?
Еден пост на 7-8 дена,,ејј ЕДЕН пост и тоа напишан од него.
Кого тоа модерира,самиот себе?Да,добар модератор е на самиот себе!:facepalm:

Ако има голема посетеност, многу дискусии во различни теми,а со тоа и работа за модераторот,тогаш може да се оцени степенот на модерирање.Таква ситуација немаме! Со тоа ниту можеме да кажеме дека е добар или лош,не пливал во такви води!
Можеби си во право, што знам, оти ми текнува како некои членови се однесуваа пред да бидат поставени како модератори, а како откако ги поставија на таа позиција...не е битно, Хепта го пратам со години исто како тебе, знам и на двајцата колку ви е долг фитиљот;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom