И Мкд_владе ти кажа, нигде никогаш не ми одговара на напаѓачот долга војна. Не постои сценарио кај што на некој му одговара да гори купишта пари и животи, заглавен во калта во ровови околу некое гратче. Посебно во сценарио кај што од спротивната страна има 40 земји заедно кои се многу многу побогати од него и со пософистицирана технологија.
На Русија и требаше Кримско сценарио. Молскавично брзо остварување остварување на воените цели им после менаџирање на санкциите истовремено со преговори со Украинците. Ама бидна баш спротивното на сето тоа.
Не знам зашто мислите дека западните земји се загрижени за војната. Моментално Русија троши стотици војници кои гинат од западни оружја за да освои една нива со марули кај Угледар и една трафика за цигари во Бахмут. Да сакаа не можеа да се надеваат на толку добро сценарио западњаците.
Или па тактиката дека ќе им го трошеле западното вооружување и демилитаризација на НАТО
Русите решиле да фрлаат еден куп тела во калта кај Бахмут за да го трошеле западното оружје. Не ви звучи тоа малку сулудо коа ќе го напишете? Знаете дека оружје откога ќе се потроши може пак да се произведе во фабрика?
Не се сложувам со таа теорија. САД водеше војна во Авганистан 20 години. Сигурно нема ресурси за да им се исплати. Да не збориме за Виетнам и така натака. Е сега исплатливоста на војната, неможе секогаш да кореспондира со ситуацијата. Што е поентата, ако не им се исплати да не се борат? Не, туку само да ја прилагодат војната да им биде поднеслива, што всушност и прават. Керсон, Киев и Харкив им беше преголем фронт за да одржуваат, затоа се повлекоа на покомпатно место, каде што ќе е полесно за нивната логистика, пошто да не се лажеме, не е Русија Америка, па да може да си игра како што сака. Едноставна е равенката, Русија е влезена all-in уште првиот ден на војната, влегле во оној момент, кога се осигурале дека санкциите нема да им наштетат, влегле во оној момент кога собрале доволен број муниција за да можат да делкаат без никаков проблем. Влегле свесно во долга војна. Сите индикации зборат за тоа. Па затоа приказните, се заебале, не мислеле така не мислеле вака. Ако се заебале, војната ќе завршеше во оној момент кога се заебале. Не е ова ловно друштво Стогово од Дебар, па на сред чекање да се префрлат од Свињи на Мечки. Тоа во АРМ во 2001 не идеше така, а не пак во Русија. Приказните за корупција во војската и во пониските ешалони, е приказна за мали деца. Русија се спрема за оваа војна 8 години, а можеби и повеќе и сигурно не ја води апансас или on the fly.
Цело ова сценарио им е предвидено, не влегле во војна ко муви без глава. Може и да имале план да направат притисок на Киев, не можам со сигурност да тврдам, па не им успеал. Сигурно е дека не планирале да го завземат со 9К или 30К војска, ниту пак правеле воздушен коридор на Хостмел, тоа на било кој има и малку осет и искуство во војување може да ти го каже. Тоа може во најмала рака да им било блеф, ако не било decoy.
Не лупаат бомби за да го трошат оружјето на НАТО, тоа е секундарна придобивка. Лупаат бомби за да си ги заштитат војниците и да уништат што е можно повеќе жива сила. Лупаат бомби за да го намалат моралот кај непријателот, што всушност ако гледаме на безброј видеа за регрутација и се случува. Прашањето е зошто Украина инсистира на огромни загуби без никакви придобивки. Најскап ресурс во било што, не само војна се човековите ресурси. А како што гледам, во оваа војна Русија итоа како ги пази. Иначе колку за инфо Украина има потрошено 10 годишно производство на џавелини. А интересна работа е што сега почнуваа да излегуваат информации дека џавелините воопшто и не биле ефикасни, колку што се очекувало да бидат. Исто така Украина за еден месец троши артилериска муниција, што на цел запад му треба да се произведе за 1 година. А Русија троши 10 пати повеќе. Да, оружје и муниција се произведува, но на западот ќе му требаат години да се адаптира на ова ниво на производство. Русија моментално штанца 850 модерни тенкови годишно. Додека за Украина е најавено дека ќе добијат 30тина Абрамси следната година. Новите Химарси уште ги чекаат и така натаму. Оваа војна откри многу недостатоци на размонтираната воена индустрија на западот, па така таму кај што си ставил смајли воопшто не му е местото, ако гледаш од западна перпектива.
Ајде кажи ми, каква придобивка имаа од повлекувањето на Русите од Киев, Харков и Керсон? Дали тоа некако се одрази на фронтот и на моменталната ситуација? Ако го анализираш све тоа, ќе сватиш дека апсолутно никаква стратешка придобивка немаат Украинците со тоа, а тоа ќе ти го даде и одговорот зошто Русите толку лесно се повлекле. Прашањето е сега колку ги кошта Бахмут и Угледар Украинците. Имаше видео од Украинци избегани од Бахмут што кажуваат дека животниот век на Украинските регрути во Бахмут е од неколку часа до неколку дена. Ако продолжат со ова темпо, Русија нема да има потреба да мрдне подалеку од Бахмут, а Украина да се предаде.
Све на све, Русија ќе ја добие оваа војна вака или така. И тоа ќе биде огромна придобивка за Русија, дека тоа јасно и гласно ќе го означи деклајнот на западот. Јас не мислам воопшто дека Русија се наместила за оваа војна, туку напротив, западот се намести со мајндестот што исто така и ти го презентираш тука со потценување на Русите до ниво на пародија. Оваа војна ќе биде крајот на доминацијата на западот.