Подно греење - предности и недостатоци

Член од
19 ноември 2022
Мислења
7
Поени од реакции
1
Дечки, заинтересирана сум за подно под плочки, читам последниве неколку дена и искрено се изначитав позитивни и негативни коментари. Не е за мене, мене не ми е проблем да газам на ладна плочка, размислувам понатаму за дете. Колку е од прилика потрошувачката, пошто не е баш ефтино да се намести. И ако имате некои што работат со ова да ми предложите, или на фб да разгледам и да се распрашам директно.
 
Член од
7 октомври 2014
Мислења
66
Поени од реакции
67
Дечки, заинтересирана сум за подно под плочки, читам последниве неколку дена и искрено се изначитав позитивни и негативни коментари. Не е за мене, мене не ми е проблем да газам на ладна плочка, размислувам понатаму за дете. Колку е од прилика потрошувачката, пошто не е баш ефтино да се намести. И ако имате некои што работат со ова да ми предложите, или на фб да разгледам и да се распрашам директно.
Здраво, помина некое време, но сепак го пишувам мојот одговор и се надевам дека ќе им помогне и на други луѓе. Јас користам подно греење од крајот на 2017 година. Најкратко кажано, нема ништо подобро од тоа. Секој агол од куќата е топол, без разлика дали е бања или дневна соба. Подното греење не е непријатно за стапалата. Всушност, воопшто не се чувствува топлина која доаѓа од подот. Подот едноставно не можам да го наречам ладен, но исто така не е ниту многу топол како што некои луѓе мислат дека одоздола доаѓа топлина. Не е така.

Голема предност на подното греење, која го прави ненадминливо, е што функционира како огромен топлински акумулатор. Со тоа можеш да заштедиш пари, греејќи за време на евтините тарифи, а преку ден само малку ја контролираш температурата за да не се излади многу системот. Кај мене, во јануари греењето работи на 80% со евтина струја.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom